Мотор за почетници?

  • Креатор на темата Креатор на темата ice_cube
  • Време на започнување Време на започнување

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Кој би бил вашиот избор кога ми можеле да бирате мотор, досега немајќи никакво искуство во МОТОРИ (читај МОТОРИ, а не скутери)?
Дали тоа би било некоја бесна 600ка или 1000ка?
Или пак 250ка ?

Каков тип на мотор би сакале???

Ајде да ве чујам т.е читнам, мое мислење ќе напишам подоцна :)
 
Што би ми препорачал мене ? Немам никаква историја со мотори , додуша ни моторче не сум возел... Туку да одговорам на темава , 1000ка ми изгледа бесно...
 
Што би ми препорачал мене ? Немам никаква историја со мотори , додуша ни моторче не сум возел... Туку да одговорам на темава , 1000ка ми изгледа бесно...
Под ,,моторче’’ подразбираш скутер?

Имаш до сега возено скутер ???
 
Не , ништо. Онака ме интересираше што предлог ќе дадеш.
Прво ти треба желба, па после мотор. Ај да не ја тераме офф топик, ако сакаш уште дискусија пиши на профил :)
 
R1 или R6 ,па и CBR RR
 
moe mislenje 125 (aprilia posto se pojaki od drugite) ili nekoj 400cc pa potoa 600 ili 750 ili ako si siguren nekoj 1000 nov motor od 1000 kubika mislam deka e prejako za eden pocetnik ipak 180 ks na nekoj 280 kg e mn :)
 
Aprillia 125cc, доволно додека да научиш да менуваш убаво брзини и стекнеш искуство на кривини затоа што таму нема вртење рачки туку наведнувања после тоа би зел Yamaha R1 и то би било то.
 
kawasaki ninja 250, има (доволно) сила за почетник без да биде "бесен" а и положбата на седење е поприродна отколку на моторите од 600 или повеќе кубика(тркачки). Ова е се разбира за почеток додека навикнеш возење асален мотор, а не скутер. После тоа идат 600+ кубика мотори...
 
не појке од 125 кубици двотактно, некои 35-40 кс и крајна 160-180 км/ч на удолнина... шо и да е, за почетник е доволно. Поголемите машинерии 200 достигнуваат многу лесно, а поради недостатокот на искуство доаѓаме до моментот да се случуваат немили настани.
 
Имаше скутер и инаку од другари шо зимам 125ки онака за кеф за неколку саата.У секој случај кога би купувал мотор за почеток би купил некоја 250ка априлиа максимум до 500 некоја хонда,сузуки.......за почеток е доста.
 
после веспа/скутер,наречете го како сакате... ја би земал 125че на брзини... да ги научам брзините,ова она... е тек после може на 600ка... директно на 1000че не би идел :-)
 
Зависи каков мотор сакаш да возиш ако си за спид / варијанта тогаш Априлијата 125 ка ти е солидна да почнеш како што кажа некој да научиш да менуваш брзини.
Ако си за круисер варијанта тогаш те советувам да земеш најмалку 600ка зошто 125 или 250 ќе ја изгустираш набрзина па требе да купуваш поголем и онака не се дизајнирани за брзински трки па можеш да научиш и на него брзини менување.
 
Поздрав дечки !
Планирам да купам "крос" мотор ,па сакам да слушнам ваше мислење.Почетник сум,никогаш немам возено мотор крос ,освен скутер.Планирам да возам по ридови и планини на долги стази,не планирам некој егзибиции со него да правам.Ме интересира која јачина е најдобра и препорачајте некој модел или продавница.Досега како што гледам и нема некој голем избор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom