Boardwalk Empire

  • Креатор на темата Креатор на темата Silvio
  • Време на започнување Време на започнување

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
312
Поени од реакции
167
Локација
Скопје
Новата серија на HBO која започнува со емитување вечерва во 9 часот по некое америчко време, така да кај нас ке биде достапна доцна навечер или најубаво утре.
Значи серијава е креирана од Теренс Винтер добитникот на Еми награда за легендарната The Sopranos. Прсти има замешано и Martin Scorsese што ни кажува од кој калибар ке биде серијата.
Приказната е во времето на транзиција во САД во која главен лик е Steve Buscemi како Enoch "Nucky" Thompson. Тој е политичар и поврзан со огранизираниот криминал. Во серијата се појавуваат и ликови како Ал Капоне и Лаки Лучијано.
Од мене толку за серијава, можете да погледнете на линкови и официјалната страна на HBO за повеќе инфо. И погледнете ја првата епизода и сите да видиме дали вреди серијава колку Сопранови


http://en.wikipedia.org/wiki/Boardwalk_Empire
http://www.hbo.com/boardwalk-empire

И погледнете го трејлерот:

 
The series has received universal acclaim. Review aggregate Metacritic awarded the series a score of 90 out of 100, based on 24 reviews, indicating Universal Acclaim.

Требит да се провери. :D
 
Мене доволно ми беше споредбата со The Sopranos. Па и Scorsesе..
Прегледав и трејлерот, засега ми е во план да ја пратам.
Инаку уште ја нема првата епизода низ торентиве..

--- надополнето ---

Доста интересен беше пилотот. Премногу е нашминкана за мене иначе, ама се гледа дека премногу труд има вложено.
Не очекува изгледа квалитетна серија.
 
Прва епизода

Првата епизода била емитувана вчера вечерта во Америка. Епизодата е пуштена по торенти и можете да ја најдете на Piratebay од членот EZTV. Има околу 11000 сидери и личери, симнете ја па да видиме дали ке биде ремек дело. Поздрав
 
images



Steve Buscemi! OMFG! Да ми кажеше некој пред пилотов, он да глуми ваква улога, ке му речев да се врати да гледа Ангели.


Одличен пилот а би требало и старт на одлична серија. Трудот е и тоа како приметлив. Одличен избор на актери. Можности за огромни заплети. Но (секогаш има но) сепак пилот си е пилот. Ке видиме како ке се развива серијава во следните епизоди...
 
Добива зелено светло од мене.
Иначе најновата новост е што серијава веќе е обновена за втора сезона.

Ми се допадна многу пилотот. Цела таа музика, костимографијата и интересната приказна околу мафијата во тоа време, алкохолот, проституцијата и слично ја обожавам.

Секоја чест HBO.
 
2 Епизода

Во неделата излезе и втора епизода од првата сезона под наслов "The Ivory Tower".
Понуди нешто поише од првата и почна да задава насоки кон кој правец ке се движи текот на серијата. Ветува доста серијава, сега за кој како. Кој е заинтересиран за таков стил на серии , но сепак квалитетот е и повеќе од тоа, секој би можел да ја гледа. Само кај нас после трендот со Турските серии сите останати серии не се вредни да се гледаат според народов наш македонски.
 
Ја симнав третата епизода, сеа ќе ја гледам... Првите две ми се допаднаа, особено првата кога
му ја разнесоа главата со шатган на оној и коа го убија Биг Џим кај грамофонот.
Брутални сцени :)
 
4 та епизода онлајн. Инаку да - најавена е и втора сезона што значи дека има гледачи оваа нова серија и да се надеваме дека ке ни понудат нешто ново и нешто што ке ја одвои оваа серија од останатите филмови за тоа време - Prohibition era. Сега за сега серијата е доста солидна - костими, глума, сценарио, замисла и слично , само сепак мислам дека треба да пројави нешто повеќе од останатите филмови за тоа време. Тоа е времето и тоа е причата- забранет алкохол, јавни куќи и убави одела , само се надевам дека нешто повеќе ке ни се прикаже со серијава.... останува да видиме а дотогаш да коментираме. Поздрав
 
Ја гледав првата епизода и сега ќе ја гледам втората коментар после десеттата.
 
Последната eпизода беше одлична. Едвај ја чекам новата сезона...
5:22 :D
 
Слаба дискусија околу серијава која е инаку одлична. Приказна, глума, продукција на високо ниво. Приказната е инаку делумно вистинита но нормално заради серијата има и измислени приказни. Како и да е сенаторите, Нуки и мн други се ликови кои навистина постоеле. НВО навистина не знае да промаши.
Многу би сакал да видам некоја СиФи серија продуцирана од HBO.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom