Клик клак

  • Креатор на темата Креатор на темата \m/arko
  • Време на започнување Време на започнување
Додека чекав во МВР за пасошот едно циганче 2 саата не прекина да штрака, кога ќе му ја здрвев една..
 
Да бе стварно, баш деновиве и јас коментирав на клик-клакот му се вратила модата.
Посебно ме израдува едно дете викендов кога ме разбуди во 9 саат со прекрасниот продорен звук, а приметив дека и низ цел град само штрака од негде...
Ај и тоа ќе пројде за месец -два...
 
Да бе лупаат децава кај мене у маало,и се навратив на раното детство пред некои добри 14-15 год. кога за прв пат беа во мода.
И ги прашувам од кај оваа шема викаат у новото Веро почнале први да продаваат и после и низ локалниве продавници,пазари.
Ако не тропаат,тоа се вика дружба и детска игра. Ние на времето ракатачи ги викавме,и најфраер беше оној кој што може да ги тропа позади глава наопчки :) Имаше легенди лупаа по пола саат и повеќе.
 
Ко да се враќа пак во мода најнапорната играчка :Р
 
Овие па на фејсбук одма група направиле против ова, 2000+ членови ццц... поарно нека тропаат отколку на фб :)
 
Се нервирам само што имам дебели прсти па понекогаш ми се заглавува прстот за тоа кругот хаха.
 
Порано коа лупавме ко деца, памтам мода беше да се сменуваш со топчињата, да ти бидат во различна боја.
Па, да не сака некој да се менуваме, јас имам темно плави.:)
 
Ко мала имав такви, ама никад посебно не ме бивало. Интересни ми беа, ама не можев многу долго да ги ’вртам’ или како и да е глаголот за управување со клик клак. :)

клик-клакување????

Инаку одамна ги немам видено топчињава, како мал дома главата тапан им ја правев на моиве по дома :)
 
Порано коа лупавме ко деца, памтам мода беше да се сменуваш со топчињата, да ти бидат во различна боја.
Па, да не сака некој да се менуваме, јас имам темно плави.:)

Кај мене во маало фраери беа децата што ќе успееја на жиците на бандера горе да го закачат клик клакот :pos:
 
Eeeeeeeee ме вративте 10 години назад :) Сега додуша немам приметено дека пак се во мода.
Иначе кај нас во Прилеп, штракала ги викавме :) И најубај беа едни од слонова коска шо ги викавме :)
Иначе ако ви се верува, се кладев дека че тропам 30 мин без престан, за 30 житони на флипери :) А бе раката ми падна, ама после маме ебав, сите можни флипери ги отпревртив :)
 
Поседувам, додуша не баш, пошто ми го има скриено мајка ми, ама секогаш кога го наоѓам е опасно по живот. Ненормален ќеф е кога тропаш, кога ќе завлезам во втора минута на рафално штракање осеќам некоја чудна моќ.
Мило ми е што е вратен во мода. Би препорачал тропање во ќенеф на шоља( делува малоумно, знам) ама звукот што искача ради плочките е ЕПИК!!
 
Се вратија у мода и кај мене низ маало... ако де,нека штракаат... не ми пречи... гледам почнале и по жиците од бандерите да ги закачуваат...
 
Кај мене во маало фраери беа децата што ќе успееја на жиците на бандера горе да го закачат клик клакот :pos:

Леле хаха и кај нас истото...па памтам тогаш жиците се со ракатачи беа...и со години некои остануваа на жиците.

Иначе јас имам еден пар ракатачи ги чувам од детството...плави се :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom