Шверцувани цигари ги преплавија Романија и Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Двете најсиромашни земји на ЕУ се обидоа да дојдат до пари преку зголемување на даноците на цигарите




Двете најсиромашни земји на ЕУ се обидоа да дојдат до пари преку зголемување на даноците на цигарите, но пушачите најдоа „прибежиште“ на црниот пазар. Шверцуваните цигари го пеплосаа планираниот приход од повисоките давачки
pusenje%5B8%5D.jpg


Сиромашните Бугарија и Романија се надеваа дека лесно ќе можат да соберат пари од зголемувањето на даноците за цигарите, но тоа само ги натера пушачите многу почесто да бараат „прибежиште“ на црниот пазар.

Криминални организации и сиромашните ромски заедници близу границите со земјите во кои цените на цигарите се пониски - Србија, Македонија, Молдавија и Украина, го зголемија шверцот на цигари, што, пак, ги збриша планираните приходи од повисоките даноци.

Бугарија годинава ги зголеми даноците за речиси 50 отсто и ги зајакна царинските контроли и полициските проверки во продавниците и на пазарите. Но податоците од царинските служби покажуваат дека даночните приходи од продажбата на цигари досега се намалиле за речиси една третина.

- Владата создаде една исклучителна ситуација. Всушност, сега имаме цела индустрија, која обезбедува производи за огромна група луѓе - вели Тихомир Безлов од антикорупциската организација Центар за проучување на демократијата.

Бугарија и Романија, двете најсиромашни земји во ЕУ, се обидуваат да заздрават од длабоката рецесија и нивните влади, кои се мачат со огромни јавни дефицити, имаат огромен мотив да ги охрабрат граѓаните да продолжат да пушат во скора иднина, нагласува Ројтерс.

Бугарија во јуни се откажа од националната забрана на пушење во сите кафулиња и ресторани, а аналитичарите велат дека причината за тоа е зголемениот притисок од производителите на цигари, увозниците, дистрибутерите и потребата од зголемување на продажбата на тутунски производи во момент кога опаѓаат јавните приходи.


СИТЕ ПУШАТ



Само Ќустендил ја задржа забраната на пушење од 1 јули. Незадоволството меѓу пушачите во овој бугарски град со 70.000 жители е очигледно. Сопствениците на клубовите и келнерите тврдат дека едвај крпат крај со крај, а гостите се гневни. Малкумина веруваат дека забраната ќе ја преживее зимата.

- Глупаво е да се забрани пушењето кога 90 отсто од луѓето пушат - вели Кирил Мирчев (22), кој е незадоволен зашто не може да пуши додека игра билјард.

Танцувањето исто така не е исто без цигари, па дискотеките се напуштени.


cigarette.jpg

Даноците на цигарите се значаен извор на приход во Бугарија. Во 2009 година тие учествувале со десет отсто во вкупните приходи, односно 1,15 милијарда долари. Бугарите се најзависна нација од цигари во ЕУ, заедно со Грците, при што околу 40 отсто од населението пушат, покажуваат податоците од едно истражување на Евробарометар. Речиси една третина од вкупно 22 милиони Романци пушат.

- Наглото зголемување на даноците на цигарите ги шокира пушачите и ја зголеми побарувачката за евтини цигари. Денес гледаме брендови на цигари што ги немало порано - вели Иван Биларев, извршен директор на компанијата за производство на цигари Булгартабак, која учествува со 38 отсто во пазарот на тутунски производи.

Цените на цигарите во Бугарија и во Романија, од две до 2,5 евра по кутија, се значително пониски во однос на другите држави на ЕУ, но сé уште се високи за граѓаните, имајќи ги предвид пониските примања. Кутија цигари на црниот пазар чини меѓу едно и 1,75 евро.


ПОВЕЌЕ ЗАГУБИ ОТКОЛКУ ДОБИВКИ



Биларев вели дека шверцот на цигари му штети на Булгартабак и некои аналитичари велат дека целосната забрана на пушењето дополнително ќе ја намалеше цената на компанијата, која би требало да се приватизира.

Вкупните загуби од шверцот на цигари се очекува да ги надминат придобивките од зголемените даноци. Бугарија се обидува да се справи со црниот пазар, кој учествува со 30 отсто во вкупната продажба на цигари. Според Безлов, од Центарот за проучување на демократијата, загубите годинава може да достигнат околу 500 милиони лева.

- Владата очекуваше зголемување на приходите од даноците во 2010 година, но веќе ги намали прогнозите на исто ниво како лани. Меѓутоа, во моментов и овие очекувања изгледаат неверојатни - нагласува Безлов.

Романија, која очајно се обидува да го задржи договорот за помош од 20 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), има сличен проблем, откако речиси двојно ги зголеми цените на цигарите во 2009 година, по што го зголеми и данокот на додадена вредност.

Најголемите производители на цигари во Романија, ограноци на „Бритиш американ тобако“, „Јапан тобако интернешенел“ и „Филип Морис“, лани со даноци придонеле со две милијарди евра во буџетот на земјата или околу два отсто од бруто-домашниот производ. Тие проценуваат дека една третина од цигарите во Романија се шверцувани и сметаат дека тоа може да ја чини државата повеќе од милијарда евра.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9310155919&id=11&prilog=0&setIzdanie=22076
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom