Ако човекот природно не е моногамен, дали бракот е лицемерие?

  • Креатор на темата Креатор на темата Liberation
  • Време на започнување Време на започнување
L

Liberation

Гостин
Познавам многу луѓе кои се во брак, а кои отворено говорат дека имаат швалери/швалерки и дека немаат сексуален ексклузивитет во бракот. “Во брак сум 12 години, ама секој ден не се јаде иста манџа“ -коментар на еден од нив.

Неодамна еден мој близок пријател ме праша за совет како да запознае некоја со која би се гледал за секс, ама да биде ептен дискретно. Во брак е веќе 6 години. Имаат две деца и среќен брак, барем така ги перцепирам.

Многумина од луѓето кои ги познавам, иако се веќе во зрели години, воопшто немале врска. Не било природно да се посветиш само на една/еден, при толку многу можности да се биде со повеќе.

Се прашувам: ако човекот, во својата суштина и битие, не е суштество кое може да одолее на секојдневните искушенија, тогаш која е целта на бракот?

Дали стапуваме во брак само затоа што “така треба“ или “за да се има деца“ или “така функционира општеството“... Една моја другарка, коментирајќи искуство од животот дури и рече: “Љубовта и бракот не мора да се една иста работа“.

Кога не би задирале во моногамноста/полигамијата на човекот и би се воделе од фактот дека, ете, многу мажи и жени имаат сексуални и љубовни афери надвор од бракот, го поставувам прашањето: нели е бракот лицемерен во таков случај?

И ако е, тогаш на кој начин човекот може да го отстрани (лицемерието)? На кој начин би требало да се преструктуира општеството, за да потребите на човекот не доаѓаат во судир со “прифатените“ морални норми и правила на однесување?
 
Многу многу луѓе стапуваат во брак само заради тоа што `така треба` и затоа што `тоа е нормално` затоа што и повекето го прават истото, меѓутоа причините за тоа навистина се измешани. Навистина почитувам луѓе кои се во брак од љубов ,од тоа што знаат дека тоа е личноста што сакат да го поминат животот со неа.
Без разлика на тие причини мислам дека секој што го прави тој чекор треба да се запраша тоа ,дали е навистина сигурен ,затоа што такви бракови поради `така треба` некако ми се ептен ...деструктивни. Како ке влијае тоа на децата? На каков пример еден несрекен пар може да ги научи своите деца? Дека во името на тоа што е `правилно` треба да ја жртвуваме нашата среќа? Или да глумиме среќа. Љубовта и бракот треба да се иста работа, љубовта треба да е таа што ке не натера на тој чекор.

Ако една индивидуа не се чувстува во себе како човек за една личност тогаш не треба ни да прави некој работи во кои не е сигурен, особено не поради мислењето на другите.
 
Бракот е природна работа само и само кога две индивидуи силно се сакаат и ги имаат промислено сите работи кои произлегуваат од една таква заедница. Бракот како заедница сам по себе во наши кругови претставува гарантен лист за доживотно партнерство, стабилност и нормалност. Спротивно од тоа што се мисли кај нас, а во својата суштина бракот претставува љубов, почит, разбирање, подршка итн итн... И би требало да се впуштиме во таков заеднички живот кога постојат сите релевантни фактори. Значи не е чекор за кој треба 5минутно размислување, туку претставува долготраен процес исто како и барањето на идеалниот партнер.
Да се вратам на прашањето, доколку човекот не би бил моногамен немало после илјадници години еволуирање на човекот да еволуираме така што моногамијата би ја ставале на прво место пред сите видови на врзување. Е сега секаде има исклучоци, но сметам дека доколку човек не е моногамен по природа не би требало да се впушта во брак. А примерот кој ти го спомна според мене е монотонија. Или избрзан брак или што јас знам.
 
Стапувањето во брак она со таблици и потписи јас лично го гледам само како стратегија за да ги искористам државните бенефиции и ништо повеќе. Воопшто не се сомневам во тоа дека човекот е полигамно суштество, јас со драга волја би попрцал барем 100 на од жеништана што ми се претеруваат по телевизии и во живо, мислам дека и на секој нормален човек барем еднаш им паднало на памет прцање со друга личност.
Единствена пречка се консеквенциите наметнати од општествените табуа
 
Бракот е бизнис.Две странки склучуваат договор дека со заеднички средства и нерви ќе формираат нов живот.Постои почит и подршка.Толку.
За се друго постои швалер/швалерка :)
 
Бракот е бизнис.Две странки склучуваат договор дека со заеднички средства и нерви ќе формираат нов живот.Постои почит и подршка.Толку.
За се друго постои швалер/швалерка :)

Тоа сега стана доминантно...има некои исклучоци каде што бракот функционира,размислува и чувствува како едно....сепак успехот за тоа мислам дека лежи во истрајноста,односно никогаш да не ти здосадат "магичните" зборови и искреното искажувањето на задоволството....
 
Тоа сега стана доминантно...има некои исклучоци каде што бракот функционира,размислува и чувствува како едно....сепак успехот за тоа мислам дека лежи во истрајноста,односно никогаш да не ти здосадат "магичните" зборови и искреното искажувањето на задоволството....

Постојат бракови и без швалерај.Секако дека постојат.И вечни бракови.
 
Тоа сега стана доминантно...има некои исклучоци каде што бракот функционира,размислува и чувствува како едно....сепак успехот за тоа мислам дека лежи во истрајноста,односно никогаш да не ти здосадат "магичните" зборови и искреното искажувањето на задоволството....
Thats the real thing.Ама денес тоа е многу ретко.Дојдоа такви времиња каде се лошото стана добро, белото-црно и се се измеша.Она што порано беше неморал денес е кул, а она што беше културно денес е досадно и смешно.Убавото однесување го користиме само при запознавање или пак на некои свечености каде доаѓа некој кај кого треба да се покажеме добро.Секојдневието е секојдневие...кој те гледа таму...Пцовки на секој трет збор, добар ден само на газдата, шефот, професорот и ретко кој друг....Љубовта е измислена за бесплатен секс или така некако беше...Старите начини за заведување на девојка не важат повеќе...фејсбукот завршува голем дел од работата....Се на се ЛОШОООООООООО...бракот не е интересен повеќе бе луѓе.Ова е време на можности.Можеш да бираш се и сешто.Сите можности ти се отворени.Зашто би бил се една ФРАЕРОТ кога може да има повеќе?Луѓето сеуште стапуваат во брак затоа што сеуште не се изумрени тие традиции да се основа семејство, да се има деца...За 10-15 години или нешто повеќе кога тие генерации ке го отстапат своето место во општеството на помладите и бракот ке го изгуби своето значење тогаш.Наскоро нема да биде важно...Сега живееме во време кога се случува пресвртот и кога работите полека се претопуваат...целото општество во кое живееме е само нечија лоша идеја и замисла и очигледно немало доволно паметен тогаш да се спротистави на тоа и сега ние ја плаќаме цената...
 
Во денешно време моралните вредности се искривени, и луѓе не знаат за граници па така и бракот не е како што бил порано.
 
бракот е света работа,само кој колку е свесен за таа работа.....
 
Кога не би задирале во моногамноста/полигамијата на човекот и би се воделе од фактот дека, ете, многу мажи и жени имаат сексуални и љубовни афери надвор од бракот, го поставувам прашањето: нели е бракот лицемерен во таков случај?
Воопшто. Бракот според википедија (не знаев напамет дефиницијата :)) е законска заедница
Бракот претставува заедница на две или повеќе лица од различен пол и како таква претставува основа за градење на семејство. Мажите во бракот уште се нарекуваат и сопруг, а жените сопруга.
Бракот може да биде доброволен - кога брачните партнери сами, по своја волја се решаваат да ја формираат заедницата, или договорен - по налог на други лица, најчесто родителите на брачните партнери или поширокиот семеен круг, семејниот старешина, племенскиот старешина и тн.

Е света работа, дадена/благословена од Бога, света заедница на маж и жена. Се заветувам пред Бога дека....

Нешто кое треба да се чува и негува, инвестира и дава...не е еднаш засекогаш даден, но е подложен на промени. Оние кои сметаат дека ќе се венчаат и толку...тие грешат па често проблемите се неизбежни. Тоа би било исто како цвеќето кое ќе го посадиме и сметаме дека без негување, кастрење, ѓубрење и полевање, ќе израсне и расцвета -погрешно. Исто како кога ќе запалиме оган, сметаме дека не му треба ништо друго -му треба...додавање гориво, кислород...

А што правиме со лицемерието пред бракот? Или тогаш не постои морал и лицемерие? Човекот дали не е моногамен природно...тоа не можеме да го заклучиме така едноставно, но сметам дека е. Во одреден момент може да сака само едно лице, а љубовта кон повеќе истовремено не е љубов туку искажување надмоќ, потенција, самодокажување (или слични пориви), петел меѓу кокошките :)
 
За ова читав едно истражување неодамна,

во кое се велеше дека моногамијата оди правопропорционално со степенот на интелегенција, имено колку повисок степен на интелегенција има една индивидуа толку е посклона кон моногамен живот, исто така промискуитетниот ген така да го наречам бил наследен и ова го имам читано исто како што е наследен и степенот на интелегенција :)

неможеме ништо против нашите пориви и генетски код, што сме наследиле од нашите предци тоа ќе ни биде:)
 
Се сеќавам на постовите на една девојка овде на форум.Беше мажена и секоја тема ја користеше да докаже колку е убаво да си во брак,колку е среќна,колку мажот ја разбирал,ја сакал....Пред некое време прочитав дека ја оставил за друга и дека е во процес на развод.
Значи без разлика колку сме ние моногамни и колку сакаме да прикажеме дека бракот и нашиот избраник се совршени,секогаш постои 50% можност дека другата страна не размислува како нас.Затоа бракот како институција треба да се минимизира од проста причина што е чиста фарса пред очите на јавноста.Чиста бламажа кога некој се мава од земја колку одлично му функционира бракот,а жена му се „дружи“ со колегите,идејќи дома „уморна“ од работа.Најлоша работа е што сопружникот секогаш последен дознава :)
 
точно така,постои 50% можност бракот да не биде како што треба или можеби така треба да биде ?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom