После Франција, И Италија ќе ги избрка Ромите?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Италија ќе бара дозвола од ЕУ за да ги протера Ромите


среда, 25 август 2010


BEE42991F3867740A37D301F8F408E71.jpg

Роберто Марони, министер за внатрешни работи на Италија, тврди дека протерувањето на илегалните имигранти-Роми од Франција е идеја што францускиот претседател Нијколас Саркози ја копирал од Италија. Според Марони, функционер на ксенофобната „Лига за север“, во Италија сега би требало да се отиде чекор понатаму и наместо да се протеруваат само илегалните имигранти, треба да се премине на Ромите и сите други што имаат државјанство на земја-членка на ЕУ, а не можат самите да се издржуваат.

Владата на Берлускони уште во 2008 година предложи на Ромите во Италија да им се земаат отпечатоци во рамките на борбата против криминалот.

Во интервјуто за „Кориере дела сера“, италијанскиот министер за внатрешни работи изјави дека „никој од професионалните антирасисти не ни сонувал да се побуни“ кога во 2007 година тогашниот градоначалник на Рим, Валтер Велтрони ги протеруваше Ромите од престолнината на Италија.

Марони тврди дека она што Саркози го прави во Франција е оправдано, но не е доволно и дека тој лично на состанокот на министри за внатрешни работи на ЕУ ќе побара дозвола Италија да почне да применува поостра политика кон секој што ја злоупотребува социјалната помош на земјата-домаќин.

- Би требало да се протераат оние што ги кршат нормите што се однесуваат за жителите на членка на ЕУ кои живеат во друга - да имаат минимални приходи, пријавен престој и да не бидат на товар на социјалниот систем на земјата-домаќин. Многу Роми имаат државјанство на државите од ЕУ, но не почитуваат ниту една од нормите - вели Морони.

Министерот од партијата што остана единствен сојузник на премиерот Силвио Берлускони во владејачката коалиција е огорчен што критиките кои поради мерките на Саркози ги упатија во Ватикан и ЕУ се многу поблаги од коментарите што ги предизвикаа претходни потези на италијанската влада кон Ромите.

- Тоа се предрасуди, кои никако не изумираат. Кога Запатеро во Шпанија ќе направи нешто такво - се' е во ред, кога тоа ќе го направи Саркози - па добро, што сега. Но кога се работи за владата на Берлускони, тогаш тоа е општ напад поради кршење на човековите права - вели Марони.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=312E6291364D6A4DB943B62C1C01421B
 
Лошо!!!!
Ако продолжат вака да ѓи бркаат од секаде, ќе почнат овие сироти кај нас да доаѓаат :( После шо ќе им прајме тука?
 
Ајде ѓупци.
Назад у Шутка па и ние да ве бркаме назад у Индија.
 
Лошо!!!!
Ако продолжат вака да ѓи бркаат од секаде, ќе почнат овие сироти кај нас да доаѓаат :( После шо ќе им прајме тука?

Ние сме великодушен народ. Еднаш примивме бегалци, зошто и нив да не ги примиме? Сите ќе си живееме среќно и задоволно, а Европа ќе ни каже `браво` и толку. :smir:
 
Ние сме великодушен народ. Еднаш примивме бегалци, зошто и нив да не ги примиме? Сите ќе си живееме среќно и задоволно, а Европа ќе ни каже `браво` и толку. :smir:

го заборајфме тапкањето по рамо. значи: браво, тап-тап,.... во иднина пак.
 
Ова не е ништо ново во Италија.
Имено, пред некое време имаше две девојки кои се удавиле и нивните тела брановите ги донеле на плажата. Додека нивните тела биле на плажата, другите на плажата си терале по свое, исто како телата да не се таму.

Еве ја цела статија од Британски ГАРДИЈАН. (гугл транслејт по потреба)

Франција... чудно...
Италија - ама ич не ми е чудно дека превзема вакви мерки.

--- надополнето ---

Ајде ѓупци.
Назад у Шутка па и ние да ве бркаме назад у Индија.

Па проблемот е што вашиот стандард за Роми е шутка. Има многу различни роми кои не седат по камени мост и не замараат кога се шеташ низ центарот на Скопје.
Оди во Гевгелија и најдими паралела со Ромите таму и во Шутка... нема 2 благи вези.

Не е до тоа што се Роми... до друго е... околината.

п.с. Не е убаво ваква генерализација за Ромите. Простор за фустрации има, ама тоа не значи треба расистички мерки да применуваме.
 
Француската полиција продолжува со растурањето на нелегалните населби од приколки и шатори во кои живеат Роми, речиси сите од Романија и од Бугарија, пишува Дејли меил.

Во најновата акција, која потсетува на „војната“ против ромските емигранти, која во летото 2010 ја водеше тогашниот претседател Никола Саркози, околу 500 полицајци ја размонтирале ромската населба во Сан Прест, источно предградие на Лион. Саркози и неговата десничарска влада заминаа во историјата, а новите социјалистички власти очигледно ја продолжуваат истата политика кон Ромите.

Полицајците упаднале меѓу приколките и ги отстраниле од плацот, кој го зазеле Ромите. Некои од приколките биле отшлепани, а некои едноставно уништени на самото место, како што биле уништени и растурени шаторите што ги подигнале Ромите.

Полицијата на крајот собрала околу 180 Роми, вклучувајќи 50 деца и бебиња, а за нивната судбина допрва ќе решава француската држава. Досега практика било полицијата во полна опрема за разбивање демонстрации да ги испрати Ромите на авионски лет до нивната матична држава.

Еднакво немилосрдна акција на растурање ромска населба француската полиција извршила и во понеделникот во предградие на Париз, од каде што биле иселени 70 Роми, меѓу кои и 19 деца. Дејли меил пишува дека вакви акции на присилно отселување во Франција се случуваат речиси секој ден низ целата земја, а полицијата во упадите користи чадни бомби и кучиња. Акциите се еднакво ефикасни колку што се и контроверзни.

Француските власти се толку решени повторно да не ги видат Ромите што еднаш ги испратиле во матичната држава што покрај трошоците за патот, им даваат по 300 евра за возрасни и 100 евра од дете.

Оваа помош ќе ја добие и 34-годишниот Љупчо, кој жената и петте деца бил исфрлен од Сан Прест. Кога ќе тргне кон матичната Бугарија, тој ќе понесе со себе 1.100 евра, подарок од француската влада, пишува Ројтерс.
http://www.mkd.mk/54874/svet/franci...ite-na-romite-i-im-dava-pari-da-si-odat-doma/
 
А оти не мислеа на ова кога ги примија?
Ромиве не им испаднаа работници како Африканците а нити елитини бездомници и туристичка атракција како познатите клошари што живеат под мостовите на Сена, пајт назад во Бугарија и Романија.
А знаат тука да тупат за човекови права, за сиромаштија, па кај нив било подобро. Кога е подобро им појдоа на гости :). Сега нека им го средат проблемот на Ромиве, нека не ги бркаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom