Руските инвестиции во Македонија земаат замав!

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Руските инвестиции во Македонија, освен во нафтената индустрија,продолжуваат успешно да се шират и во другите сегменти на енергетскиот сектор, како и во металургијата. Како резултат,пред се од глобалната економска криза, увозот од Русија лани беше намален за 46 отсто, но истивремено не се преќина трендот на пораст на руските инвестиции во Македонија.
Инаку, ние оттаму го убезуваме речиси севкупното гориво за потребите на земјава, поточно 97% од нафтата. Македонија само врз таа основа годишно издвојува околу една милијарда долари. Притоа порастот на годишно ниво изнесува 17 отсто.
Најголемата Руска инвестиција во Македонија е онаа на руската компанија Лукоил која во Македонската економија досега има инвестирано 32 милиони долари. Таа има изградено и пуштено во употреба 11 бензински пумпи, а до крајот на годинава планира нивниот број да го Зголеми на 15. Во моментов оваа руска компанија покрива осум посто од малопродажниот пазар на гориво. Покрај сопствените станици, со гориво се снабдуваат уште 40 бензински пумпи на територијата на Македонија. Во 2009 Лукоил во македонскиот буџет уфрли 1,5 милијарди денари или околи 35 милиони долари.
Оваа компанија е заслужна и за воведувањето на моторното гориво од типот ЕУРО 5, укинувањето на увозните давачки за дизел горивото еУРО 5 и либерализација на извозот на останатите моторни горива што ќе се реализира од почетокот на наредната година.
Компанијата Солвеј пак со Руски капитал успешно врши експлоатација на оловно-цинкова и бакарна руда. Рудникот Саса секоја година преработува 879 илјади тони оловно цинковна руда, а во него работат 900 луѓе.
Инвестициските програми и техничката опременост на рудникот и овозможија на компанијата во најкритичниот период на Глобалната криза да го зачува нивото на производство и да не отпушти ниту еден работник.
Оваа компанија секоја година во капитални објекти инвестира два до три милиони евра, а вкупниот обем на директни инвестиции на компанијата од 2005 година досега изнесува повеќе од 30 милиони евра.
Изградбата на енергетскиот објект - теплоелектростаница со парагасовен цикл ТЕ-ТО е инвестиција на компанијата Синтез. За две години инвестирани се повеќе од 100 милиони евра, а во изградбата на објектот вклучени се македонските градежни фирми Бетон, Факом и Гама.
Руската енергетска компанија Силовие машини на крајот на минатата година склучи договор со македонската компанија ЕЛЕМ за реконструкција и модернизација на трите блока РЕК Битола. Овој договор е во вредност од 56 милиони евра, а реализацијата на проектот треба да биде завршена за три години. Така со реализацијата на овој проект РЕК Битола во следните 20 години ќе може да ја снабдува Македонија со електрична енергија.
Статистичките податоци покажуваат дека во периодот од 2003 до 2008 година обемот на стоковна размена меѓу Македонија и Русија се зголеми за повеќе од петпати, така што во 2008 година изнесуваше речиси една милијарда долари.

Извор www.biznis24.com.mk

Мојот резон е следен:
Ако Русија ја запре испораката на нафта и гас кон Македонија дали ќе може Македонија тогаш да се снабди со нафта од Западот
 
Русите сè поактивно и поактивно инвестираат не само во Македонија, туку општо на Балканот. Црногорското приморје е скоро цело откупено од руски милијардери кои градат вили, хотели, одморалишта и стамбени објекти. Македонија има доста неискористен потенцијал од секоја област во што русите гледаат одлична инвестиција.
Стратези се и тоа доста паметни. Ќе вложат капитал, можеби ќе ја збогатат земјава ама и ќе си добијат огромен капитал назад.
Како и да е, нема да видиме ништо лошо од неколку странски инвестиции. Посебно не кога доаѓаат од толку јаки инвеститори:)
 
Полека, но сигурно, ќе биде.
Самонаречените НАТО пријатели не ни требаат.
 
Охооо што се нема да прочитам на форумов, работава стигна и до запирање на нафтата и гасот кон западноевропските земји, кое сценарио за жал никогаш нема да го видиме, дури и некогаш ако бидат ептен влошени односите меѓу ЕУ и Русија. :)
Убава е секоја инвестиција во државава, а бизнисменот не гледа историја, јазик и идентитет туку гледа профит во секоја инвестиција, него го интересира само профитот и ништо друго.
Кога сме веќе кај тоа тогаш да, секоја инвестиција е убава, па дури и оваа.
Е, кога сме веќе кај погледите на Русија спрема Македонија, е тоа е веќе друга тема, тема за која многумина Македонци не знаат и ние каков народ сме во очите на Русите.....
Сега не знам темава за што се однесува, според насловот и коментарот на тој што ја креирал темава добивам впечаток дека самиот автор сака да каже дека треба да се ориентираме повеќе кон Русија него ли кон Америка, и дека ние сме братски словенски народ дрн, дрн јариња..Ринге, ринге јаја, Mother Russia Vasilly Zaicev.......Чекам одговор.
Ако се однесува темава за тоа дека ние треба да стоиме многу добро со Русите, зошто ние сме братски народ тогаш ќе ви кажам подобро немојте, по се изгледа многумина не знаат ние што сме за Русите и ден денес.
Нас не ни треба НАТО точно, но уште повеќе не ни треба Русија.Русија и ден денес опстојува на истиот начин како што опстојуваше СССР: ги цица максимално сите свои „жртви“ (без разлика дали е тоа економско цицање или др. важно и е само да профитира на твој грб), на секој можен начин.
Да не говорам за тоа дека за 90% од руските преродбеници ние сме биле одсекогаш Блгарчета.....
 
Aбе Borg_Drone јас ја креирав темата од причина што ја поштовам Русија како братски народ, а и друго од причина што сум промотор на здрави идеи за здрава иднина на Македонија.
Еве јас да би бил претседател Со Русија би потпишал и воен сојуз, со кој би се развила и воената индустрија кај нас. Од друга страна, на рускиот пазар би се извозувале нашите земјоделски производи, вино, а градежните компании би учествувале во рускиот градежниот бум. Руските туристи би донеле огромни проходи, бидејќи токму Русите трошат најмногу средства на своите патувања. Земјата би ја отворил за продажба на недвижности на руските граѓани, бидејќи овој бизнис Русите го развиваат во Црна Гора и Бугарија. Всушност, ако подобро размислам, Јас би влегол во сојузот Русија-Белорусија.
Паралелно со Русија, би се одвивала и соработката со Кина. На Кина ќе и биде потребен стратешки партнер во Европа во следниве години, а Македонија има одлични карактеристики за тоа кинеските претпријатија би отвориле бројни производни погони во земјава од секаков тип, со што Кинезите би заштедиле на превоз на стоката од Кина до Европа. Со Кинезите би го развиле и туризмот, а нашите компании би биле дел од инвестицискиот бум на Кина.
Со Индија би ја развивале компјутерската технологија, со што Македонија би станала Бомбај во Европа. Исто така, во Индија би ги продавале нашите производи, бидејќи на европскиот пазар, ем се неконкурентни, ем Европа си ги штити своите производители.
Како последен стратешки партнер би ги избрал земјите од Движењето на неврзаните, коишто би ни биле главен пазар на нашите производи. Во моментов Македонија не ја интересираат неврзаните земји, иако Хрватска е активен член на ова движење, а Иво Санадер беше учесник на последниот самит во Хавана, Куба. Сите овие земји би ни биле стратешки партнери во политиката, економијата, културата, со што барем малку би се одвоиле од империјализмот на Америка. Со ваквата стратегија би обезбедиле економски развој, но и независност од европските земји и С.А.Д.
 
Zaptija Stojkov ZA PRETSEDATEL!!!!!!!!
 
Затоа неможам да поминам по улица,гужва од руски инвеститори:icon_lol:
Шала на страна,мислам дека Македонија не им е на мапата.Црна Гора е цела купена од нив,значи во соседството не планираат да влегуваат.
 
Добро е ако е така, само да не испадне како со другите бум "инвестиции"...Бунарџик не се гледа од трева и дрвја...или Свид милк.
Едно време (што не е невообичаено за нашата влада) русите имаа проблем, имаше застој/проблем со бензинските и плацевите за нив, ваљда го решија тој проблем.

Вон темата и русите -кога гледам бројки за инвестиции во другите држави као на пример
Inflow of foreign investment into Poland in the 1st half of the year 2010 According to the data published by NBP, the total inflow of foreign direct invenstment (FDI) into Poland from January till June 2010 reached over EUR 5 billion, which is 75% more than in the corresponding period of 2009. In the first half of 2010, the Polish Information and Foreign Investment Agency (PAIiIZ) successfully accomplished 29 new investments of a total value of EUR 377 million. The new investments will create over 6.000 job positions throughout Poland.
не ми се верува дека имало криза...за пола година 5 милијарди евра.
Нашиве сеуште спијат и чекаат некој да им тутне инвестиција у скут.
Се извинувам за офтопиков, така ми дојде :)
 
^
Нас очајно ни требаат производствени капацитети. Бензинските Лукоил и не ми се некоја голема инвестиција. Едни бензински се отвараат други се затвараат. Единствено можеби гасната централа.
Иначе за Полска што ја спомна малце е и неблагодарно да се споредуваме со земја која е 12-13 пати поголема од Македонија, 38 милиони жители, излегува на море врска помеѓу Германија и истокот. Ние да имаме 1/6 или 1/8 од тие инвестициите кои велгуваат во Полска треба да бидеме презадоволни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom