Кајгана форум се спријатели со мобилните корисници :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Готово, направив и мобилен стил. Стилот автоматски се детектира и аплицира кога ќе пристапите на форум со некој мобилен уред.
Пробајте, ова е бесплатната варијанта, а функционира одлично :)

IMG_0065.png

Одлично. Го тестирав на Андроидов, само што немам кирилична тастатура (неможам да најдам линк што работи за да ја симнам) и не можам да се логирам моментално, али се на се ОК. (Y)
 
Еххххххххххх.... Штотуку ве испофалив и ја утнавте работата....

Значи имам Сони Ериксон К800, телефон нели, без touch.
Пробувам сега пред половина саат да влезам како по обичај во форумов, катастрофа.

Не ми дава ни теми ни линкови, почетната страна ми кажува 60Кб (што е многу, пред тоа доколку нема слики-мики страната просек е 10-15 Кб,). Ваљда сте правеле некој редизајн за мобилната верзија и за PC верзијата, али ептен е утнато со мобилната верзија.... Претпоставувам дека сте сакале да внесете некои подобрувања но.... Еве ви кажувам што се случува моментално :(

Се надевам ке го средите во поскоро време да можам да ве посетувам и со мобилниот, како порано. Поздрав.
 
Кој browser го користи твојот телефон? :)

http://iphonetester.com/
http://www.opera.com/mobile/demo/
http://emulator.mtld.mobi/emulator.php?emulator=sonyK750&webaddress=forum.kajgana.com

Разгледај ги овие 3 симулатори... во iPhone Safari и Opera Mini Mobile форумов се прелистува без проблем. Во броузерот кој го користат постарите верзии на Сони исто така се отвара без проблем, но разбирливо е да не изгледа толку „фенси“ како на Safari или Opera :)

Ако можеш, инсталирај Opera и види дали ќе има промена на твојот телефон.
 
Еххххххххххх.... Штотуку ве испофалив и ја утнавте работата....

Значи имам Сони Ериксон К800, телефон нели, без touch.
Пробувам сега пред половина саат да влезам како по обичај во форумов, катастрофа.

Не ми дава ни теми ни линкови, почетната страна ми кажува 60Кб (што е многу, пред тоа доколку нема слики-мики страната просек е 10-15 Кб,). Ваљда сте правеле некој редизајн за мобилната верзија и за PC верзијата, али ептен е утнато со мобилната верзија.... Претпоставувам дека сте сакале да внесете некои подобрувања но.... Еве ви кажувам што се случува моментално :(

Се надевам ке го средите во поскоро време да можам да ве посетувам и со мобилниот, како порано. Поздрав.

Другар, без лутење, али мобилниот со кој сакаш да го отвараш форумов е 4-5 години стар и е без оперативен систем. Освен тоа и да ти го отвори најдобро што може, што ќе успееш да видиш на екран со следниве спецификации?
240 x 320 pixels, 2.0 inches

Инаку на сите останати понормални телефони за интернет користење на кои има смисла да се ќорееме, повеќе од одлично си го отвара форумот.
 
Не се лутам, додуша и очекував одговор од овој тип. Реално телефонов не би го менувал за Iphone или HTC или слично, бидејки имам се што ми треба на него (а имам професионална потреба од некои програми, не само ради претеризам), а и за разлика од сопствениците на погоре наведените телефони, јас немам потреба да купувам дигитален фотоапарат. Па вие играјте си на touch-от до утре ако сакате. Играчките здосадуваат, а реалните потреби остануваат. Единствениот телефон во светот со кој можеби би направил замена сега за сега е Сони Ериксон Сатио... Но тоа е друга тема на муабет.

Користам Опера Мини, но постара верзија бидејки не ми се допаѓа поновата. Во старата има опција за стопирање на лоадирање на веб страни па немора секогаш да трошиш 150Кб, туку можеш да стопираш на 50Кб (немора да ги лоадираш и сликите пример...). Фино, практично и економично.

Не е само овој форум што има верзија за мобилен телефон има милион форуми што имаат мобилна верзија. Посетете го овој интернационален форум што има 93 766 членови http://www.fiatforum.com/, и видете што е мобилен форум. Мислете дека тие немаат знаење да му внесат уште 100 непотребни "фенси" елементи? Форумов изобилува со корисници од В.Британија, Франција, Италија што имаат далеку подобри PC и телефони од нас. Само разликата е тоа што луѓето гледаат нештата да бидат едноставни и практични а не да бидат преплавени со "фенси" и безвеза натрупани непотребни нешта.

Не е финтата форумот да изгледа "фенси" и да се осекаме како шмизли кога го сурфаме, туку работата е форумот да биде достапен за што поголем број корисници со најразлични PC конфигурации и телефони.

Ако сакате да се претерувате со форуми седнете во кафуле, извадете ја шпер плочата од една педа што е за вас нормален (прескап телефон наполнет со апликации и можности што 90% од луѓето никогаш не ги користат или им здосадуваат или ги чуваат за да се фалат пред други луѓе или на форуми) и преправајте се дека работите нешто важно.

А ако сакате убав форум треба да го направите достапен за сите. Но како сакате, вие си знаете. Па на крај краја ако се одвикнам да ве посетувам од мобилниот можеби и ке заштедам. Ова ви го кажувам чисто онака од искуство...
 
бев позитивно изненаден веб веризјата.
неколку работи имаше што сакав да ги спомнам, само дел од нив...

кога сум на некоја тема, за да се вратам на подфорумот фан клубови (пример) морам да одам неколку пати бек бек бек...одзима време и лоадира или да одам сосема на почеток па повторно да изберам подфорум што повторно одзема време.
може ли да се вметне линк од форумот и подфорумот каде што моментално си?

уште една работа. кога отварам тема, пробав, нема опција да те носи на последното мислење. те носи на почеток па дополнително на последното.. можно е тоа да се среди? бидеќи одзима време, посебно ако си во движење (воз) нон стоп разлчна рецепција и лоадирањето нервира :)
 
Доколку сурфате преку мобилен и сакате да пристапите директно на мобилниот стил, пристапете преку http://forum.kajgana.com/m

TapaTalk е повторно вратен во функција исто така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom