Див Закон ....за Дивите Градби !?

  • Креатор на темата Креатор на темата novace
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
Сопствениците на околу 300.000 дивоградби, колку што ги има во државата според процените на општините, конечно, се пред шанса да добијат тапија за своите живеалишта. Владата најави дека процесот на легализација ќе почне наесен откако до крајот на овој месец законот за третман на бесправно изградените објекти, кој сега е во работна верзија, ќе биде на јавна расправа, а потоа ќе влезе во Собранието. Но, заедно со добрата вест на која чекаат речиси една деценија, колку што неколку владини гарнитури најавуваа ваква регулатива, сопствениците на нелегално изградени објекти добија и студен туш. За да го легализираат објектот, ќе треба да обезбедат еден куп документи, исто како да градат нова куќа според сите прописи и за тоа да потрошат многу пари, сето тоа во прилично краток рок од само шест месеци по донесувањето на законот. Првата работа што треба да се направи според работната верзија на законот е да се поднесе барање до општината на чијашто територија е објектот. Освен уверение за државјанство или извод од Централен регистар, ако се работи за фирма, и доказ за приклучок на комунална инфраструктура и сметки за струја, вода и слично, тие што ќе бараат легализација на објектот до општината ќе треба да достават уште и геодетски елаборат за нумерички податоци
:ija:
 
од шупље у празно батка- боље речено ДИВ ЗАПАД
ќе ги ашкаат по шалтерите како и за се’ друго- додека на чоека не му скурчи и сам се откаже
 
од шупље у празно батка- боље речено ДИВ ЗАПАД
ќе ги ашкаат по шалтерите како и за се’ друго- додека на чоека не му скурчи и сам се откаже

епа нека им ги срушат а шо викаш ...
 
Сопствениците на околу 300.000 дивоградби, колку што ги има во државата според процените на општините, конечно, се пред шанса да добијат тапија за своите живеалишта. Владата најави дека процесот на легализација ќе почне наесен откако до крајот на овој месец законот за третман на бесправно изградените објекти, кој сега е во работна верзија, ќе биде на јавна расправа, а потоа ќе влезе во Собранието. Но, заедно со добрата вест на која чекаат речиси една деценија, колку што неколку владини гарнитури најавуваа ваква регулатива, сопствениците на нелегално изградени објекти добија и студен туш. За да го легализираат објектот, ќе треба да обезбедат еден куп документи, исто како да градат нова куќа според сите прописи и за тоа да потрошат многу пари, сето тоа во прилично краток рок од само шест месеци по донесувањето на законот. Првата работа што треба да се направи според работната верзија на законот е да се поднесе барање до општината на чијашто територија е објектот. Освен уверение за државјанство или извод од Централен регистар, ако се работи за фирма, и доказ за приклучок на комунална инфраструктура и сметки за струја, вода и слично, тие што ќе бараат легализација на објектот до општината ќе треба да достават уште и геодетски елаборат за нумерички податоци
:ija:

Епа ај ништо нека не праат само нека им ги даат тапиите :tapp:
тоа шо го бараат требало да го направат пред да градат .. а ако изградиле на диво и без никакви документи еве им шанса да се легализираат ... како впрочем сите останати ...
 
На неполн километар од мене има изградено еден куп довоградби (над 30-40 куќи) и тоа наредени се не по некој редослед туку како на газдата му текнало така си ја градел. Памтам коа градеа дел од нив (пред појќе од 15 години) протестиравме пошто го испосекоа зеленилото што таму беше - срушија две три, а другите си останаа до денес. Е сеа ако останат така и се легализираат - ќе грдат цела населба, а плус и изградени се на супер место кое баш одговара за спортска сала, парк, трговски центар (едно време и за тоа беше наменето, ама мислам се откажаа)

Интересно е што дел од куќите се поголеми и поубо средени од мојата. Интересно е што не мал дел од куќите се на личности кои се на функција (и ко законот ништо да не им може). Имале пари да градат палати, а немале да го напраат тоа легално. Ако јас се прашувам треба тоа сето да се срамни со земја. Тие што имаат пари да си платат фино лепо па да си градат (ко што е редот), а тие што немаат нема да ми пречи и од буџетот да одвојат повеќе сретства за изградба на социјални станови... ама не и да се легализираат.
 
тие што немаат нема да ми пречи и од буџетот да одвојат повеќе сретства за изградба на социјални станови... ама не и да се легализираат.

Знаеш колку чинат 'социјалните' станови ?!?
 
Знаеш колку чинат 'социјалните' станови ?!?

а тие што немаат нема да ми пречи и од буџетот да одвојат повеќе средства за изградба на социјални станови
Повеќе, не значи за сите. Мене нема да ми пречи, за тебе не спомнав
 
На страна киксевите кои се прават во некои сфери, овде нема ништо спорно. Како што другите ваделе документи, чекале на шалтери, плаќале за приклучк на вода, струја...така и дивоградбите. Сум двоел приклучок за струја и вода, знам дека е голема пара плус документации и трчкање...зошто истото да не важи и за оваа група граѓани баш и не е јасно.
 
Од мојата улица се скршнува по еден пат и натаму има дивоградби, градени се без никаков ред, како ќе им текне така. И сеа ако се легализираат на што ке личи градот?:nenene:
 
Одсекојпат сум мислел ....дека само „државата„ е таа што за се крива..поточно..тоа е според денешната терминологија всашност денес виканата ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА...
А еве и зашто..одсекојапат овде ...си виреела корупцијата...поред постоечките ни Закони..кои се такви какви што си се...„украс„ на оваа т.н. „правна„ држава..
Потребата од ширење на населениот простор со градби за станување и за работа..т.н. индустриски дел на градот..е ...и одсекојпат било оставено на локалните планери...ама??
Со какви и колку такви локални „планери„ ние си имаме и досега имавме ....завршиле ли некаква „работа„..квалитетно мислам а?
А фајдето од тоа ..се гледа насекаде..Скопје е центарот на т.н. УРБАН ХАОС Македонбски...составен од палијативни и неиздржани (секакви) решенија..буквално насекаде каде ти допира погледот и за билошто ...да почнеш да анализираш..ХАОС населено место...со амбиции на „велеград„..односно само една поголема паланка ..населена со истотакви (и во умот и џебот луѓе)
Коментирам посебно за тоа...од т.н. Центар (СЕЛСКИОТ ЅИД...ууупс Градски чинам дека беше!!) па се до квартот на „благонадежните„ некојпат викани црвени буржуи..денес големи демо(Н)крати...хехе..:nesvest:
Ајде сега ДОСТА (не е Димоска) ...попосле за останатото..за кудење нели...што имам во и на ум останато..хехе:salut:
:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom