Холандија - Бразил | 1/4 финале | 02.07.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата gunner_mkd
  • Време на започнување Време на започнување

Кој оди понатаму ?

  • Холандија

    Гласови: 52 66,7%
  • Бразил

    Гласови: 26 33,3%

  • Вкупно гласачи
    78

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
yhst-7223899490465_2113_3729496646.jpgVSyhst-7223899490465_2113_4698117121.jpg

Судир на два светски фудбалски гиганти во 1/4 финалето откако претходно рутинирано ја поминаа групната фаза и лесно совладувајќи ги своите противници во 1/8 финалето

Холандија досега на своите четири натпревари оствари четири победи и гол разлика од 7:2 на натпреварите против Јапонија,Камерун,Данска и Словачка
Шнајдер е водечкиот стрелец во екипата со постигнати 2 гола додека останатите 5 гола се постигнати од дури 5 различни играчи

Бразил во досегашниот тек од натпреварувањето оствари 3 победи и едно реми без голови против Португалија ,имаат гол разлика 8:2 најдобар стрелец е Фабиано со постигнато 3 гола веднаш зад него е Елано со постигнати 2 гола

Досега на СП овие екипи се имаат сретнато 3 пати и тоа :

1974 СП Западна Германија во 1/2 финале
2:0 победа за Холандија



1994 СП САД во 1/4 финале
3:2 победа за Бразил



1998 СП Франција во 1/2 финале
Победа на Бразил 4:2 по изведување на пенали откако во регуларниот дел заврши нерешено 1:1


 
Редот е на Холандија да победи :)
 
Бразил ќе оди 1/2 финале.:wink:
 
Не гледам зошто Холандија да не ги пројде Бразил.
 
Како што идат коментариве, ред ми е да кажам дека Бразил ќе помине, но нема.:) Гласав за Холандија и мислам дека имаат шанси да го поминат големиот Бразил, зошто да не.
 
И ја исто, не гледам зашто Холандија да не би ги поминала Бразил, со 1 Робен и Снајдер во тим не може воопшто да се каже дека се слаби, плус Ван Перси е тука, Ван Бомел, искомбиниран тим имаат, од млади играчи до искусни и ѕверотињи од индивидуалци. Једини проблем е оној fear factor кој под дифолт го имаат дел од националните тимови во однос на Бразил ( тука спаѓа и Холандија ), го надминат ли истиот, се ослободат на психички план, имаат и те како големи шанси за прогрес понатаму, а со тоа и супер прилика за трофеј.

Тоа што мене би ме направило скептичен во врска со '' лалињава '' e тренерот, до сега здрав сериозен тест ко тренер на навионален тим и немал, имаше лесна група на СП, прелесна во квалификации за истото така да поим неам за што е кадарен у моментов, тек сега ке имаме вистинска прилика да го видиме на дело.
 
одбраната на холандија е катастрофа, ко јсе тие играчи в оодбрана и кој е тој голман? за разлика одбраната на бразил која е лусио и мајкон и голамнот цезар, страшна одбрана.
 
Ќе ја демолираат Холандија Бразилциве :vozbud:
 
Hup Holland!

Се надевам на Холандија ама ако чекаат само од Робен - ништо не прават. Ова е и за нив првиот посериозен тест и верувам ќе го извлече најдоброто од нив досега на ова СП. Од друга страна Бразил делува многу пооорганизирано, стрпливо и дисциплинирано од други СП. вБомел и Де Јонг ќе имаат еден куп работа зш ако дозволат премногу топки да пројдат напред ќе си прават пикник Фабиано, Робињо и компанија кај Матијсен, Хеитинга и Стекеленбург...
 
Типувам на Бразил но ќе навивам за Холандија.Сепак Робен си е Робен.:pipi:
 
За Холандија сум...Не само на овој меч, туку сакам тие да освојат...(или Уругвај)
 
Би сакал Холандија да помине, првенствено ради тоа што ставив пари на нив, исто така и ради тоа што немаат досега земено СП па подобро ќе е да освои некоја силна репрезентација која го нема сторено тоа.

гласав за Бразил, но исто ко во случајот Аргентина - Германија, ќе навивам за орање.
 
Бразил ќе ги згази на Холандија..
 
Јас сум изгорен фан на АРГЕНТИНА !!! Се' што сакам и посакувам е Аргентина - Бразил ФИНАЛЕ !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom