Верски вести II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
При експлозија на бомба во светиот индиски град Варанаси загина едно дете и десетина луѓе се ранети. Индиските власти соопштија дека меѓу ранетите има и туристи. Новинските агнеции јавуваат дека во градот се порнајдени и две неекплодирани бомби. Исламистичка милитантска група презема одговорност за терористичкиот напад.
 
Четворица акробати вчера топлес изведуваа акробации пред католичкиот водач Рајцингер.

По завршувањето на перформансот, еден куп чесни сестри мафтаа со бели марами по акробатите :)

Видеото вреди милион зборови (оти сликата нели, илјада).
 
РОТЕРДАМВо Ротердам отворена најголемата џамија во Европа
spacer.gif
img37746469.jpg
18.12.2010 | 15:29
spacer.gif
Извор: Нетпрес
spacer.gif
spacer.gif
pliko.gif
spacer.gif
facebook_small.png
spacer.gif
ga.gif
spacer.gif
ma.gif
Најголемата џамија во Европа, која се градела повеќе од седум години, е отворена во Ротердам, јавуваат светските агенции. Џамијата има две минариња високи 25 метри, а може да прими околу 2.500 верници, пренесуваат холандските медиуми.

Во тој дел на Холандија во основа живеат марокански муслимани.

Изградбата на џамијата била предмет на многу расправи изминатата година. Една од спорните работи која предизвикала загриженост е преголемото странско влијание на проектот, меѓу другото и поради тоа што изградбата на џамијата ја финансирал Министерот за финансии и индустрија на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Хамдан бен Рашида ал Мактума.
 
Напади врз христијани за Божиќ во Нигерија и Филипините

Најмалку 11 луѓе загинаа во неколку експлозии на Бадник во централниот дел на Нигерија, области кои се остро поделени меѓу христијаните и муслиманите.
Официјални владини претставници изјавија дека бомби експлодирале на две места во градот Џос, а засега никој нема преземено одговорност за инцидентот. Според локалните медиуми бројот на жртвите во синоќешните напади е поголем од 20.
Група исламистички терористи вчера предупредија дека ќе направат се што е можно за да го спречат празнувањето на христијанскиот празник Божик.
Џос е главен центар на верско насилство во централниот дел на Нигерија, каде десетина етнички групи се борат за економска и политичка контрола.
Во насилствата оваа година загинаа повеќе од 500 лица.


--- надополнето ---

Новинските агенции јавија и дека најмалку 6 лица се ранети во експлозија на бомба во црква на Џоло островот на Филипините кој е мета на исламските милитанти. Бомбата била фрлена во црквата за време на божиќната молитва.
Цркавата се наоѓа пред полициска станица.
 
Да ги дигнеме во воздух во името на бог

Нигерија е поделена држава. Поделена религиски. На југ се Христијани, на северот Муслимани. И како што налагаат двете, и Библијата и Куранот, они се сакаат на религиски начин.

80 е билансот на бамбашките напади од Божиќ до денес. Низ државата беснеат вооружани “христијански“ и “муслимански“ банди.

Исламската секта Боко Арам ја презеде одговорноста за нападите.

image-46904-thumbflex-lgxr.jpg
 
И Албанците и се радуваат на црквата во Мала Речица
Мештаните се надеваат дека со обновата на овој верски објект ќе се разбие „малерот“ - да се раѓаат деца со аномалии, за кој велат дека ги бие откако била уништена старата црква во 2001 година




Манастирската црква „Свети великомаченик Георгиј“ во тетовска Мала Речица, која беше уништена во 2001 година, почна да се обновува. Верниците не го кријат задоволството што по десет години пак ќе го добијат овој православен храм. Не е помала и радоста кај мештаните, кои се Албанци од муслиманска вероисповед. Во ова место нема христијани. Албанците се надеваат дека повторната изградба на црквата ќе го разбие „малерот“ - да се раѓаат деца со аномалии, за кој велат дека ги бие откако овој верски објект бил уништен.

Иницијативата да се обнови црквата произлегла од верниците од Тетово, кои формирале иницијативен одбор, а сé почнало откако една жена со име Вера им раскажала сон во кој светецот и порачал наново да го изградат објектот.

- Како и во други слични случаи, жена што важеше за голем верник, го сонила свети Георгиј Победоносец. Таа на членовите на црковниот хор во тетовскиот соборен храм им рекла дека од светецот добила порака да се обнови црквата „Свети Ѓорѓи“ - вели претседателот на одборот, Никола Јовановски.

Ова се случувало во текот на 2006 година. Во меѓувреме жената починала, но иницијативниот одбор почнал да ја остварува желбата за обновување на храмот. Групата очекувала дека убедувањето на месното население во Мала Речица ќе биде тешка задача. Се случило спротивното. Членови на одборот раскажуваат дека првичниот контакт со месното население бил повеќе од пријатен. Месното население им рекло дека се добредојдени да ја реконструираат црквата. Им посочиле дека откако овој верски објект е уништен, во селото се родиле 14 деца со физички недостаток или психичко нарушување, па затоа даваат поддршка. Се надеваат дека со добриот духовен гест нивните проблеми ќе исчезнат.

- Наидовме на одличен прием. Дури имаме ветување од човек што живее блиску до црквата дека ќе помогне за градежните работи, бидејќи со тоа се занимава - вели Јовановски.

Освен црквата, во манастирскиот комплекс ќе се градат придружни објекти, како трпезарија, кујна и слично. Иницијативен одбор ја почна реконструкцијата есенва, а се очекува дека обновувањето целосно ќе биде завршено во текот на нареднава година.

Поставеноста на црквата во повисоките планински ридови укажува дека е изградена во османлискиот период, а постојат записи дека во триесеттите години од минатиот век семејството на Ѓоце Митрушевски ја обновило. Митрушевски исто така тврдел дека свети Ѓорѓи на сон му кажал каде се темелите на црквата, а при ископувањата е најдена икона на овој светец, која датира од 1450 година. Оваа црква беше изгорена на 8 декември 2001 година.


Автор: Александар Самарџиев

извор
 
Екпслозија во коптска црква во Египет - 21 загинат

Најмалку 21 лице загина при експлозија пред една коптска христијанска црква во Египет. Екплозијата се случи во градот Александрија.
Нападот доаѓа во време на растечките верски тензии во Египет, каде христијаните се 10 насто од вкупната претежно муслиманска популација во земјата.
 
ЛОНДОНРасте бројот на Британци кои преминуваат во Исламот
spacer.gif
img29022092.jpg
04.01.2011 | 11:32
spacer.gif
Извор: Макфакс
spacer.gif
spacer.gif
pliko.gif
spacer.gif
facebook_small.png
spacer.gif
ga.gif
spacer.gif
ma.gif
Бројот на Британци кои преминале во исламската религија е удвоен во текот на изминатата деценија и покрај често негативната слика за муслиманите која уследи по активностите на исламските фундаменталисти во Велика Британија и во другите делови на светот. Британскиот весник „Индипендент“ проценува дека во Англија моментално има 100 илјади исламски верници, што е голем скок во споредба со 2001 година кога оваа популација броела 60.699 лица.

Организацијата која се занимава со меѓуверски прашања „Феит Матерс“ која ги изнесе овие податоци, тврди дека секоја година во Англија околу 5.200 луѓе го примаат исламот, што е повеќе во однос на Германија и Франција каде просечно годишно 4 илјади луѓе стануваат „нови“ муслимани.

Истражувачите на оваа организација ги посетила џамиите во Лондон и потврдиле дека во текот на 2010 година во исламската религија преминале 1.400 Британци
 
Германски свештеник силувал пијана верничка
БЕРЛИН - Германските обвинители ја истражуваат жалбата против свештеник од Хамбург за сексуално насилство врз жена, која вечерта консумирала алкохол, извршено на црковни клупи во неговата црква, изјави вчера јавниот обвинител на Хамбург. Јавниот обвинител, Вилхелм Мелерс, изјави дека е поведена истрага за свештеникот откако е добиена поплака од црквата. „Возрасна верничка заспала на црковните клупи откако консумирала алкохол и, наводно, врз неа било извршено сексуално насилство“, изјави Мелерс. „Ја истражуваме жалбата за сексуално насилство врз лице неспособно да се одбрани“.

Весникот „Билд“ вчера цитираше жена, 32-годишна членка на црковниот извршен одбор, која вели дека имало мала забава во црквата по службата по повод Денот на покајувањето во ноември. Таа рекла дека свештеникот постојано и' сипувал вино во чашата. „Сакав да си одам дома, но не се чувствував добро“, рече таа, а беше цитирана од „Билд“. „Повеќе не можев да стојам на нозе. Седнав на црковните клупи. Одненадеж тој беше крај мене. Потоа почна да ме допира. Подоцна го слушнав како стенка“. Жената за „Билд“ изјави дека не се сеќава на ништо друго пред да се разбуди следното утро на подот меѓу црковните клупи со соблечени панталони и покриена со наметката на свештеникот. Свештеникот лежел веднаш до неа, посочи таа. (Ројтерс
 
Папата бара заштита за христијаните


Папата Бенедикт 16 побара денеска од владите да им обезбедат на христијаните да ја практикуваат верата без да бидат подложени на дискриминација и насилство.
Папата во својот говор наменет за амбасадорите во Ватикан се осврна на неодамнешните напади на христијаните во Египет, Ирак и Нигерија и побара од владите да преземат активни мерки во спроведување на законот за заштита на религиозните малцинства.

--- надополнето ---

Градоначалникот на Панџаб убиен во име на религијата


Пакистанската полиција соопшти дека телохранителот Малик Мумтаз Хусаин Кадри кој го застрела градоначалникот на покраината Панџаб на неговото судење денеска изјавил дека нападот врз Салман Ташир го извршил од религиозни побуди.
Причината е поради тоа што Ташир барал промена на законот со кој луѓето кои го навредуваат исламот се осудуваат на смртна казна. Припадниците на Демократската партија чиј член беше и Ташир сугерираа дека зад убиството постои поголем заговор и го обвинија и обезбедувањето кое не успеа да го заштити.

--- надополнето ---
-----------------------------------------------------------------------------------------
Иам две прашања, за оваа тема:
-дали може на наслови да се става големина на фонт и боја по желба (како, погоре што напраил)
-и дали може наместо вести да се ставаат слики што вредат катаљарда зборови, (како што напраил погоре )
 
Триста Филипинци се степаа за Исус Христос
Манила - Околу 300 Филипинци се ранети за време на годишната религиозна церемонија во која учествуваат над еден милион католички верници во чест на статуа на Исус Христос.Верниците се судрија едни со други во обидот да и' се приближат на статуата, качувајќи се на една платформа по шесткилометарската маршрута на процесијата во главниот град на Филипините, Манила
 
Може едно прашање? Ако сум оф-топик нека ме бриши екслекс, ама морав.

Дали темава е уствари за муслиманите да објавуваат некои измислени вести за глупости на христијаните, а од друга страна да христијаните објавуваат измислени глупости за муслиманите (што и може да се види од постовите), или општо за вести, ама се што ќе можеме да измислиме, па и по некој виц, онака од што ни било досадно?
 
Може едно прашање? Ако сум оф-топик нека ме бриши екслекс, ама морав.

Дали темава е уствари за муслиманите да објавуваат некои измислени вести за глупости на христијаните, а од друга страна да христијаните објавуваат измислени глупости за муслиманите (што и може да се види од постовите), или општо за вести, ама се што ќе можеме да измислиме, па и по некој виц, онака од што ни било досадно?

ако ја нема темава за секој од овие постови на темава ќе се отвора нова тема ..
затоа е и темава .. еден вид на канта за пропаганда и вести за перење на мозок .. се со цел да не се загадува цел подфорум со нова тема за секоја вест ...
:)

како и да е .. да не продолжуваме со муабетов на темава .. :)

--- надополнето ---

[/COLOR]Иам две прашања, за оваа тема:
-дали може на наслови да се става големина на фонт и боја по желба (како, погоре што напраил)
-и дали може наместо вести да се ставаат слики што вредат катаљарда зборови, (како што напраил погоре )

епа сега шо да не ..
може .. да речеме дека тој фонт е некаде макс граница на претерување на демек означување на некоја си важност ..

исто апел и до тебе Бети да не продолжуваме тука со муабетов .. нека остане темава збиралиште на вести без дебата ..


секое прашање до мене на темата наменета за прашања до модератор на религија ќе ве молам ..
 
Може едно прашање? Ако сум оф-топик нека ме бриши екслекс, ама морав.

Дали темава е уствари за муслиманите да објавуваат некои измислени вести за глупости на христијаните, а од друга страна да христијаните објавуваат измислени глупости за муслиманите (што и може да се види од постовите), или општо за вести, ама се што ќе можеме да измислиме, па и по некој виц, онака од што ни било досадно?
какво измислување бре, имаш линкови на секој пост.
Освен на последната вест, кај што Ал завахири забораил да стаи линк.

ОК, не стаил ни на предпоследната али верувам дека ќе стаи.

хм, ко ќе видиш, ни Либерејшн не стаил линк...погоре
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom