Хотелот и трговскиот позади Рамстор не се гради ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.481
Поени од реакции
5.948
http://forum.kajgana.com/showthread.php?27257-Ќе-се-гради-трговски-центар-позади-Рамстор

Британската компанија која се јави како инвеститор на хотелот зад Рамстор е мртва веќе две години. Дека во 2008 и во 2009 година фирмата ХЛХ немала никакви финансиски или какви било други активности пишува во документот што од лондонскиот централен регистар го набавиле социјалдемократите.

Бараат Груевски да не се затскрива зад некакво лобирање зошто за нив било смешно зошто наместо поддршка од својот британски колега Филип Гордон за НАТО Груевски барал лобисти кај неговите опоненти.

“Во овој случај не станува збор за лобирање за НАТО туку за владин криминал и корупција. Македонија остана и без НАТО и без атрактивно државно земјиште вредно неколку милиони евра“, изјави Јани Макрадули.

Дека случајот е контроверзен деновиве пишува и лондонски „Телеграф“. Тврдат дека Ендрју Фелдман „касиерот“ на конзервативната партија кој во Скопје пред две години беше претставен како инвеститор никогаш не се занимавал ниту со градежништво ниту со хотелиерство. Бил близок пријател на Орце Камчев кој беше посочуван дека стои зад целиот проект. Говореше на поставувањето камен-темелник.

Премиерот Груевски тогаш демантираше дека постои каква и да е незаконистост при доделувањето на земјиштето и дека хотелската „Окта“ како што ја нарекуваа во опозицијата е чиста странска инвестиција.

Пратеникот Макрадули кој беше осуден дека го наклеветил министерот Јанакиески говорејќи дека земјиштето за хотелот зад Рамстор го доделил незаконски и натаму тврди дека за овој случај е потребно да се поведе истрага.

Среќко Поповски

АЛФА ТВ

Како бурно се најави оваа инвестиција , а се гледа дека на местото ништо не е работено веќе 2 години.

--- надополнето ---

http://forum.kajgana.com/showthread.php?11460-Ке-се-гради-хотел-кај-Рамстор


Тука може да се спојат темите.
 
Пратеникот на СДСМ неодамна го загуби и судскиот спор против министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Макрадули ќе треба да му плати на Јанакиевски 300.000 денари поради изјавата дека земјиштето позади трговскиот центар Рамстор и го дал на фирма која не ги исполнила условите и со тоа направил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Горното преземено од дневен весник.
Требало уште малце да му досудат, па може ќе прекинел да тресе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom