Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Катастрофа се сите... и тие што едно време држеа до некој квалитет сега се очајни... Многу е важно тоа што телевизијата е главниот фактор кој го создава јавното мислење, па со оглед какви ни се телевизиите, народот затупува... Ај неколку збора за најгледаните телевизии во Македонија
Сител: 100% партиска телевизија, платен владин маркетинг, ширење пропаганда, постојана критика на опозицијата и глорификација на власта, величење на сесрпското, ни `о` од објективно новинарство, вестите од светот се до Триглав (ништо подалеку), ретко кога даваат македонска музика (пример: берберот го неам слушнато нешто македонско да испее), делење бумбари со мисла дека така Македонија ќе излезе на прав пат, екс-ју филмови (Сутјеска, Ко то тамо пева, Жика,...), ривалство со А1 во глупоста за турски серии, постојано менување на термини само да се поклопи Ѓумуш со што и да е од филм на А1, Латас - но комент, Ивона - дабл но комент... Останете со програмата на Сител зошто Сител е секогаш на ваша страна...
А1: за инает на Сител ќе плука по Власта, ќе брани дилери на дрога и слично, полека но сигурно ја губи и таа мала објективност во известувањето што некогаш ја имаше, ги заштитува Албанците и ги прави дека се најобесправениот народ на целиот свет (бетер од евреите во ВСВ 2), Тркало на среќата - тиња шоу со турбо фолк нумери од инстант ѕвезди од естрадата, Вучиќ е дел од шлагот на кичерајот, друштво му прави Зоки Клингонски со своите `трач њуз` и `фотошоп папарацо` ексклузивитети, не се стабилни кога зафаќаат една страна (плукаа по Бум ТВ, а сега се ко г`з и гаќи), што беше тоа филм на А1?, пренатрупаност со серии, турски квази - крими со бедна синхронизација, Шехерезадоманија по 2 пат (се разбира на наше барање), кратење на епизоди кај ќе им текне, реклами од по половина час, Хедис таолетна хартија, Хедис улошки, Хедис сок, наполитанки, Хедис.. Хедис... милион квизови за праќање порака (50 ден.) а еднократна награда од 3000 денари вауууу.... и се разбира се за земјоделците.... Од страв дека го губат рејтингот,во очај постојано напоменуваат за својата `објективност`...лесно е да кажеш `објективност`, ај малку и практикувајте ја...