Димитрис Друцас веќе е министер за надворешни работи на Грција, јавуваат грчките медиуми. Друцас досега беше алтернативен министер за надворешни работи, додека должноста официално ја обавуваше премиериот Јоргос Папандреу. Со стапувањето на власт Папандреу ја презеде должноста со цел да даде сигнал, дека надворешната политика е важен сегмент од неговото владеење. Вчера Папандреу направи нови промени во својот кабинет. Промените не се само во однос на членовите на владата, а и во структурата. Јанис Рангусис е назначен за кординатор во владата и министер за внатрешни работи.
http://www.efakt.info/?p=2408
http://www.efakt.info/?p=2408