Останатите чаши и филџани.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Значи темата е за останатите чаши и филџани, односно за се друго од цел прибор што останало здраво. Што му правите на нив, ги чувате да се најдат, ги донирате, ги носите на викендица или едноставно во канта па во контејнер.
Можеби и како украси за во витрина ви стојат врз плетениците кои се перат еднаш годишно пред велигден?
Ајде да видиме кој како менаџира со оваа работа.
 
Од сега ке ги носиме на доручеци на камени мост пензионериве да има шо да си носат дома
 
На мојата "спретна" рака не и` бегаат два комплети годишно.
Така што не стигнувам да ги донирам или да ги оставам за украс.
Се` тоа оди во трапав(а)ленд. :)
 
Обично не ни останувале. Ќе се искршат две три, на другите ќе им ги пукнеме рачките и цел комплет во ѓубре.
 
Ги чуваме за специјални пригоди и семејни прослави. Инаку јас сум приврзан за две чаши и една шолја. Се` додека тие ми се здрави добро е, ама ако ми ги скрши некој, ќе летаат мајки-шајки и се` по список.
 
Ни ја красат дневната соба т.е. внимателно се одберени и редени од страна на мајка ми во витрини (не се баш витрини туку сталажи нешо со стакло ) и тие се за само кога има некоја голема слава :tapp:
 
Ја само гледам да фрлам нешто... а мајка ми само прибира нешто во витрина...
ваков порцелан.. наков.. танки чаши.. дебели чаши.. високи чаши.. ниски чаши...

"Можеби и како украси за во витрина ви стојат врз плетениците кои се перат еднаш годишно пред велигден?"
е браво за тие "домаќинки" шо ги перат само еднаш годишно..
кај нас секој месец се вади тоа срање погоре шо го набројав и детално се мие чисти ...
 
Ретко остануваат :pos: Секогаш знам да и расипам некој сервис на мајка ми.
И една чаша по една отиде цел сервис :)
 
Не сум манијак за сервиси и кујнско-трпезариска стилистика. Сега кога ќе размислам, немам ни еден комплетен сервис. Ги користам „останатите“ чаши и филџани до последњег даха. Ако пијат кафе/сок двајца од нас или од гостите ги користам останатите двојки. Ако пијат тројца, вадам тројка, итн. Ако се многу пијачи, комбинирам: поженскиот дизајн за нежниот пол, помашкиот за посилниот пол и така. Не чувствувам потреба од сервис за 18 особи за некоја слава што се случува еднаш во годината.
Ич не сум домаќинка :P
 
Пошто јас сум „домаќинот“ во куќата, такви работи привремено летаат во подрум, евентуално во шпајз, секако дека имам некои филџани кои ми се прираснати за срце,тие ги чувам и уште ги користам. Никогаш немам фрлено здрав филџан или чаша секогаш се наоѓа некој на кој му се потребни, де за викендица, де мајка ми ќе однесе на работа и така. Ретко кршам прибор, али моиве по дома и за мене го прават тоа.
Чаши, филџани во ветрина ретко, плетеници никако, сепак се држиме и до традицијата тук-таму ќе се најде по некое, не за џабе ги плела баба ми. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom