Берово

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Во источниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 800 до 900 метри, во подножјето на Малешевските Планини (највисок врв-Кадиица 1932м) се наоѓа Берово, мало планинско гратче.
Берово и Малешевијата се мала територија, но во нив постои уникатна комбинација од изнвонредно сочувана природа, културно-историско наследство, етнографија, традиционална музика и ракотворби.
20120512-berovo1.jpg

Во Берово владее умерено континентална клима која на некои места се модифицира и преминува во планинско-континентална, а се карактеризира со студени зими и свежи лета.
Берово е град со највисока концентрација на кислород на Балканот. Средната годишна температура во општината е 11.1˚C. Берово е град со најмногу сончеви денови во текот на годината во Република Македонија, со просечен износ од 6.4 сончеви часови дневно.
berovo-brana-sneg-500.jpg

Интересни места за посета:

Историско-етнолошкиот Музеј на Берово
Cместен во зграда од 19-ти век и е реновирана со задржување на автентичниот стил на градба. Историската поставка се состои од документи и предмети од времето на Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георѓиев Беровски, Разловечкото востание... Како дел од поставката се и антички и средновековни монети, кои говорат за економскиот развој и трговските односи на Малешевијата. Етнолошката поставка се состои од реконструкција на малешевска соба, малешевска носија, малешевски накити, грнчарско производство, музички инструменти и реконструкција на малешевска ковачилница.
7.jpg

Црквата Св. Архангел Михаил
изградена во периодот од 1815 до 1818 г., се наоѓа на излезот од Берово, на патот кон езерото. Ликовите на светителите се насликани во карактеристичен стил кој отстапува од византиските канони. Женскиот манастир при самата црква играл важна улога во народно-ослободителната војна на македонскиот народ, како и во описменувањето на нашето тло, со делувањето на првото келијно училиште, денес се сочувани голем број на стари книги кои предизвикуваат почит и восхит.
arhangel-mihail3.jpg
arhangel-mihail1.jpg

Црквата Рождество на Пресвета Богородица
е еден од препознатливите белези на Берово, таа се наоѓа во центарот на градот и на збиднувањата за жителите и посетителите, изградена во 1912 година, а осветена во 1922.

Беровско езеро
IMG_6666_resize.jpg
Беровско Езеро се наоѓа на 6 км од Берово, по патот за граничниот премин Клепало. Езерото е со површина од 0,57 км². Браната е изградена во 1970 г. со височина од 60 м. и една од најголемите лачни брани во Р. Македонија. Бреговите на езерото се со бујна шума борова и листопадна. На зарамнините се протегаат терени со разнобојни цвеќиња, шумски плодови и разни чаеви. За надополнување на времето за простор и рекреација во езерото постои и можност за спортски риболов. Покрај езерото има и ресторан, со 19 бунгалови за сместување на туристите и детско одмаралиште.Tуристичкиот локалитет се наоѓа на брегот на Беровско езеро и надморска височина од 1000 м. Долж езерото се протегаат голем број вили, кои што можат да се изнајмуваат, прекрасни терени за излет, рекреација и спортови. Со урбаниситчкиот план за развој на овој локалитет предвидени се места за изградба на викендички, хотелски комплекси и други рекреативни содржини, при тоа водејќи сметка да не се наруши природната рамонтежа.
berovo38.jpg
 
Прекрасно! природа = вистински живот! :vozbud:
 
Во Малешевскиот регион се уште се негуваат и практикуваат традиционалните занаети: копаничарство, кујунџиство, ковачкиот, калајџискиот, ткајачкиот
- Жените од Малешевијата како чувари на традицијата сеуште со голем ентузијазам обработуваат волна од овци и кози и изработувајки облека, јамболии, килими, черги и др.
- Филцот е техника која во Mалешевијата e позната од многу одамна, како правење на „калчини“, потколеници и елеци
- Копаничарите од Малешевскиот регион се познати по квалитетната изработка на секаков вид резба – плитка, длабока, поткопана, ажурна и скулптурна, како и по раскошните декоративни елементи за ентериери.
- Кујунџиството и златарството како занаети биле неразделен дел од секојдневниот живот на Малешевци.
- Бачила и колиби каде што на традиционален начин се одгледуваат овци и се подготвува надалеку познатото Малешевско сирење и специфични млечни специјалитети
- Малешевијата се гордее со својот компир и слива, но и еколошки произведената и здрава храна
- Млекото од овците, кравите и козите се користи и за правење на познатите малешевски специјалитети: Малешевско (Беровско) сирење, биено сирење, жежено сирење, кашкавал, буламач, урда, матеница и др
- Пчелите што Малешевци ги одгледуваат го даваат најдобриот мед - планински и ливадски. Медот може да го вкусите и со многубројните додатоци како ореви, бадеми, лешници. Освен медот многу барани производи се и матичниот млеч и прополисот, кој наоѓаат примена во лекување на разни болести. Медот во саќе е пак своевиден специјалитет.
- Природата во Малешевијата е исклучително богата со шумски диви плодови. Во зависност од годишното време, може да вкусите диви јагоди, капини, малини, боровинки, трнки, дренки, јаболки, сливи или пак да понесете со себе разни лековити билки за чај .
blackberries460.jpg


411E919BED009744BA01DDCEEAA5E34D.jpg


6005.jpg


Културни настани

Бројни културни настани кои се случуваат со децении наназад и говорат за традицијата, обичаите, животот на месното население:

20 Јануари - Ратевски карневал “Бамбурци“
Овој карневал е културна манифестација, која се одржува во с.Ратево, а директно е поврзана со верскиот празник “Собор на Свети Јован Крстител“ – Јованден. Маскирањето е традиционално со животински кожи и звона. На карневалот учествуваат со маски гости од други места од Македонија и странство.

Март/Април - Велигден. Избор на најцврсто и најубаво декорирано јајце.
Секоја година на Велигден се организира културана манифестација и натпревар за избор на најцврсто јајце (качор) и за најубаво украсено јајце.

2 август: Илинден
Секоја година и во Берово се одбележува националниот празник со два поводи: одбележување на Илинденското востание и одбележување на Заседанието на АСНОМ.

10-18. 08. – Ликовна колонија Берово
Ликовната колонија Берово, континуирано се организира од 2003 година и има меѓународен карактер, со учество на уметници од Македонија, Бугарија и Србија. Делата кои ќе произлезат од неа, секоја година се изложуваат во Берово, како и во повеќе градови низ Македонија.

23. 08. – Ден на Општина Берово
Денот на ослободувањето на Берово е празник кој е проследен со традиционален вечерен концерт, како и низа на културни настани во текот на денот, меѓу кои и изложба на дела од Ликовната колонија.

23 - 28. 08 - Меѓународен фолклорен фестивал “Малешевски фолклорни средби“.
Секоја година во месец август во Берово се организира меѓународен фолклорен фестивал, на кој е домаќин КУД “Димитар Беровски“ од Берово, а земаат учество фолкорни состави од Р. Македонија, Р. Бугарија и Р. Србија.

27 - 28. 08. – Етно Плоштад фестивал-меѓународен етно фестивал
Етно капм- концерт и музичка работилница која обединува интернационални признати изведувачи
„Малешевијата на дланка“-саем на традиционални прoизводи здрава храна, вешти раце и сувенири и резби
Малешевски фолклорни средби

28. 08. - Успение на пресвета Богородица
Празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, е временски врзан со меѓународниот Етно Плоштад фестивал.

Октомври - Меѓународно рели со теренски возила
На почетокот на октомври, во организација на АМС на Македонија и Џип рели спорт Скопје, Берово секоја година е домаќин на меѓународно рели со теренски возила. Настанот се организира на месноста Шушлевец, на патека која е специјално подготвена за потребите на релито.

Октомври - Ден на компирот во Малешевијата.
Манифестацијата е со изложбено-продажбен карактер, на која што се претставуваат различните сорти компири и за време на која што можете да дегустирате од локалните специјалитети од компири во комбинација со прочуените малешевско сирење и малешевска сливова ракија.

Декември - Поход од с. Русиново до Петлец
По повод одбележувањето на денот на смртта на македонскиот револуционер Дамјан Груев и оддавање чест за неговото дело, секоја година се организира поход од с. Русиново до планината Петлец, на местото каде што е тој убиен во 1906 г.
 
За оние кои сакаат летово малку да уживаат во убавините на Берово, еве информации за сместување :smir:
 
Ај ве молам, дајте цени на сместување, кога има слободно место, искуства таму:) Баш би сакала да одам на викенд или подолго!
 
Ај ве молам, дајте цени на сместување, кога има слободно место, искуства таму:) Баш би сакала да одам на викенд или подолго!
Кликни на линкот што го оставив за сместување :smir:
 
И мене ме интересира :raz:

Бев пред 2 години одприлика во Берово, не верувам дека нешто се изменило од тогаш :) Преубаво место! Реткост таква убава природа кај, кога ќе отидеш покрај езерото се осеќаш ко да не си во Македонија туку ко да си некаде далеку од целото ѓубре и нечистотија што се наоѓа кај нас. Се надевам дека нема да го искомерцијализираат местото и дека ќе остане мирно и убаво ко што беше тогаш. Ако некогаш сакаш да отидеш некаде и да се релаксираш Берово е правото место.
 
^ Не ми се верува да остане така. Пошто моментално таму се најголемите котробанџии(дрвосечачи) и перат пари преку тоа, ќе ја исечат цела шума еј. Опасно е.
 
Пред некое време гледав на Тв емисија за Берово...го знаете тој митот за невестата и за тие камењата што се таму исправени сите....( ме занима како се вика таа околија пошо таму сакаме да одиме на посета и од кај можеме да стасаме затоа)
 
Еве ви еден предлог за викендица блиску до Пехчево во месноста Равна Река.
Чодосова колиба се наоѓа на 10км од Пехчево, во близина на изворот на река Брегалница. Опколена е со прекрасна борова и букова шума, во близина се наоѓаат спортски терени, пешачки патеки и познатите Пехчевски водопади, прекрасно место за спорт, одмор и рекреација.

Доколку Ве интересира повеќе погледнете на:

http://www.ravnareka.tk
 
Некој кој бил во брзо време накај Берово да предложи добро сместување?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom