ДООЕЛ ИЛИ ТП ... Која е подобра солуција ?

  • Креатор на темата Креатор на темата macedonian1
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 јули 2010
Мислења
14
Поени од реакции
1
Дали е вистина дека ДООЕЛ е потешка варјанта од ТП за мал бизнис, сум слушнал дека многу повисоки казни поригорозна тарифа има за ДООЕЛ , и дали може да се трансформира веќе постоечка фирма од ДООЕЛ во ТП без да згасне...или мора да се ликвидира фирмата , не сум запознаен со оваа тематика, ако знае некој како иде подобро нека помогне позз
 
Може да се трансформира фирма во било која форма.
Иначе не ги знам тие ригорозни тарифи, али можам да ти кажам дека ДООЕЛ е посигурна варијанта од ТП бидејќи во ТП за своите обврки одговараш целосно и неограничено со целиот свој имот, додека кај ДОО со она што е на фирмата.
Изборот е твој.
 
ТП или трговец поединец е ФИЗИЧКО ЛИЦЕ со регистрирана дејност (врши трговија). ДООЕЛ, ДОО... се правни лица и одговараат со целиот свој имот (друштвата), сопствениците одговарат во висина на оснивачкиот влог.
За да се ликвидира ДООЕЛ, доколку нема имот се затвора постапката. ТП одговара трговецот (во случајов Физичко лице) со целиот свој имот.
накратко, за едноставен чесен бизнис ТП, доколку планирате понатамошен развој и проширување ДООЕЛ, ДОО и сл е подобра опција. ТП не можеш да трансформираш во ДООЕЛ (ТП е физичко лице).
П.С
за казните си ви право, поголеми се за правни лица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom