Сте правеле ли некогаш минивал фризура? На времето била доста популарна, а и денес е но најчесто кај бабите Се прави така што на косата се редат витлери кои се натопени со киселина, откако ќе се извадат косата е извиткана и останува таква во наредните неколку месеци.Негативна страна е тоа што киселината ја гори косата и минивалот не може да го прават девојки кои имаат офарбана коса која веќе сама по себе е оштетена...Но постои и овошна киселина која не ја оштетува косата, но и има послаб ефект и минивалот со неа трае пократко Јас имам брановидна коса и веќе ми е смачена па затоа решив да си направам минивал и да внесам малку промена во изгледот Можете ли да ми препорачате некое фризерско студио каде што употребуваат овошна киселина и да споделите ваши искуства:smir:
Направив, втора средно мислам дека беше. Имав огромна долга коса, и најпрвин бев воодушевена. Но, освен што ми беше изгорена, финтата беше што ми остана виткана косата. И сега се напињам, пошто не мислев дека ќе ми остане виткана - поентата беше на само одреден период.
Не грижи се, каде и да отидеш денес киселините се поинакви од порано и не ја оштетуваат толку косата.
Инаку и јас се мислам да направам некоја промена со косата, или мини вал. Целосно ми се изгуби формата, ама тешко ќе ја прежалам ако ми се оштети, затоа што ја пораснав доволно долга, па се мислам помеѓу обично степенасто потшишување или ова. Бидејќи немам густа коса не знам како ќе ми стои. Не дека не сум ја навиткала, но многу сум пребирлива за косата
Сепак, ако правиш мини вал, а имаш долга коса нема да ти испадне онака со апла афро ефект како на сликата. Самата тежина на долгата коса ќе направи да попуштат локните.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.