Религиозно vs Научно толкување

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Догмите не се проверени туку се во доменот на верувањето. Кој верува а не знае, не видел е блажен за таквите неуки е царството... Нели?
За разлика од науката и научниците кои постојано откривата нови нешта за природата и универзумот..
И нема ништо лошо во тоа да се докажува старото дека е подобрено и дека се откриени нови закони и правила на универзумот кои не биле достапни претходно...

На догми и непроменливост не знам како ти е ќеф да се палиш... Да пиеш вода од вода која мирува може само да се отруеш.
 
Догмите не се проверени туку се во доменот на верувањето. Кој верува а не знае, не видел е блажен за таквите неуки е царството... Нели?

Не...

Догмите се објавени вистини, така да штом Бог ни објавил некоја вистина, таквата вистина се прифаќа со вера од најголемиот дел од верните, односно се прифаќа со проверка, од страна на мал број припадници на Црквата, кои се достојни за таква проверка...

На пример, Апостолите-евангелисти, ги пишуваа евангелијата или како очевидци или како ликови кои проверуваа па пишуваа.
Автоматски споено мислење:

За разлика од науката и научниците кои постојано откривата нови нешта за природата и универзумот..

...и никако не можат да ни понудат барем една конечна вистина, на која (вистина) атеистите би можеле да си ги арчат верата и надежта...
Автоматски споено мислење:

На догми и непроменливост не знам како ти е ќеф да се палиш... Да пиеш вода од вода која мирува може само да се отруеш.

Верата и надежта се потпираат само на трајни и неменливи вистини, а не на научни вистини, кои се променливи за секоја наредна човечка генерација. Просто е...
 
Не.
Во догмите има само верување, непроменливост бидејќи се нема искуство, бидејќи верникот се обидуваат да го убедат дека е многу блажен без искуство само до верување...нема вистина таму. Потребно е промена, не вечно чекање за повторно распнување.

Кој се задоволува со вера и надеж, ете му ги старите религии, немам ништо против.
Ние кои не се задоволуваме со тоа, не дозволуваме да бидеме заробени од една догма.
И нема ништо лошо во тоа, иако за тебе тоа е крај на светот и попот те учи така да веруваш.
Да немаше нови искуства и знаења, и да бевме убедени дека попот е научник и најбитен, ќе бевме на свеќи и сега јас и ти ќе немавме никаков контакт. Но, наука, еволуира, продлабочува, открива преку искуство..

Просто е.
 
Научното толкување за многу работи ќе се измени во следниве пеес години. Пак во средината на 22 век уште повеќе ќе се измени за истите работи... Идните генерации ќе речат за нас абе овие како живееле ко во камено време!!!

Во 1888 година некојси Чарлс Дуел претставник на американското биро за патенти изјавил "Се што може да се измисли, веќе е измислено." Ама прогнозата не му се остварила...
 
...толку сме фасцинирани и среќни со иновациите и напредноста на науката што забораваме да се радуваме на нештата кои навистина не чинат среќни,а тие се без пари и не бараат научна мисла
...децата се радуваат на новиот iphone од 1000 евра(што во повеќето случаи се плаќа на кредит),возрасните се радуваат на напредок во кариера и пари или менување на нови партнери
...имаме комуникација,медицина и убаво се храниме
...животниот век на нашите физикуси се зголемува,а внатре...
...е тоа внатре прво треба да го осознаеме за да уживаме во него.Без лајкови,фејзбуци и инстаграми
...така ли е @Хептаграм XI ?
...сите супер научни и среќни :)
 
Не.
Во догмите има само верување, непроменливост бидејќи се нема искуство, бидејќи верникот се обидуваат да го убедат дека е многу блажен без искуство само до верување...нема вистина таму. Потребно е промена, не вечно чекање за повторно распнување.

Кој се задоволува со вера и надеж, ете му ги старите религии, немам ништо против.
Ние кои не се задоволуваме со тоа, не дозволуваме да бидеме заробени од една догма.
И нема ништо лошо во тоа, иако за тебе тоа е крај на светот и попот те учи така да веруваш.
Да немаше нови искуства и знаења, и да бевме убедени дека попот е научник и најбитен, ќе бевме на свеќи и сега јас и ти ќе немавме никаков контакт. Но, наука, еволуира, продлабочува, открива преку искуство..

Просто е.

Твоите инаетџиски ставови, кои се наводно одговор на моите дописи, се само пуста и проста негација на веќе познати, достапни и проверливи нешта.

Тоа што си се определил за припадност кон учење за кое ниту самиот не знаеш што е по својата природа, не значи дека можеш да коментираш и за работи кои се битно поинакви од твоите (пред)убедувања.

Целата историја ни сведочи дека и во антиката и во средновековието па се‘ до средината од 19-от век, светогледот кај народи кои немале контакт едни со други, во суштина е религиозен светоглед, кој ги опфаќа сите нешта во човековото живеење, било во реално време, било во посмртно битисување. Паралелно со верскиот светоглед, постои и, за тие времења, пристоен обид за рационално толкување на материјалниот Свет, кое (толкување) ни оддалеку не било „контра„ на религиозното, како што тоа е случај во нашево „модерно„ време.

Што се однесува до тоа дали верувањето е „слепо верување„ во она кое попот го кажал, за тоа веќе имам пишувано и не би се повторувал...
 
Не знам кои сте тоа вие кои заборавате да се радувате на едноставноста на животот и смртта... не сите се такви...

Ако религијата те прави среќен, треба да се насочиш кон верувања во било која од познатите религии и нејзините деривати.
Никој не те спречува во тоа...
Ако науката те прави среќен или наоѓаш олеснување преку науката и што таа допринела ти да користиш денес во животот, треба да дозволиш да бидеш среќен заради тоа :)

Јадење слатки како науката бидејќи е спротивно од религијата е нешто лошо и како човештвото заради науката е вакво какво што е - е премногу површно и намерно зборување злобно за нештата кои ги користите, а се крстите на боговите :)
Тоа го прават религиозните бидејќи се плашат од науката и нејзините постојани продирања во тајните на природата и универзумот општо... религиозните факти станаа догми кои не се менуваат (и тоа било добро бидејќи апсолутна вистина било), а науката вели сето тоа е недокажано и не може да се смета за реалност и вистина... се е во доменот на фантазијата и психологијата на човечкиот ум.
Тоа боли кај религиозните кои наоѓаат утеха или надеж или смисла само во една религија... не може така низ животот и човештвото, се сложуваш?

Не ви ги знам децата, оние деца што јас ги знам на моите блиски и пријатели - не се во овој твој кош што го генерализираш... тоа е од родителите... кои мноштвото се верници и припадници на христијанската црква во Македонија... зборуваме за Македонија нели, не за USA или некоја друга земја?
Така да - само кај нив оди науката и религија во едно!

Така ли е @Joshua_Tree?
Сите среќни и во науката и во религијата, на татко им огништето и верата ја чуваат со iPhone и порно по дома ;)

П.С.

“The joy of life consists in the exercise of one's energies, continual growth, constant change, the enjoyment of every new experience.
To stop means simply to die. The eternal mistake of mankind is to set up an attainable ideal.”
― Aleister Crowley, The Confessions of Aleister Crowley: An Autohagiography
 
Последно уредено:
...не е јадење слатки @Хептаграм XI ,туку секојдневие и не можеме да кажеме дека се тоа изолирани случаи или лошо домашно воспитување.Не ја релативизирам науката,ниту имам намера да ја глорифицирам верската наклонетост или припадност.Едноставно тоа е слика која е повеќе од загрижувачка,оти на секое научно достигнување човекот му додава нота на перверзија во употребата и разбирањето на истите.
...по нашки речено немаме исаф на ништо повеќе :)
...или како што јас милвам да кажам "не ѓаволот без нас,човекот не може без ѓаволот" :)
 
Човекот Е перверзија. Богот ако го создал е уште поголема... ако веруваме дека сме „по ликот нечиј“... што заклучуваме? :)
Перверзија до перверзија...
Ти спомна децата вакви онакви, по материјално и телефони заради науката... еми почни од самиот себе со промената.
Почни од своето дете како треба за да е надвор од перверзијата на човештвото и Земјата.
Така започнуваат промените, полека но сигурно... еден човек во еден момент да се променува, фајде има... не мора мноштвото одеднаш...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom