МЕКСИКО-АРГЕНТИНА 1/8 ФИНАЛЕ 27.06

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ


  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.240
Поени од реакции
76.261
Локација
Б'с
Еден од поинтересните осминафинални мечеви на ова светско првенство. Аргентина покажа многу во натпреварите по групи, иако наидоа на многу критики во квалификациите. И сега беше критикуван Марадона, но неговиот тим изигра на ниво и освои 9 бода, а истиот учинок го имаше само Холандија. Дали тоа беше само лажен впешаток затоа што групата беше релативно лесна, или пак Аргентинците стварно се спремни да изненадат на ова првенство ќе видиме на овој меч. На спротивната страна е Мексико. Екипа која покажа доста отворен и допадлив фудбал но и екипа која има големи проблеми во нападот. Се повреди Карлос вела но Хавиер Агире најде соодветни замени. Овие екипи се сретнаа и на претходниот шампионат. Тогаш во истата фаза Аргентина славеше со среќни 2-1. Како фан на Мексико посакувам реванш за тој пораз, но знам дека сето тоа е очајно тешко. Според мене Аргентина е голем фаворит на овој меч, особено заради тоа што Хавиер Агире упорно го форсира стариот и неподвижен Бланко, но ќе оставам простор за изненадување. Напред Мексико!!!
 
Би требало Аргентина да оди понатаму според игрите досега,се покажа истотака дека меѓу играчите и селекторот има извонредни односи итн.Мексико е една квалитетна екипа измешана со млади талентирани играчи и искусни кои веќе зад себе имаат по 2-3 СП.Ова ми личи на натпревар со многу голови.:toe:
 
Аргентина многу јасно. Ќе дојде до израз Меси и мислам дека конечно ќе постигне гол.
 
Резултатски да, но со играта ни малку не ме импресионираа аргентинците во првиот дел, можат и многу, многу подобро. Мислам дека и не се форсираа многу во групната фаза, и вистинската сила ја чуваат за оваа втора фаза од натпреварувањето. Ако тројката зад Игуаин одигра најдобро што може, лесно ќе стигнат до победата, ама ако продолжат како во првите три натпревари, ќе треба доста да се намачат за да стигнат до победата.
 
би требало биде натпревар налик на оној во 2006 каде сите очекуваа многу голови но се играше тврдо и дисциплинирано и двете екипи не беа одлучни во нападот..но овој пат верувам дека аргентина прва ќе нападни и ќе го реши натпреварот порано за марадона да почни прави калкулации во врска со составот,иако мексико е тврда екипа која не се за потценување и практикува одличен фудбал...според мене победа од два гола разлика за Аргентина:smir:
 
Мислам дека Меси ке распали утре со оглед на нестабилната одбрана што ја има Мексико...3-0 во полза на Аргентина со два гола на Меси е мојата прогноза..
 
Хмммм....Не верувам дека Аргентина ке дојде толлку лесно до победа во овој дуел, т.с не знам ни дали ке дојде....Мексико е доста силна репрезентација, психички е добро подготвена по серијата на лоши резултати под водство на Свен Горан Ериксон....Хавиер Агире, одлично се вклопи, вооедно се врати на своето место и тој е еден од најпочитуваните во Мексико, заедно со Рафа Маркез...Тука исто така се потпирам и на искуството на некои фудбалери како токму на Рафа и на Бланко како и на голманот Оскар....Тука се и одличните Хернандез, и Дос Сантос и не знам до кај е повредата на Вела....

Аргентина е фудбалска велесила и на ова светско навивам за нив, бидејки моите, Франција, одпаднаа....Доколку Диего дојде до трофеј како селектор, тој ке биде Бог во Аргентина...Нема да ги заборавам зборовите на Каниџа, фудбалска легенда на Аргентина, каде вика, дека секое бебе кое ке се роди прв збор му е Диего, па после мама и тато....Тој е толку почитуван и покрај се, и доколку позлати и како селектор, не верувам дека и Меси некогаш би го надминал....Диего е за мене фудбалски Бог, најдобар, и можеби тоа е клучно кај овие играчи...Токму тој да им биде селектор...Неговото „татковсво“ надвор и во теренот, неговата фудбалска умешност го надополнуваат неговото прво тренерско искуство....Зборовите на Арсен Венгер, беа: „Марадона можеби нема знаење, но верувајте тој има моќ. Токму тоа може да биде клучно“....

Мој тип за утре....Хммммм тешко тешко....Не би рекол да уплаќате но јас типувам на победа на Аргентина или пак 3+.....Очекувам гол од Меси, но за оние кои играат на сингл и други игри, им типувам да уплатат на помалку од 10 корнери, каде коефицинетот би бил околу 2.25 или поточно од 0-10 корнери....Ке има борба на средина со индивидуални акции, и не верувам во многу корнери...

Поздрав
 
Време е Меси да се активира...:raz:
 
Нема да биде нималку лесен меч за Аргентина!
Мексико е добра репрезентација,поседува квалитетни играчи и верувам дека ќе му прави доста проблеми на Аргентина.

Аргентинците најсаби се во одбрана и тоа по десната страна каде делува Гутиерез.Очекувам да доминира Аргентина во поседот на топката,а ако се разиграт Меси и Тевез кои со подршка од Верон би требало да бидат многу опасни и да му сервираат многу топки на Хигуаин.

Мој тип 3-1 за Аргентина :)
 
Мексико ќе тепа Сајбер не се замарај:wink: Слушај што ти кажувам:) така ти зборев и за со Франција коа играа, па се превртуваше од среќа у парк:).....не, шала на страна навистина тежок меч ќе биде, затоа што сметам дека Мексико со самото тоа што знаат дека Аргентина ја имаат за противник, мислам дека навистина озбилно си ја имаат сватено работата и дека би можеле да им парираат, па и да ги победат...зошто да не:) како и да е ќе видиме што и како ќе заврши:)
 
Мексико ќе тепа Сајбер не се замарај:wink: Слушај што ти кажувам:) така ти зборев и за со Франција коа играа, па се превртуваше од среќа у парк:).....не, шала на страна навистина тежок меч ќе биде, затоа што сметам дека Мексико со самото тоа што знаат дека Аргентина ја имаат за противник, мислам дека навистина озбилно си ја имаат сватено работата и дека би можеле да им парираат, па и да ги победат...зошто да не:) како и да е ќе видиме што и како ќе заврши:)

Тоа бе Монке :back:
Се надевам дека Хавиер Агире конечно ќе се свести ќе ме послуша да не го игра Бланко. Да не го цитирам тој погоре што прашува за Вела,
иако беше најавувано дека за него првенството е завршено сепак почнал да тренира со опка и можно е да изигра некоја минута во недела. За овој дуел се враќа и Ефрен кој беше суспендиран еден меч. Највеќе очекувам од Маркез кој го познава добро Меси и може добро да го затвори, како и од Салсидо кој треба да ги затвара крилата. Одигра лош прв меч, па одличен втор, па лош трет и по некоја логика следува добар четврти меч :)
За средината треба да се почне со Дос Сантос, Торадо, Гвардадо и Барера. Не ми се верува дека ќе ја одиграат оваа комбинација али јас очајно ја посакувам. Гвардадо лево и Барера десно ќе кинат по крила, а Дос Сантос ќе може да се уфрла и во нападот. Е таму конечно треба да се покаже Гиљермо Франко. Натурализираниот Мексиканец, роден Аргентинец, изјави дека се чуствува 100% како Мексиканец и дека ќе ја ружи најдобрата партија досега на ова првенство. Епа очекувам некој гол од негои и од малиот Хернандез. Очекувам меч кој може лесно да биде решен од Аргентнците. Мексико досега покажа дека неможе да се брани и дека главна преокупација е нападот. Ако падне брз гол на Аргнетина очекувам потоп, е ако поведе прв Мексико или бар да погоди во првиот дел, е тогаш лошо им се пишува на гаучосите... Еве една слика за крај :)
HilariousCuauhChich.JPG
 
Moра да навивам за Мексико, не ради тоа што Англија доколку се пласира во 1/4 финале налетува на победникот од овој дуел, туку ради дечково.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom