- Член од
- 30 декември 2005
- Мислења
- 1.190
- Поени од реакции
- 5
Десетина затвореници од затворот "Идризово", посакале Северина да ги посети во затворот, за време на нејзиното вчерашно гостување во Скопје, дознаваме од наши извори. Фановите на хрватската евровизиска преставничка од КПУ "Идризово" се спремале да поднесат барање до директорот на затворот да се видат со Северина, но во последен момент ги пишманил дежурниот полицаец, па нивната желба не стасала до неа. Полицаецот ги премислил мислејќи дека директорот нема да им ја одобри молбата.
Портпаролката на Јовица Стојановиќ, директорот на затворот ни изјави дека тој не добил никакво барање од затворениците. Директорот Стојановиќ не би имал ништо против Севе да гостува во затворот, доколку посетата биде од хуманитарни причини.
Хрватската sвезда на скопскиот аеродром долета вчера попладне, со редовен лет од Загреб. Од "Петровец" до хотелот "Континентал", си замина со мерцедес комбе, во придружба на менаџерот на Елена Ристеска, Иво Јанковски, и шефицата на македонската евровизиска делегација Анета Андонова. За добредојде во Скопје, и подарија букет направен од чоколадните бонбони на "Краш" "гријоте". Севе од Скопје одлета за Франкфурт, Скопје рано утрово. За македонската јавност, ја разубавија скопски шминкер и фризер.
Во хотелот "Континетал", одржа прес конференција, како дел од предевровизиското лобирање за песната "Моја штикла", што ќе ја испее на "Евросонг" во Атина на 20 мај. На прашањето од која земја се надева на 12 поени, таа вели:
- Не можам однапред да се надевам на ништо. Верувам дека сите луѓе од Европа ќе гласаат со своето срце и по својот вкус". И по негативните реакции од хрватската јавност дека "Штикла" е лоша фолк песна, Северина упорно вели дека песната е супер.
- Песната е моја, исто како мое дете. Кога ме прашувате дали песната ми е добра, исто како да ме прашувате дали детето ми е добро. Па нормално е дека секоја мајка ќе си го пофали своето дете".
Последниве месеци, во хрватските медиуми Северина (34) изјавува дека сака да има деца, и ако наскоро не роди, ќе посвои. Од пред три месеци, актуелна е по врската со осум години помладиот загребски економист Мате Чуљак. Севе и Мате веќе не ја кријат љубовта од јавноста, и заедно ја прославуваа нејзината победа на хрватскиот избор за "Евровизија" во Опатија.
Ја прашавме дали во некоја нејзина фантазија Мате би можел да биде татко на нејзините деца. Збунета, Северина ни рече дека и е непријатно да зборува за тоа.
Откако заврши скандалот со украдениот порно филм, и по објавувањето на новиот албум "Севергрин", хрватските и словенечките весници ја избра за најсекси жена. Северина се покажа и како добра театарска глумица во мјузиклот "Каролина ријечка", монодрамата "Чекајќи го својот човек", и најновата улога: бароницата Кастели во претставата "Глембаеви". Во монодрамата, Севе глуми налудничава шанкерка. Во едно интервју отворено признава дека пред многу години, во Дубровник работела како замена на пријателката шанкерка, за дневница од неполни три евра. Поради обврските со кариерата, Северина се уште го нема положено матурскиот испит.
http://www.idividi.com.mk