Верски вести II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
“Христијанска црква во саудијска арабија“​
Австријски муслимани бараат од саудиарбските власти дозвола за христијанска црква.​
“Не сваќаме како може да биде забранета верската слобода и градење на црква во оваа држава“ , велат од иницијативата на либералните муслимани. ... (y)
212872-Kirche.jpg
 
Го видела Исус на мртва риба!
tocka-63842.jpg

04.04.2012 | 16:26

Ерика Шелдт минатиот петок заминала плажа на Џејмс Островот во Јужна Каролина. Таму ја забележала мртвата риба на која имала необична слика која и делувала познато.

'Прво помисли дека е некој брадест бездомник.', раскажала 24-годишната студентка.

'Но, кога ја ставив фотографијат ана Instagram еден од моите пријатели ми рече: Па тоа е Исус ,а јас реков О мој Боже, во право си'.

Таа е инаку католик, а во ова не гледа никаква посебна порака.

'Мислам дека сето тоа е навистина интересно бидејќи Велигден е пред самиот праг. Тоа е навистина убава слика.', рекла 24-годишната девојка.

isus-riba-01.jpg
 
^^Ајнштајн беше во право,само не понуди решение за проблемот.
 
Двајца христијани убиени во напад врз црква во Кенија

Осумгодишно дете почина денеска поради повреди во напад на исламски екстремисти, кои во саботата (31 март) фрлија граната на христијанска средба близу крајбрежниот град Момбаса во Кенија, при што беше убиена една жена, а повредени беа најмалку 30 лица, пишува CDN.
-Осомничени за спроведување на смртоносната експлозија се исламските екстремисти од бунтовничката група Ал Шабаб во Сомалија, иако групата не ја презеде одговорноста за нападот, изјави кенискиот министер за внатрешна безбедност Џорџ Саитоти.

Власта, која минатиот октомври започна воени операции против Ал Шабаб, денеска издаде предупредување за можен напад од нивна страна за време на прославите за Велигден овој викенд во Кенија.

Имено не се соопштени имињата на починатите.

Христијаните кои живеат во крајбрежните области на Кенија се обземени од страв после нападот, кој според очевидец се случил помеѓу 19:00 и 19:30 навечер, додава CDN.

На средбата, која била организирана од Друштвото свештеници на Мтвапа, се собрале околу 500 христијани. Планирано било средбата да трае од петок до недела, меѓутоа заради нападот средбата не продолжила.

-Некој од возило Nissan фрли рачна граната накај подиумот каде стоеше свештеникот Даниел Мвендва веднаш до хорот. Сите беа скаменети. Потоа дојде полицијата, војската и брзата помош, изјави очевидецот Харисон Тембо Хром, кој е и воедно свештеник на Светата ерусалимска црква.

-Повеќе од 30 луѓе беа сериозно повредени, повеќето од хорот, додаде тој за CDN.

Тројца беа уапсени во врска со експлозијата, но не е јасно каква врска имале со Ал Шабаб, доколку имале.

-Ние како црква сме сигурни дека инцидентот е врзан со религиозна борба против христијаните, изјави друг свештеник, кој побара анонимност.

Околу 300 метри од христијанското собирање имало и муслиманска собирање, кое продолжило со церемонијата и по експлозијата, според христијански извори.

-Зошто само христијаните беа потресени, а не и оние кои присуствуваа на муслиманското собирање, кое траеше долго? Во недела ние христијаните не можевме да ја продолжиме нашата средба, додека муслиманите продолжија. Зошто тие продолжија кога тие дознаа за страшниот инцидент во близина, запраша еден христијанин.

Овој напад доаѓа по многубројни напади и киднапирања во областа, а и пошироко, по што минатата година кениската војска ги нападна Ал Шабаб.

Според проценките во Ал Шабаб членуваат од 3.000 до 7.000 бунтовници, кои се обидуваат да наметнат строга верзија на шеријатското исламско право во Сомалија, но владата во Могадишу се бори да ја задржи контролата врз државата и ги третира христијаните за степен подобро отколку екстремистичката група.

Имено прогласувајќи се себеси за умерен политичар, претседателот Шеик Шариф Ахмед ја прифати верзијата на шеријатското исламско право, според која оние кои ќе го напуштат исламот добиваат смртна казна.
 
Од раката на руски патријарх со Фотошоп "избришан" вреден часовник


p-k-c.gif
Руската Православна Црква призна дека на фотографиите објавени на нивниот официјален веб-сајт го "избришала" скапиот часовник на раката на патријархот Кирил, откако блогерите ја откриле измамата.
На спорната фотографија патријархот седи на полирана дрвена маса со рускиот министер за правда Александар Коновалов за време на состанок во 2009 година. На изменетите фотографии неговиот зглоб бил покриен со црно платно, но одразот на масата го открил скапиот часовник и измамата.
p-k-c1.jpg

http://sky.mk/svet/19539-Од-раката-на-руски-патријарх-со-Фотошоп-избришан-вреден-часовник.html
 
Ова го нуди Исламот и нивниот "Здрав Разум"

http://www.index.hr/sport/clanak/st...etu-salju-poruku-da-je-sve-u-redu/608916.aspx


Што ќе кажат Вселенската душа, оној Кевсер и уште некои исламски "здраворазумни" персони по овој повод?

Убиваш луѓе затоа што сакаат да гледаат Формула1:vozbud:

Идиотштина на куб.

По милионити пат ИСЛАМОТ МОРА ДА ИСЧЕЗНЕ; ШТО ПОБРГУ ТОА ПОАРНО, А ПО НЕГО И ДРУГИТЕ РЕЛИГИИ.
 
Велигденско убивање на христијани во Нигерија

Најмалку 38 христијани загинаа во еден од бројните вчерашни напади во Нигерија, за кои осомничена е исламистичката група Боко Харам.
Бомбаш самоубиец детонираше автомобил бомба на пат во Кадуна во близина на две цркви при што тие беа уништени, јави "Euronews".

Полицијата, која го следела бомбашот, соопшти дека неговиот автомобил удрил во друго возило по што следувала огромна експлозија. Десетици биле повредени во експлозијата.

Неколку часа по бомбата во Кадуна, во друга експлозија во централниот град Јос настрадаа уште лица.

Имено сојузната држава Кадуна се наоѓа на линијата во Нигерија која ги поделува христијаните на југ и претежно муслиманите на север.

Најчеста цел на напади на Боко Харам се црквите и тоа за време на светите денови во Нигерија.

Велика Британија и САД веќе ги предупредија своите граѓани во Африка дека можно е зголемено насилство за време на велигденскиот период.

http://kurir.mk/svet/vesti/67224-Veligdensko-ubivanje-na-hristijani-vo-Nigerija
 
Закон во Кувајт: Смрт за навреда на Мохамед
Шеријатска тревога во Кувајт. Парламентарниот комитет едногласно ја одобри смртната казна за навредување на Алах или Мохамед, пренесуваат светските медиуми.
Исто така Легалниот комитет едногласно веќе ги одобри амандманите за смртната казна за така нареченото богохулење.
Амандманите ја пропишуваат смртната казна за оние, кои јавно го навредуваат Господ Семоќниот (мислејќи на Алах) или пророкот Мохамед или пак неговите жени.
Имено не постои форма на шеријатот, што не ја содржи смртната казна за богохулење.
Она што е зачудувачки е дека дури и на Западот има муслимани, кои инсистираат дека шеријатот е целосно компатибилен со западните слободни општества.
91FD75B988C7A5488A360DEDB71B2B42.jpg
п.с. Ако крвожедните кураиши одредуваат смртна казна за навреда на лажниот пророк и неговиот “арапски обоен бог“ , колкава ли би требало да биде казната за навреда и девалвирање на Инкарнацијата на Мудроста БОЖЈА - Исус - и Совршениот БОГ Кој што лично во Него ни ја покажа Совршената Вера и Вистина !?​
.​










Ритуалот на фрлање бебиња од високо „за среќа и напредок“, во Индија се уште жив!




Се уште има места во Индија каде се практикува древниот ритуал на фрлање бебиња од балконите или покривите на храмовите „за среќа, здравје и напредок“. Преплашеното бебе прво го протресуваат а потоа го фрлаат од најмалку 10 метри височина. Тоа паѓа во раширено ќебе кое го држат неколкумина, а потоа се предава од раце во раце до неговата мајка која се обидува да го смири!




.



.
 
Закон во Кувајт: Смрт за навреда на Мохамед
Шеријатска тревога во Кувајт. Парламентарниот комитет едногласно ја одобри смртната казна за навредување на Алах или Мохамед, пренесуваат светските медиуми.
Исто така Легалниот комитет едногласно веќе ги одобри амандманите за смртната казна за така нареченото богохулење.
Амандманите ја пропишуваат смртната казна за оние, кои јавно го навредуваат Господ Семоќниот (мислејќи на Алах) или пророкот Мохамед или пак неговите жени.
Имено не постои форма на шеријатот, што не ја содржи смртната казна за богохулење.
Она што е зачудувачки е дека дури и на Западот има муслимани, кои инсистираат дека шеријатот е целосно компатибилен со западните слободни општества.
91FD75B988C7A5488A360DEDB71B2B42.jpg
п.с. Ако крвожедните кураиши одредуваат смртна казна за навреда на лажниот пророк и неговиот “арапски обоен бог“ , колкава ли би требало да биде казната за навреда и девалвирање на Инкарнацијата на Мудроста БОЖЈА - Исус - и Совршениот БОГ Кој што лично во Него ни ја покажа Совршената Вера и Вистина !?​
.​


Ритуалот на фрлање бебиња од високо „за среќа и напредок“, во Индија се уште жив!







Се уште има места во Индија каде се практикува древниот ритуал на фрлање бебиња од балконите или покривите на храмовите „за среќа, здравје и напредок“. Преплашеното бебе прво го протресуваат а потоа го фрлаат од најмалку 10 метри височина. Тоа паѓа во раширено ќебе кое го држат неколкумина, а потоа се предава од раце во раце до неговата мајка која се обидува да го смири!






.






.
Никој не смее да одзема човечки животи,тоа право го има само Бог.Затоа Исламот се повеќе ми личи на сатанска религија со нивните закони и измислици.
 
.

За да ја придобие муслиманската публика, Реал Мадрид го избриша крстот

Реал Мадрид со цел да ја зголеми својата популарност кај навивачите со муслиманска вероисповест се одлучи да го избрише крстот од своето лого.

Реал Мадрид го носеше крстот на логото од 1920 година, кога кралот Алфонсо Осми го прогласи клубот за кралски.

Челниците на Реал Мадрид се одлучиле на ваков потег за да избегнат евентуални недоразбирања и потенцијални конфликти во регионите каде мнозинството од населението е муслиманско, пренесуваат шпанските медиуми.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E15CB714A454014EA11456E135260E15

9DBD352A56354C45A64AE7EF853F2E45.jpg





Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот!



.
 
Хуриет: Закани за Христијанското свештенство во Турција

Христијанското свештенство во Турција изразува загриженост поради растечките закани со кои се соочуваат откако протестантскиот свештеник Семи Серкек беше нападнат на 7 април во Истанбул – пишува весникот „Хуриет“.
Тројца неидентификувани го нападнале и го претепале Серкек на 7 април веднаш по Велигденската служба. Побарале од него да рецитира делови од исламската света книга ( Kelime-i Şahadet, исламско прифаќање на верата ) по што добил силен удар во градите – раскажал Серкек за „Daily News“ – потсетува Хуриет.

Весникот пишува дека свештеникот Орхан Пикалар од Агапе протестантската црква во Самсун живее под 24 часовно обезбедување во последните 4 години стравувајќи од заговор за негово убиство.

- Нападите против христијанските свештеници беа намалени но во последните денови нивниот број порасна. Стравуваме кога ги отвораме вратите за нашите верници – изјави за Хуриет претставник на Ерменската протестантска црква во Истанбул./www.kanal5.com.mk
 
Во Кувајт, смртна казна за „богохулење“.

Куваjт - Кувајтскиот парламент синоќа изврши промени во кривичниот закон и воведе смртна казна за прекршоци како богохулење и навредување на пророкот Мухамед и неговите жени.

Четириесет и шест парламентарци гласаа „за“ заострување на законот кој треба да мине низ второ читање пред да биде официјално прифатен. Против гласаа шиитски претставници кои побараа заострувањето да се примени и врз лица кои би ги навредиле и 12-те имами, но парламентот со кој доминираат сунити го отфрли нивниот предлог.

Извор: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F24D1E95460A1D4082C62504DCD2BC54
 
АРХИЕПИСКОПОТ НА АМЕРИКА БАРА ОД КЛИНТОН СЛОБОДА ЗА ВРАНИШКОВСКИ
Итно ослободување на Јован Вранишковски побараа Архиепископот на Америка при Константинполската Патријаршија и претседател на Соборот на Канонските Православни Епископи на Северна и Централна Америка г.г. Димитриј.
Г.г. Димитриј испратил писмо до американската државна секретарка Хилари Клинтон, во кое навел дека: во име на 65-те Јерарси кои припаѓаат на Соборот на канонските православни Епископи во Северна и Јужна Америка би сакал да го свртам Вашето внимание кон навистина тажната ситуација во која се наоѓа Архиепископот Јован охридски.
`Архиепископот Јован е неправедно затворен додека се обидувал да ги исполни своите верски задолженија и искрено се надеваме дека нашата Влада ќе се заложи во негово име и ќе бара негово пуштање на слобода` стои во писмото.
Инаку екс- владиката Јован Вранишковски се товари за проневера црковна пари и злоупотреба на службената позиција. Ослободување на Вранишковски побара г.г. Димитри во писмото упатено до Клинтон.
извор:http://hajdpark.mk/arhiepiskopot-na-amerika-bara-od-klinton-sloboda-za-vranishkovski/
 
.
“Македонската тајна служба ги украла моштите на Св. Јован?“​
ЧЕТВРТОК, 19 АПРИЛ 2012 10:04 МАКЕДОНИЈА
`Македонија стои зад кражбата на моштите на Св. Јован Крстител` вели Божидар Димитров директор на бугарскиот Институт за национална историја.
Моштите ги снемало пред една недела, но информацијата за кражбата била држена во тајност, пренесува македонската телевизија Алфа. Тие биле изложени во месната црква Свети Димитрија во градчето Сливен. Јасновитците тврдат дека моштите се украдени од жена болна од рак, со надеж дека честичките од светите мошти ќе и помогнат да се излечи.

Божидар Димитров даде изјава за бугарските медиуми во која вели дека зад кражбата на дел од моштите стојат агенти на македонските тајни служби, а за тоа добил информации наводно од македонски колега, пренесува Алфа.

`Скопје претендира дека Исус Христос е Македонец. Според тоа, Свети Јован Крстител, како негов братучед исто така би требало да е Македонец. И обратно. Идејата им е да направат ДНК тест кој треба да докаже дека гените на Свети Јован се совпаѓаат со ДНК-та на македонската нација`е верзијата на Димитров која ја пренесува бугарскиот весник Стандард.

Моштите беа откриени лани на мало островче покрај бугарското приморско одморалиште Созопол, познавачите уште тогаш рекоа дека не му припаѓаат на Свети Јован и го обвинија Димитров дека се поигрува со чуствата на верниците.

МВР на Македонија не сака да ја коментира информацијата од таму велат дека се работи за несериозно и небулозно тврдење од човек чии изјави не заслужуваат внимание.

http://www.time.mk/read/213fd7a73e/0f76ac8ff5/index.html

bozidar_dimitrov.gif
 
“Македонската тајна служба ги украла моштите на Св. Јован?“​
И македонската морнарица потопила 5 американски носачи на авиони...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom