Национален форум за интернет надзор

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.116
Поени од реакции
1.401
Локација
Скопје
Случајно открив дека постои ваква институција тука и дека бараат волонтери.Тие што сакаат да помогнат нека се пријават на емаил адресата инаку еве нешто за нив

Во последните неколку години сме сведоци на експлозивен развој на светската глобална мрежа - Интернет. Таа веќе стана нераздвоен и перманентен дел од нашето живеење, и тоа во сите негови делови: работење, забава, учење и усовршување, па дури и здравје. Полека но сигурно, Интернетот ја презема улогата на примарен извор на информирање, социјално поврзување, чување на информации, итн.
Децата на денешнината се особено поврзани со употребата на Интернетот, бидејќи скоро и да не познаваат време кога тој не постоел.
Има многу штетни појави на кои децата се изложени кога користат Интернет - кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, но можеби најголемата опасност се крие во нивната потенцијална сексуална злоупотреба.
Сексуалната злоупотреба може да се појави во повеќе видови: сексуални предатори, несоодветни содржини, злоупотреба на малолетници во педофилски активности, итн.
Децата, како млади личности отворени за сознанија, сеуште немаат доволно развиени критериуми и одбранбени механизми за да ги препознаат овие опасности, а уште помалку да се борат со нив.
Токму тука се наоѓа оправданоста, а и неопходноста од постоењето на организации како што е НФИН - Националниот форум за интернет надзор.
Овие организации ги заштитуваат децата од несаканите видови на нивно искористување, и тоа со повеќе видови на активности, кои меѓусебно се надополнуваат и помагаат.


http://www.nfin.org.mk
 
Според ова јас не смеам (или сум во ризик) да комуницирам со помлади лица или малолетници, да им дадам совет во некоја област, да поразговарам за некој проблем...затоа што може некој (неговиот родител на пример-параноик после прочитаниот напис) да ме набеди дека сум потенцијална опасност за тоа лице? Oва е меч со две оштрици.
 
Според ова јас не смеам (или сум во ризик) да комуницирам со помлади лица или малолетници, да им дадам совет во некоја област, да поразговарам за некој проблем...затоа што може некој (неговиот родител на пример-параноик после прочитаниот напис) да ме набеди дека сум потенцијална опасност за тоа лице? Oва е меч со две оштрици.

богами е ..
колку позитивно сепак може и негативни страни да има .. се зависи кој е тој кој ќе оценува што е а што не е Ок ..

баш ја приметив темата Вашето прво сексуално искуство над оваа .... во која пишуваат малолетници, бараат совети, полнолетни лица се зафркаваат, делат совети па и се „задеваат“, незнам како тоа на пример би било или би требало да биде оценето ... сепак пак ќе речам .. се зависи од оние кои ќе пријавуваат, и оние кои ќе даваат амин на пријавите и ќе ги проследуваат до МВР ... како шо гледам за активисти се бараат: НФИН има потреба од активисти кои ќе ни помогнат да ги остваруваме нашите цели. Степенот на образование, работниот статус и полето на експертиза не се битни. Сигурни сме дека ќе најдеме заеднички јазик. ... Болдот .. како може да не се битни? како може степен на образование да не е битен ... и како може полето на експертиза да не е битен ... но ништо не зачудува .. невладина организација која ќе се финансира со донации и странски пари и фондови не ја земам за озбилна освен како перална на пари ... затоа шо самото барање на активисти без разлика на образование и поле на стручност ме наведува на тоа ... колку и да сакаат да се однесуваат стручно со активистиве се гледа дека само сакаат да ја мрднат работава и да прикажат нешто ...

--- надополнето ---

Управниот одбор на здружението се состои од следниве членови:
Ванчо Орданоски, претседател
Никола Хорватовиќ, член
Бранко Зафировски, член

ѕирнете ги сите тројца се од областа на ИТ (на страната на има линк на имињата каде може да се прочита кратко CV за сите, каде не видов некој општествен работник, социолог, правник итн) ... значи момци кои со идејава која ја остваруваат главна цел им е сигурно профит .. :toe:
 
богами е ..
колку позитивно сепак може и негативни страни да има .. се зависи кој е тој кој ќе оценува што е а што не е Ок ..

баш ја приметив темата Вашето прво сексуално искуство над оваа .... во која пишуваат малолетници, бараат совети, полнолетни лица се зафркаваат, делат совети па и се „задеваат“, незнам како тоа на пример би било или би требало да биде оценето ...
затоа и намалив посети во тој дел како и одговори на пп, ќе се најде некоја будала (или со право човек загрижен за своето дете) па ќе бидне голема :)

И досегашните активности на таа институција (хм, да... зошто волонтерски форум, ако нема би требало да се формира постојан оддел при МВР на пример-состојбата воопшто не е за занемарување) некако...состаноци, промоции, средби, јавна расправа. Во профилите би требало да влезат профили кои имаат допирни точки со соодветната тема (лица од област на безбедност, психологија...) плус ит стручњаци. Сепак е волонтерски па... :toe:
 
Веќе некое време знам за постоењето за наведениот форум за „интернет надзор“ (дури имав идеа да им се пријавам), но потоа сватив дека одредени нивни работи се претерани и кога пробав да најдам слични искуства од другите делови на светот останав на суво. Генерално едно е идејата да се едуцира помладата публика околу можноста со нивното незнаење да бидат евентуална мета на предатори, но која е потребата од постоење на оваков „форум“ кога 99.9% од помладата публика од истите тие нивни родители им е дозволено пристап на интернет без родителски контроли уште од 1 одделение ???

Кајгана форумите се најдобриот пример како може интернет простор да допринесе кон позитивиот социолошки развој на младината - уште од самиот почеток станавме една од најголемите социјални заедници кои позитивно придонесуваат за развојот на општеството ... колку од вас запознаа нови другарчиња преку форумов ??? Видите ја дружбата на секоја Кајгана собиранка и се ќе ви биде јасно ...

Наместо да креираме овакви квази нефункционални „форуми за надзор“ треба да се придонесува за поголем развој на проектите како Кајгана!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom