Цистит - воспаление на мочниот меур

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Циститот е воспаление на мочниот меур. Во најголем дел од случаите тоа воспаление е предизвикано од бактериска инфекција и се смета за инфекција на мочните патишта.
Овој иритирачки проблем најчесто се појавува кај жените, а се лекува со помош на антибиотици. Околу 20-40% од жените добиваат цистит во текот на својот живот.
Посебно циститот се јавува кога се намалува природниот одбрамбен механизам на мочниот канал и на мочниот меур. Естрогените се, според зборовите на австрискиот Prof. Dr. Hademar Bankhofer, заштитници на мочниот меур. Кога студот делува на организмот, се намалува нивото на естрогенот. Тоа значи дека мочниот меур го нема повеќе својот „заштитник“, имунитетот ослабува и се јавува циститот.
Инфекцијата на мочниот меур може да прерасне во сериозен проблем, ако се прошири на бубрезите.

Симптоми

Некои од симптомите кои укажуваат на цистит се:

  • Честа и силна потреба за уринирање;
  • Често уринирање на мало количество урина;
  • Чувство на печење за време на уринирање;
  • Крв во урината;
  • Замаглена урина со силна миризба;
  • Притисок во долниот дел на стомакот.
Ако ги имате овие непријатни симптоми, веднаш одете на консултација со доктор.

Причини за појавата

Бактерии. Инфекциите на мочните патишта се појавуваат кога бактерија ќе достигне до мочните канали и ќе започне да се размножува. Циститот може да се појави и како резултат од сексуален однос, за време на кој бактерија може да навлезе во мочните канали. Во најголем дел од случаите циситот е предизвикан од бактеријата Ешерихија коли.
Иако бактериите се најчестата причина за појавата на цистит, постојат и други фактори кои можат да доведат до непријатниот цистит:
Лекови. Одредени лекови (особено лекови кои се користат за хемотерапија) можат да предизвикаат воспаление на мочниот меур.
Употребата на катетер. Долготрајната употреба на катетер може да доведе до воспаление.
Поголема чувствителност на хемикалии. Некои луѓе се почувствителни кон хемикалиите, кои ги има во производите за интимна нега, па тоа може да се одрази како воспаление.
Друга болест. Циститот може да биде последица од друго заболување како лупус, туберкулоза, кронова болест.

Лекување и совети


Циститот најчесто се лекува со антибиотици. Каков вид на антибиотик треба да примате, зависи од вашето целосно здравје и тоа дали сте алергични на некои антибиотици. Најчесто симптомите исчезнуваат по 3 дена примање на антибиотици.
За да го намалите дискомфортот од непријатните симптоми, можете да ги следите следните совети:

  1. Топло перниче. Понекогаш ако поставите топло перниче на долниот дел од стомакот, тоа може да го намали притисокот на мочниот меур и болката.
  2. Многу течности. Пијте многу течности, но избегнувајте кафе, алкохол и газирани сокови кои содржат кофеин и сок од цитруси, додека не исчезнат симптомите.
  3. Внесувајте витамин Ц. Внесувајте храни кои го содржат овој витамин.
  4. Не консумирајте солена и зачинета храна. Додека се присутни симптомите на цистит, не треба да консумирате зачинета и солена храна.
Превенција

Вие можете да преземете некои мерки, за да се заштитите од циститот:

  1. Пијте многу течности, особено вода. За вашето целосно здравје е многу важно да внесувате доволно течности. Освен вода, консумирајте и сокови. Сокот од боровинки има својство да се бори против инфекциите.
  2. Често уринирајте. Ако почувствувате потреба за уринирање, не ја игнорирајте и веднаш посетете го тоалетот.
  3. Бришете се од напред наназад. Бришете се со тоалетната хартија од напред наназад, за да го спречите пренесувањето на бактерии.
  4. Избегнувајте го лежењето во када. Навистина е релаксирачко лежењето во кадата, но ако сте склони кон инфекции, треба да го избегнувате.
  5. Не употребувајте спрејови и други производи за интимна хигиена. Овие производи можат да го иритираат мочниот меур и слузокожата на мочните патишта.
 
Без да знам имав цистит и играв фудбал.
Почна да боли ме убиваше од болка- ми дадоа на Клиника за смирување трамадол и ме држеше неколку часа.
Откако се напив Цитерал (антибиотик) ми помина за 1 саат отприлика и болката и конечно се измокрив после 3 дена често мокрење .
Инаку боли невидено нешто.
 
Кога сме веќе кај воспаление на мочниот меур, во борба против воспалителни процеси на уринарниот тракт голем успех има покажано брусницата(Vaccinium vitis-idaea). Имам забележано доста практични примери кај лица на кои оваа билка им помогнала.

ngeqe8.jpg

Ретко која билка со своите плодови,како брусницата,која е природен антибиотик го има потврдено својот придонес во здравјето.Нејзините плодови се богати со различни заштитни материи,кои содржат минерали,витамин А,витамин Ц,калиум и растителни влакна.Црвената тврда топчеста форма ја има поради присуство на голема количина на витамин Ц и е со кисел вкус.

Како дејствува брусницата?

Најчеста и најнезгодна бактерија на уринарниот тракт, Е. Коли која се лепи на уринарниот тракт. Но сокот од брусница на некој начин го спречува лепењето на опасните бактерии за уринарниот тракт, така што урината полесно ги исфрла од телото.
Брусницата е антибиотик,а најчесто се користи за лечење на органите за мокрење.Чајот е користен при грчеви на меурот и воспаление на бубрезите,помага кај луѓе што патат од гихт и реума.
И покрај толкуте корисни својства на брусницата, никако немојте да бидете „сами лекари“. Доколку мислите дека имате инфекција на уринарниот тракт (печење,или болки во стомакот како најчести симптоми), секако посетете лекар.Секоја инфекција може да доведе до поозбилни компликации.
Според новите истражувања, некои состојки од брусницата делуваат и на една друга опасна бактерија, одговорна во најголем процент за чир во желудникот -Helicobacter Pylori.

Постојат и други корисни својства на брусницата, но заради темата која се однесува на цистит, истите ќе ги оставам за друга прилика.

Може да се користи како сок, сушени плодови и чај.
 
Јас имам моментално тежок цистит, и ми препишаа цитерал цел месец и контрола после месец ипол. Дали на некој му праеле цистоскопија пред да откријат дека е цистит?
 
Јас имам моментално тежок цистит, и ми препишаа цитерал цел месец и контрола после месец ипол. Дали на некој му праеле цистоскопија пред да откријат дека е цистит?
Не знам зошто толку долг временски период ти препишале да пиеш Цитерал, но јас не сум лекар, нели.
Јас пијам Палин и литри увин чај, ама најдолго терапијата ми трае една недела или само неколку дена. Цистоскопија до сега не ми правеле, иако циститот го добивам секогаш после пиење антибиотици и појавата на глупата кандида од антибиотиците. Или при настинка, пример капење во езеро за Први мај кога и не е така топло :)
Последниот пат пред 3 години, на матичниот лекар и кажав дека имам печење при мокрење, крв при мокрење и чувство дека постојано ти се оди по мала нужда. Таа ми препиша Палин и сега си го знам лекот. Штом ме фатат болки, одма Увин чај (има сега и инстант увин, во прашок како Цедевита, не мора да го чекаш 30 мин. да биде готов) и Палин.
 
Не знам зошто толку долг временски период ти препишале да пиеш Цитерал, но јас не сум лекар, нели.
Јас пијам Палин и литри увин чај, ама најдолго терапијата ми трае една недела или само неколку дена. Цистоскопија до сега не ми правеле, иако циститот го добивам секогаш после пиење антибиотици и појавата на глупата кандида од антибиотиците. Или при настинка, пример капење во езеро за Први мај кога и не е така топло :)
Последниот пат пред 3 години, на матичниот лекар и кажав дека имам печење при мокрење, крв при мокрење и чувство дека постојано ти се оди по мала нужда. Таа ми препиша Палин и сега си го знам лекот. Штом ме фатат болки, одма Увин чај (има сега и инстант увин, во прашок како Цедевита, не мора да го чекаш 30 мин. да биде готов) и Палин.
Јас пиев неколку месеци увин чај редовно или брусница, последниов месец пиев палин ме држеше мн кратко една таблета и океј сум само 2 часа, со 2 таблети океј сум околу 10тина часа, после се е исто...праев денес цистоскопија и затоа сакав да прашам дали некој праел, а зашто цел месец појма неам, првите 10 дена ми се по 2Х1, другите три недели се 1Х1 и доколку имам болки таблети Дорета
 
Јас пиев неколку месеци увин чај редовно или брусница, последниов месец пиев палин ме држеше мн кратко една таблета и океј сум само 2 часа, со 2 таблети океј сум околу 10тина часа, после се е исто...праев денес цистоскопија и затоа сакав да прашам дали некој праел, а зашто цел месец појма неам, првите 10 дена ми се по 2Х1, другите три недели се 1Х1 и доколку имам болки таблети Дорета
Штом Палинот не ти помогнал, значи ептен тешка инфекција е. Кај мене од еден Палин, знае да се среди се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom