BOJ@N
Штрумф Текнувало

По жителите на источниот регион, со најмала животна среќа се оние од југоисточниот регион, а со најмало животно задоволство се луѓето од Пелагонија
Иван Бојаџиски
Штип - Најнесреќните и најнезадоволни луѓе во Македонија живеат на истокот од државата. Тоа го покажува истражувањето што го направи Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, а кое е финансирано од УНДП. Истражувањето се заснова врз илјада испитаници во осумте плански региони во државава. Анализата покажала дека по жителите на источниот плански регион, со најмала животна среќа се жителите на југоисточниот регион, а со најмало животно задоволство луѓето од Пелагонија. Најсреќни и најзадоволни од животот се граѓаните на југозападниот регион, по кого, според нивото на среќата и задоволството, се граѓаните од скопскиот, полошкиот и од вардарскиот регион.
повеќе
Што мислите за истражувањто? Дали се сложувате со овие заклучоци?