Колоноскопија - Ендоскопски дијагностички методи

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Колонoскопијата се применува за испитување на слузницата на дебелото црево, за отстранување на полипи во дебелото црево (мали, бенигни тумори), за земање примероци, биопсија на дебелото црево и друго.

Колонoскопијата е најсигурниот, најдеталниот преглед на дебелото цревo и со овој преглед можат да се утврдат и почетни абнормалности и болести во најраните фази. Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од иригографијата и може да го открие карциномот на дебелото црево уште во неговите рани, почетни стадиуми.

Подготовка на пациентот

Пред да се изведе колоноскопијата, на пациентот му се даваат упатства. Така, пациентот не смее ништо да јаде и да пие 6 часа пред колоноскопијата. Пациентот треба
да престане да зема лекови кои го зголемуваат ризикот од крварење, како што се на пример аспиринот и нестероидните антиинфламаторни лекови, неколку дена пред изведувањето на колоноскопијата. Исто така, пред изведувањето на процедурата, на пациентот му се дава средство за прочистување, лаксатив со што се чисти дебелото црево. Дебелото црево треба да е потполно испразнето, бидејќи, во спротивно, колоноскопијата не е можно да се изведе. Иако самиот преглед е непријатен за
пациентот, сепак е релативно безбеден. Доколку пациентот има тешка срцева, белодробна или бубрежна болест треба за тоа да го информира лекарот.

Изведба на колоноскопија

Долга, тенка свитлива цевка се спроведува преку анусот (чмарот) до дебелото црево. Ова обично трае околу 15 минути и се изведува со интравенска седација. Алергиска реакцијата кон лековите за смирување е релативно ретка. Колонoскопијата се изведува во болнички услови како амбулантска процедура (т.е
пациентот не се хоспитализира).Ја изведува лекар-специјалист, кој е посебно обучен за изведување на оваа процедура. Друга, понова опција е виртуелна колоноскопија со компјутерска томографија (КT). Таа
дава уште попрецизен преглед на слузницата на дебелото црево, по целата негова должина.

Компликации

Колоноскопијата и полипектомијата (отстранување на полипи) се многу безбедни методи и сериозните компликации се многу ретки.

Како компликации може да се јават:
  • алергиска реакција кон лековите кои се користат за смирување,
  • перфорација (пробивање) на ѕидот на дебелото црево (еднаш на 2000-5000 интервенции),
  • крварење-најчесто при полипектомија (еднаш на 300-500 интервенции),
  • инфекција на дебелото црево или на други органи,
  • срцев удар, срцев застој, проблеми со дишењето (многу ретко).
Се преземаат сите мерки за да се минимизира ризикот од комликации. Постојат начини за рано откривање и следење на појавата на овие компликации. Многу ретко може да се јави потреба од хоспитализација, хируршка операција, хранење преку инфузија или трансфузија на крв.

Посебни мерки на претпазливост се преземаат доколку пациентот:
  • има тешка срцева, белодробна или бубрежна болест,
  • има шеќерна болест,
  • има намален имунитет,
  • прима хемотерапија,
  • има заболување на срцевите залистоци, пејсмејкер,
  • многу лесно крвари или зема лекови против згрутчување на крвта како на пример аспирин или други лекови,
  • има алергија кон лекови,
  • доколку е пациентката бремена, или постои сомневање на бременост.

Биопсија при колоноскопија

Доколку при колоноскопијата се види сомнителна промена на слузницата на дебелото црево, може да се земе парче од таа промена (да се земе биопсија) и да се испрати на патохистолошки преглед. Патологот, испитувајќи го под микроскоп земениот материјал при биопсијата, ќе ја постави дефинитивната хистолошка дијагноза за карцином на дебелото црево. Истовремено, патологот го одредува и степенот на диференцираноста (градус) на туморот.

http://www.rak.mk/index.php?option=...5-kolonoskopija&catid=382-proceduri&Itemid=73
 
Дали е нормално следново. Правев пред два дена колоноскопија со анастезија. Дента немав апсолутно никакви болки,ниту пак гасови.Како да не сум имала преглед. Од вчера сабајле,а еве и денес во долниот дел на стомакот(лево о десно ,кај јајниците) чуствувам како бодежи некои. Како да сум имала операција. И на допир дури надворешно чуствувам како да притискам на рана,како на имам сечено тука па зарасната рана кога боли уште. Дали е тоа последица од гасови, дали е нормално ваква болка и после два дена? Кога давам нап,тогаш осеќам повеќе. А пред колоноскопијата немав такво чуство
Те имаат повредено, за жал тоа е кога прават нестручни лица или грубо те изгребале одвнатре, сега моли Бога да ти зарасне, читав неодамна за еден пеач Британски кој што искрварел опасно после оваква процедура, колоноскопија, едвај го спасиле, памет следен пат, не се подложувај на непотребни процедури и потфати без вистински потребна причина.
... последиците од колоноскопија се чувствуваат веднаш после процедурата,Bile1984 не спомнува ниту крварење, ниту болки после три, четири сати после колоноскопија ај да речеме дека сеуште под трагови на анестезијата, но многу е важна припремата за колоноскопја, специјална исхрана (без житарици и семиња) пет дена пред процедурата и други совети, еве едно добро објаснување:

...инаку при самата процедура влегувањето на тенка цевка со камера низ дебелото црево и тенките црева се внесува и воздух да се „отворат“ цревата за да може да се гледа тоа што треба да се гледа, во самата процедура доколку има полипи на тој пат автоматски се острануваат, а можно и да се земе примерок од клетките,

...додека трае анестезијата тоа ништо пациентот нема да почувствува, ама потоа секој индивидуално има по некоја реакција од болки од тие гасови или остранети полипи што мора да биде напишано во извештајот на колоноскопија, така да Bile1984 може да прочита ако воопшто и го имаат дадено резултатот, ако не, мора да и’ кажат усно околу остранетите полипи, а не дека ја „имаат повредено“ не ја плаши, а може таа е во фаза на предменструални денови и болките се од сосема друга природа, а не од колоноскопја, како и да е, до денес треба да биде Ок.
 
Најверојатно од анестезијата нема почувствувано баш веднаш после процедурата, инаку и перфорација е една можна несакана појава кога се изведува колоноскопија. Нека и е со лесно.
 
Колоноскопија

Doc. dr Velimir Marković од Хирушка клиника КС Србија за значењето на колоноскопскиот преглед на дебело црево и негово лично мислење за извршување на самата процедура без анестезија.

Поткаст за кои би биле кандидати за дијагностичката процедура Колоноскопија - Prim.dr sc.med. Aleksandar Knežević (гастроентеролог и хепатолог).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom