Македонски сиромав милионер: Од палата во шатор

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Од 7-катна раскошна палата, ова е сега домот на Јосив Мирчевски. Бизнисменот стана бездомник. Тука вели дека е целиот негов живот. Потстанар во дворот на неговата куќа. Го избркаа со извршители, поради невратени кредити кон Стопанска Банка и Кјуби Македонија. Не е лесен падот од височините, на дното.

-Ноќеска врнеше,ама земав чадор и така успеав да отспијам неколку часа.

-А до кога вака?

-До крајот на мојот живот. Јас немам намера да се иселам од куќата што е моја сопственост, вели Јосив Мирчевски.

Мирчевски упорно се обидува да докаже дека незаконски му е одземена куќата, но вели дека кај што има сила, нема правдина. Во катастарот имотот се уште се води на негово име.

-Куќата се уште е моја. И јас не можам да сфатам како може да ангажираат приватна агенција да ја обезбедува. Што обезбедуваат тие, чија куќа, прашува Јосив Мирчевски.

Сиромавиот милионер смета дека е ограбен. Должел околу 300 илјади марки. А оваа куќа во центарот на Скопје вреди неколку милиони евра. Од Стопанска велат дека постапиле законски, но не сакаат да откријат детали за нивниот клиент, повикувајќи се на Законот за заштита на личните податоци. Од Кјуби Македонија објаснија дека долгот на Мирчевски бил милион марки и плус камати и дека цели 11 години воделе судски постапки за да им се предаде во владение имотот. Мирчевски засега останува во дворот и се подготвува да помине уште една вечер под отворено небо.

ВИДЕО ТУКА
 
Нема играње со банки...ако должел пари, тоа е.
Во овој случај станува збор за неодговорност, а не неправда...
 
Има скали за нагоре и има скали за надоле. Баш како во приказната!
 
Еее тоа е се преваратнска работа со банките гледат само како да ти ги земат парите ...
 
Човекот си отворил приватна фирма,на име на таа фирма си земал кредити кога дошло време да си ги плати кредитите си ја опнал во стечај фирмата и си мислел дека никој ништо не му може и дека парите ке му останат бакшиш уствари си мислел дека ја заебал банката арно ама не било така па од голем транзициски хоштаплер бизнисмен,опинчарот сие повторно опинчар
 
Како памет за "ГОЛЕМИТЕ газди" е овој случај. Нека се множат :baeh:
 
Се врти тркалото, час горе, час долу.
Не се радувај толку кога си горе, се што е убаво кратко трае. :smir:
 
Многумина се преценуваат, филмовите кои си ги прават пред да земат кредит се само лага наменета за сопствено убедување дека ќе успее да го врати кредитот. И обично се завршуваат со брза одлука дека, за кредитот кој сака да го земе ќе нема никаков проблем да го врати. Но, се започнува со втората рата, која полека започнува да се одложува и така...еј, наредниот месец ќе платам две...Па се додека не стигне до ова...
 
Има скали за нагоре и има скали за надоле. Баш како во приказната!
Лошото е од „висока нога“ да дојдеш на питачки стап... да неречам да треба да врзиш каиш на последната дупка и да јадиш еднаш на два дена колку за да преживејш.


И не се ситете на човекот, секој што останал без покрив над главата е за сожалување, а не за коментари од типот на убо му се напрај...
 
Американски милијардер, мислам дека за Доналд Трамп се работеше од ништо се обогати, па се изгуби па на крајот неговото богатство да се проценува на неколку десетици милијарди долари.

како што се напомена и погоре, немој да си играш со банка, никад неможеш ништо да извлечеш од нив, па ако сакаш имај ја најаката одбарана на планетава.
очигледно човеков не исплатил се до крај колку што и било договорено, така да банката ќе си превземе свој постапки.
 
Тоа е, претераниот оптимизам и преценувањето на себеси често завршуваат лошо, трагично. Тешко на човекот, тоа е ужасна состојба.
Не верувам дека некогаш би подигнал кредит од банка, освен ако моето или здравјето на моите блиски е нарушено. Никогаш (се надевам) не би отишол кај лихвар. Сите ние си имаме подолги или пократки черги околу кои треба да се прилагодуваме. Не сакам да кажам дека треба да тапкаме во место, ама кредитите и позајмиците не се никаква гаранција за успех.
А случаите како тој со Трамп се ретки, легендарни. Тој е сепак дел од светските бизнис кругови, со многу влијателни пријатели, врски и кецови во ракавот. Не дошол случајно таму и нема туку така да си отиде.
Настрана од сево ова, отсекогаш ми биле чудни типовите кои ќе заложат се што имаат за да започнат некој бизнис за кој од почеток може да се види дека нема некоја иднина. А притоа се семејни луѓе, со деца. Глупоста скапо се плаќа понекогаш.
 
Прашањето е како се договорил со банката, што да му земат ако не го врати кредитот, ама по неговиот муабет се гледа дека тоа не бил неговиот имот, туку имотот на неговата фирма. Сепак во банката има одделение за проценка на ризик кога се даваат кредити. Не е легално да се премисли банката, ние што сакаме ќе ти земеме, сепак за тоа се потпишува договор, во кој се гледа во случај на невраќање кредит од каде ќе биде наплатено. Така ако земеш кредит од банката од 1000 Е кои ги гарантираш со тоа што си вработен, и останеш без работа и немаш како да го вратиш, случајно да не ќе ти ја земат куќата, не можат само ти треба да ја продадеш и од тие пари да го вратиш кредитот.
 
Американски милијардер, мислам дека за Доналд Трамп се работеше од ништо се обогати, па се изгуби па на крајот неговото богатство да се проценува на неколку десетици милијарди долари.

како што се напомена и погоре, немој да си играш со банка, никад неможеш ништо да извлечеш од нив, па ако сакаш имај ја најаката одбарана на планетава.
очигледно човеков не исплатил се до крај колку што и било договорено, така да банката ќе си превземе свој постапки.

Не почна Трамп од ништо, татко му исто така беше магнат за недвижности и имаше своја компанија.
Мора да има нешто повеќе во случајот, ако тој должел 300.000 марки + камата, сигурно не заборавил за нив и онака му тропнале еден ден "Ај искачај од дома". Не се така едноставни овие работи, во договорот мора да е јасно прецизирано. Не може на ДОО кредити да се гони со личен имот, мора да бил друг договорот.
 
^Сигурно бил Т.П. инаку нема што да ги враќа парите од сопствен имот.
А и убаво викаш, кредитот бил земен одамна со некои 7-8% камата, после толку години сигурно пораснала сумата многу, а и може му ја подцениле куќата за неколку илјади евра и опа под шатор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom