Средба на Иванов со претставници на Македонско-Горанската заедница во Косово

Член од
14 август 2006
Мислења
45.701
Поени од реакции
85.587
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се сретне со претставници на Македонско- Горанската заедница кои живеат во Косово.
Шефот на државата учествува на регионалната средба на претседателите на Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија, Иванов, Фатмир Сејдиу, Филип Вујановиќ и Бамир Топи што се одржува во хотелски комплекс на Шар Планина, во близина на косовскиот град Призрен.
На билатералната средба со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу вчера Иванов изрази надеж дека на пописот во 2011 година ќе биде обезбедена графа и македонските Горанци ќе можат слободно да ја изразат својата национална припадност и оти ќе им биде обезбеден пристап во политичкиот живот на Косово преку формирање партија.
Во рамки на оваа регионална лидерска средба вчера се одржа пленарна седница по која шефовите на држави излегоа со заедничка порака дека дека Македонија, Косово, Албанија и Црна Горан имаат исклучителна соработка, која се интензивираше во последната година, оти ниту еден нивен граѓанин не смее да биде изоставен од слободно движење и презедоа обврски за значително подобрување на инфраструктурата и енергетиката во регионот.
Претходно Иванов, Сејдиу, Вујановиќ и Топи имаа меѓусебни билатерални средби.
Следната регионална средба, на покана на претседателот Иванов, ќе се одржи идната година во истиот период во Македонија.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/sredba-na-ivanov-so-pretstavnici-na-makedonsko-goranskata-
zaednica-vo-kosovo


Време беше на некој да му текне (а тоа да не биде Софија) за Македонците на Косово.
 
Симнувам капа за потегов, ова вреди повеќе од сите куртуазиски средби што ги прави со разно-разни декларирани дипломати.

Браво, треба да се интензивираат ваквите односи и да им се посветува внимание на сите македонски групи.
 
Браво!!!
Значи сепак има Горанци кои се чуствуаваат на некој начин поврзани со нас Македонците.
Претседателот растур направи со овие средбите... баш и таква функција гледав во нашиот претседател.
 
Голем плус за потегов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom