Данок на приход

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Ми текна дека некаде кон февруар секој е должен да пријави и да плати данок на приход. Е сега прашањето ми е што се смета за приход?

Пример, имам трансакциона сметка на која што ми стига плата месечно. Таму знам дека данокот го плаќа фирмата кај што работам, така да немам што да пријавам.

Но, имам и друга трансакциона сметка во друга банка каде шт на времето ми идеше стипендијата. Е сега на таа сметка од време на време знаат од дома да ми уплатат пари (пример да купам нешто за некој, во скопје е 2000 денари поевтино од битола)

Знае некој да ми објасни дали тие уплатени пари се оданочуваат како данок на приход? Не се уплатени од фирма, туку се од физичко лице.
 
Mislam deka na tie pari nemas danok, ama mislam :). Bidejki i jas imav taka smetka za toa so mi bese stignato od firma mi stigna deka ima danok za plakjanje a vaka koa mi ubacuvaat moive pari niso nemalo
 
Плаќаш данок само ако правно лице ти префрли пари по било кој основ.Од трансакциона на физичко лице немаш запирачки.Дај твоите и мене нека ми пратат :icon_lol:
 
Немој чичко ти гвујо да прочита и на тоа данок ќе ти залепи.Додуша веќе и што дишеме плаќаме данок,не би ме изненадило и тоа.
 
Абе јас да си прашам, шо си е сигурно си е сигурно. Да не биди кај прам услуги за ојле - дојлевци па и да плаќам данок...
Нека ти пратат по автобус парите во писмо и ти ќе го пречекаш на автобуска.
 
И шоферот веднаш пресметува процент за услуга од сто денара :)))
 
Нека ти пратат по автобус парите во писмо и ти ќе го пречекаш на автобуска.
Нити имам време да бркам автобуси, нити пак ми се сигурни. Вака уплати на сметка, ќе си ги извадам од банкомат ко ќе можам и ајт.
 
Плаќаш данок само ако правно лице ти префрли пари по било кој основ.Од трансакциона на физичко лице немаш запирачки.Дај твоите и мене нека ми пратат :icon_lol:

и тоа кажи колку е данокот... цели ебани 10%... јас фго јадев една година така... на крај есапот испадна дека да си имам фирма и да си плакам данок за прилив на средства е подобро отколку на трансакциона сметка да ми уплаќаат пари по основ на договор за извршување на дело...

леандра... прашање... дали се плака данок и ако некоја фирма ти даде позајмица на трансакциона? видиш ова не сум го проверил а вадев некои пари на тој основ...
 
леандра... прашање... дали се плака данок и ако некоја фирма ти даде позајмица на трансакциона? видиш ова не сум го проверил а вадев некои пари на тој основ...

На твојата приватна сметка? Ако ти префрлиле од правно лице на твојата приватна трансакциона сметка ќе си платиш данок.А ако мислиш на позајмица ставена на сметка на фирма можеш да ја вадиш кога сакаш и колку сакаш без данок.
 
Е за тоа се загрижив. До сега ми имаат префрлено околу 1000 евра. Шо би значело, ако треба да платам треба да искеширам 100 евра за данок на приход. Кај е многу, кај од тие пари сум немал никаква корист.
 
Од физичко на физичко, нема данок. Од фирма на физичко, ако е по основ на договор на дело 10%.

Мене друго ме интересира. Дали знаете дали оваа година ќе има данок на добивка за фирми, и колку ќе биде (дали ќе биде 10%?).

Ако е така, дај кажете фин начин да се извадат парите од сметка (дали со договори на дело, па да си платиш 10% на тој што му ги уплаќаш, или има начин сам да си префрлам + од платата, нешто како бонус ли, а да има само персонален на тоа?). Пошто 20% е многу ако треба Добивка + Персонален на крај, пошто некако многу трошок доаѓа.
 
На твојата приватна сметка? Ако ти префрлиле од правно лице на твојата приватна трансакциона сметка ќе си платиш данок.А ако мислиш на позајмица ставена на сметка на фирма можеш да ја вадиш кога сакаш и колку сакаш без данок.

мислев вака:

твојата фирма ми дава на мене (физичко лице) позајмица... инаку во меѓувреме добив инфо... физичкото лице кое добило позајмица од некоја фрима, не плаќа данок...
 
^Незнам за таков случај еве од тебе слушам прв пат.
Колку што разговарав со сметководителот оваа година би требало да имаме ослободување на данок на добивка поради кризата,како антикризна мерка.Ама ништо чудно и да остане сон.
 
поише би рекол дека е сон... кај се откажува грујо од гратис народни пари...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom