Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Не мислам дека е толку голема разлика. Не е дете не го рамни со некој 15-16 год.

Да ќе си направи филм, ама ист филм ќе си направи секое машко независно од годините ако осети дека ти му се пушташ, такви сме ;)

Ќе си помисли тоа што мислиш ама до тебе е да му ставиш на знаење што ти мислиш. Ете постара си.

Јас само ќе ти кажам ако не преземеш нешто еден ден сигурно ќе се каеш. Пробај па ако биде биде ако не бар знаеш си дала се од себе
Фaлa многу сегa имaм повеќе хрaброст, овa многу ми значи и ми помогнa.
 
Ми се допаѓа еден дечко кој е многу помлад од мене. Всушност го имам видено само два пати... Е леле колку е сладок не можам да опишам. Не знаев како се викат денес го најдов на фејсбук преку заеднички пријатели. И како што претпоставував многу е помлад од мене. Јас имам 22 тој 18 :)
Од моето место е, чудно што го немав видено до сега сигурно живее во странство оти на сликите има коментирано италијански.
Тој е најубавиот дечко што го имам видено во животов.
Нормално ли е да ми се свиѓа со оглед на тоа што е многу помлад од мене ? И мислите можам ли да излезам со него ?
Јас мислам ќе биде многу глупаво, дека ќе се однесува ко дете а можеби ќе помисли чим излегол со постара можи ќе добие секс. Дали ќе ме покане да се видиме тоа 100% е сигурно, не се замарам со тоа друго ме мачи.
Фала на секој совет :LOL::love:

Баба ми била постара од дедо ми кога се зимале + 3 год. Па се земале..тоа било негде 1953-ќа..А ти у 21 век му се мислиш.
 
Сакав да кажам кој знае што ќе помисли за мене оти сум многу постара од него. Може ќе ме смета за прелесна и ќе сака само секс. Јас само си реков а не мора да значи.
И зарем 4 години не се многу ? Тој е уште многу млад да не речам дете :)
Па не му давај едно година дена ништо, ако остани со тебе ќе знаеш дека е од љубов.
 
Така, ама гледај што внук имаат. Да се помисли човек дали да земе постара жена.

:pos:

Се заебавам Цитро, јас ако земам постара жена ќе треба да размислувам парцела да и купам во Бутел...

:icon_lol::icon_lol:
 
Не си ваљда толку стар :cautious: Или по баби си :LOL:
 
Сакав да кажам кој знае што ќе помисли за мене оти сум многу постара од него. Може ќе ме смета за прелесна и ќе сака само секс. Јас само си реков а не мора да значи.
И зарем 4 години не се многу ? Тој е уште многу млад да не речам дете :)

Ја мислам дека 4 години разлика се многу. У ствари, самата ќе си видиш после првиот муабет :sneaky:
 
Ми се допаѓа еден дечко кој е многу помлад од мене. Всушност го имам видено само два пати... Е леле колку е сладок не можам да опишам. Не знаев како се викат денес го најдов на фејсбук преку заеднички пријатели. И како што претпоставував многу е помлад од мене. Јас имам 22 тој 18 :)
Од моето место е, чудно што го немав видено до сега сигурно живее во странство оти на сликите има коментирано италијански.
Тој е најубавиот дечко што го имам видено во животов.
Нормално ли е да ми се свиѓа со оглед на тоа што е многу помлад од мене ? И мислите можам ли да излезам со него ?
Јас мислам ќе биде многу глупаво, дека ќе се однесува ко дете а можеби ќе помисли чим излегол со постара можи ќе добие секс. Дали ќе ме покане да се видиме тоа 100% е сигурно, не се замарам со тоа друго ме мачи.
Фала на секој совет :LOL::love:

Болд: Мојот маж кажува дека тоа е сон на секој млад мажјак!
Тој нема да мисли дека си лесна, само ќе сака секс.

FARANG
Разликата меѓу девојка 22 и машко 18 е огромна, барем така беше едно време.
 
Болд: Мојот маж кажува дека тоа е сон на секој млад мажјак!
А ти то очекуваш од него?
Ова е многу точно.
Инаку не е важно дали на 18 годишниот таа што е постара му дала или не. Тоа воопшто не е важно. Најбитно е да го видат другарите со неа за да е главен фраер кој успеал да фати постара.
Па таа после еден ден ако сака нека му удри корпа. Битно е да го видат другарите со неа.
 
Ова е многу точно.
Инаку не е важно дали на 18 годишниот таа што е постара му дала или не. Тоа воопшто не е важно. Најбитно е да го видат другарите со неа за да е главен фраер кој успеал да фати постара.

Нели? Штом ја прошета исто како да ја легнал :)
--- надополнето: 25 октомври 2012 во 22:51 ---
Па не му давај едно година дена ништо, ако остани со тебе ќе знаеш дека е од љубов.

:pos::pos:
Многу си суров!
 
Нели? Штом ја прошета исто како да ја легнал :)
Така некако.
Дали ја легнал или не не може никој да знае, тоа нема никој да го види, он може фино лепо да ги излаже другарите (а за таа работа нема машко кое не ги излажало другарите дека легнал некоја ).:) А и да не ги излаже ако се некое време заедно они сами ќе си претпостават дека ја легнал не мора ништо да им рече.
Битното е дека он е фраер и на 18 години може да е со постара и (убава) девојка.
 
Ми се допаѓа еден дечко кој е многу помлад од мене. Всушност го имам видено само два пати... Е леле колку е сладок не можам да опишам. Не знаев како се викат денес го најдов на фејсбук преку заеднички пријатели. И како што претпоставував многу е помлад од мене. Јас имам 22 тој 18 :)
Од моето место е, чудно што го немав видено до сега сигурно живее во странство оти на сликите има коментирано италијански.
Тој е најубавиот дечко што го имам видено во животов.
Нормално ли е да ми се свиѓа со оглед на тоа што е многу помлад од мене ? И мислите можам ли да излезам со него ?
Јас мислам ќе биде многу глупаво, дека ќе се однесува ко дете а можеби ќе помисли чим излегол со постара можи ќе добие секс. Дали ќе ме покане да се видиме тоа 100% е сигурно, не се замарам со тоа друго ме мачи.
Фала на секој совет :LOL::love:

Ти се свиѓа зашто е наубавиот што го имаш видено во животот... Т.е. во 22 години од животот.

Ниту е прв, ниту е последен, а секако не е најубав. Тебе најубавите допрва ти следат. Но за да ги достигнеш, мора да поминеш преку некои што не се до толку убави, како овој 18-годишниов.

Да, овој 18-годишниов не е за тебе. Не е доволно зрел и ќе сака да се мувате и сексате, како и секое машко што тоа го сака при прв поглед на секое женско. Добрата работа е што и ти не си најзрела со твоите 22 години, па и ти имаш време да истражуваш. Типов делува како добар за истражување, па може слободно да му се пуштиш.

А кој знае, можеби заедно ќе созреете? Тоа се приказни за многу подоцна, но сепак потребен е првиот чекор. А ти сакаш да го направиш, па направи го. Викни го да излезете.

И кога ќе дојде момент да ти побара секс, имајте. Подобро ќе биде и за двајцата.

Само немој да излезете и да го држиш без секс. Откако ќе те видат сите со него, ќе почнат и постари да ти се пуштаат и многу е можно дека тој нема да може да те задржи пред нивниот налет (со пари, поголеми достигнувања и искуство итн). Тоа е своевидниот ризик кога си со помлад и понеискусен тип: не е на твое рамниште и мора да се грижиш и за неговото созревање, покрај само твоето сопствено. Многу девојки така „смотуваат“ помали машки и потоа се префрлаат на други, а помаливе остануваат со скршени срца и сплескана самопочит. Биди фер кон типов - ако се фаќаш со него, оди до крај.

Поздрав и со лесно.
 
Ја мислам дека 4 години разлика се многу. У ствари, самата ќе си видиш после првиот муабет :sneaky:

Не е секогаш така, остај ја нека види за себе.
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 08:46 ---
Мирјам од Магдала

Колку е за тебе во ред? До 2 години? Годините немаат веза, зависи колку е зрел човекот. Самиот факт што дечкото најверојатно е во странство, излегог надвор да стурира/работи и се осамостоил го прави каде каде позрел него цела багра луге од моја генерација што се 15 год плус постари од него.
 
FARANG

За мене никако не помлад! Ни 2 месеца.
Точно е дека годините немаат веза, ама кога некој е 18, а девојката е 22 имаат. Кога таа ќе биде 32, а тој 28, е тогаш би немало разлика, ама вака, не знам.
Ти си исклучок.. На маживе на Балканот тешко им се отвораат очите. Гледаш дека повеќето дечки за жена ќе си бараат невина девојка. :)
 
ОК, секој има право на свое мислење. Незнам само зошто така си се лимитирате наместо да гледате да уживате и да сте среќни.
 
Па сите имаме типови што повеќе не привлекуваат. Тебе на пример те привлекуваат Азијатки ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom