Ipsissimus
P.I.
Нема човек кој не се запрашал што е поентата што сум тука? што е поентата на животот? Сиромашните се убедени дека смислата е во богатството а од друга страна сведоци сме дека славните и богати личности многу често завршуваат во клиники каде се лечат од депресија, алкохолизам и разни зависности.
Историјата исто така е сведок за многу обиди да се направи општество каде утопијата ќе биде релност - случаите како комунизмот на пример, но сите овие обиди паѓаат во вода. Причината според мене е едноставна, за да најдат смисла во својот живот на луѓето им се потребни предизвици, а предизвиците неможат да постојат доколку нема проблеми и пречки.
Реалноста се базира на едноставните принципи на акција и реакција, ако го исклучиме едниот дел неможно е да постои ни другиот, тоа што религијата на пример го нуди како опција е токму тоа - исклучување на едниот дел кој го сметаме за непотребен. Според религијата луѓето кој без преиспитување се потчинуваат на одредени правила вечноста ќе ја поминат во утопија кај што нема проблеми и пречки! Па има ли поголем пекол од тоа? Вечноста е мнооогу долго време, замислете ситуација во која се што посакувате се остварува можеби одредено време ќе изгледа совршено и идеално, но запамтете дека зборуваме за вечноста, не за 100 години или 1000 или милион...туку засекогаш!! Ако ја употребиме логиката и не е толку тешко да сватиме дека смислата на постоењето е ИСКУСТВОТО не некое одредено искуство туку се она што го искусуваме во животот. Најдобриот начин за тоа е преку искусување на контрастите замислете на пример дека никогаш во животот не сте виделе ноќ, вашето искуство за денот и на оној што знае што е ноќта не е воопшто исто, иако гледате иста работа!
Кога ќе сватиме од колкаво значење е потребата да се искусат сите перспективи, доаѓаме до заклучок дека едноставно неможат да постојат непотребни работи, бидејќи на одредено ниво се има причина зошто постои. Ако на пример замислиме дека тркалото од автомобилот е способно да размислува, од негова перспектива вртењето во круг е смислата на неговото постоење, но од перспектива на возачот е одредената дестинација на која тркалата треба да го однесат автомобилот! Ако дестинацијата на која стигне возачот од негова перспектива не е нешто посебно од некоја друга е! и така се до недоглед!