Од хеликоптер до џип за една минута
Според концептот, воениот хибрид може да носи четворица војници со полна опрема и да патува на оддалеченост од 400 километри со еден резервоар, кој ќе собира 520 литри гориво
Воен хибрид што од хеликоптер се трансформира во борбено возило за една минута е последната креација на ДАРПА, одделот за технолошки развој на американската армија.
Концептот на хибридот, кој би бил опремен со два ротора и со два мотора (стабилизатора) за полетување и за спуштање на борбеното возило, е изработен во соработка со приватната компанија АВХ која се наоѓа во сојузната американска држава Тексас.
Хибридот е дел од програмата „трансформери“ на ДАРПА, чија цел е да им дадат технолошка надмоќ на американските трупи распоредени во зоните во кои беснеат воени конфликти, како Ирак и Авганистан.
- Најголема закана за трупите што патролираат во Ирак и во Авганистан се мините и рачно изработените бомби што бунтовниците ги поставуваат на проодните патишта и на главните рути по кои се движат воените конвои. Ваков хибрид би можел да ги прелета минските полиња и да ги спушти единиците на безбедна оддалеченост од бомбите. Или, пак, во друга ситуација, кога војниците се наоѓаат под силен непријателски оган, а повлекувањето е невозможно да се изведе по копно, хибридот им дава можност да одлетаат од бојното поле - велат инженерите на ДАРПА.
Според концептот, воениот хибрид може да носи четворица војници со полна опрема и да патува на оддалеченост од 400 километри со еден резервоар, кој ќе собира 520 литри гориво. Максималната брзина на хибридот на копно би требало да изнесува 138 километри на час, а дури 225 во воздух.
Инженерите на АВХ, пак, додаваат дека хибридот ќе биде многу лесен за управување, а на војниците, освен основната обука, нема да им биде потребна пилотска дозвола за хеликоптер.
Американските медиуми и списанијата за воена техника објавија дека сите нацрти и концепти за хибридот се на разгледување во Пентагон, од каде што се чека одобрение на футуристичкиот проект и финансиски средства за изработка на прототип на хибридот.
http://www.time.mk/read/NONE/ad0017e9b7/index.html