Марли
Tci
- Член од
- 30 јануари 2008
- Мислења
- 13.996
- Поени од реакции
- 23.615
Се наближува 24 јуни и денот за избор на новите млади и идни звезди на НБА
Изборот на првите 10 најверојатно од тоа што го глеав сезонава на ТВ од колеџ лигата, како и според многу мислења на стручњаци на кои што сум наишол на интернет и ТВ ќе биде многу сличен на ова подоле што ќе го презентирам
1-Најголема придобивка доби тимот на Визардс кој го доби првиот пик на драфтот и најверојатно Џони Вол наречен како "клонот на Дерик Роуз" фантасичниот 19 годишен плеј во кого сите во ВАшингтон го гледаат нивниот Месија. по лошите работи што се случуваа во тимот година пред се суспензијата на Аренас, кој наверојатно ќе биде трејдуван
2-Вториот избор отиде кај Сиксерси кои најверојатно ќе се решат за бек шутерот Еван Тарнер . ОДличниот бек од Охајо со Андре Игудала ќе створат невиден бековски тандем, страшно ќе делуваат ако се воиграат. Со играчи како Далемберт и Бренд (здрав) Сиксери се дефинитивно плеј оф тим догодина
3-Најголемите лузери на дравтот Нетси најверојатно ќе идат на Дерик Фајворс, експлозивното високо крило, кој има неверојатна комбинација на брзина и сила. Со него најверојатно ќе почне изградбата на новите Нетси. Со Девин Херис на плеј, Лопез центар и Фајворс на 4, Нетси имаат одлична основа млада пред се на тимот. И најверојатно ќе земат летово една или пак и две супер звезди од пазарот се спомнуваат имиња како Леброн, Вејд и Ентони Нетси можат да прераснат во сила во НБА набрзо
Ови три избори најверојатно се сигурни, а останатите до 10-то не се знаат со сигурност но предпоставките се следниве
4- Минесота на ланскиот избор зеде 2 плеј-а т.е ниски играчи и ќе формираат неверојатен бековски тандем со Џони Флин и Рики Рубио (доколку се реши овој да заигра сезонава), и на овој драфт ќе идат најверојатно на повисок играч. Кевин Лов ќе добие најверојатно уште една сезона за докажување па најверојатно опција ќе бараат Вулфс на позицијата крило. Најверојатно Весли Џонсон, исклучетлно брз но и солиден скокач. 23 годишен еден од поискусните на драфтот, има акумулирано доста искуство во Колеџ лигата. Одличен шутер за 3 поени за негова висина
5- Сакраменто. Дали ќе им се посреќи на Кингси уште еднаш како мината сезона со рукито на годината Тајрик Еванс ??? Најверојатно ќе идат на висок играч нешто што страшно им треба тука би влегол одлично Ал Фаруг Амину на центарската позиција, играч многу сличен на Тим Данкан од тоа ја што сум го глеал, или пак Крег Монро би бил изборот доколку се решат Кингси за силно крило и да тргнат по ангажман на Амаре Стадемаер на центарската позиција.
6- Голден Стејт ќе бара висок играч од овие двајца горе, тој што нема да го одбере Сакраменто ќе оди во Вориорс, или можеби евентуално Де Маркус Казнс, но најверојатно ќе одат на Крег или Амину
7- Детроит Пистонс. Моите пистонси по се изгледа ќе го изберат Казнс, крилен центар, кој до половина сезона котираше на првите 3 места за избор на драфтот, но имаше незгодна повреда по која формата нагло му падна. Но има капацитет дечкото и според аналитичарите може да биде најголема "кражба" на драфтот токму ова.
8- Во Клиперс ќе иде највисоко котираниот бел играч на овој драфт Лук Бабит. Игра на позициите 3 и 4, одличен шутер но недостаток му е физичката игра. Еден од само 4 играчи на оваа листа со просек од над 20 поени по натпревар во изминатава сезона во колеџ лигата
9- Јута стигна изненадувачки до извонредно висока позиција од која се надеваат да стигнат до некое солидно високо момче. Најверојатно Ед Дејвис или Кол Олдриџ. Олдриџ е исто така белец, игра центар играч многу сличен на Крис Кајман и Крис Андерсен од Клиперси односно Нагетс, малку тромав во нападот, но одличен во одбрана и скоковите. Дејвис пак е силно крило, црниот По Гасол, долги раце, подвижен во рекетот, исклучетлно прецизен.
10- Индиана ќе го одбере најверојатно едниот од овие двајца горе кој нема да биде избран од Џезерите.
Овие ќе бидат најверојатно првите 10 избори, играчи кои одскокнуваат од другите на изборот, но историјата ни покажала колку добри играчи дошле во НБА дури и втората серија драфтувања, а имало и играчи како Кваме Браун
Втората дестка ја сочинуваат
11- Хорнетс
12- Мемфис
13- Торонто
14- Хјустон
15- Милвоки
16- Минесота
17- Чикаго
18- Мајами
19- Бостон
20- Сан Антонио
Мој фаворит е Дерик Фајворс, пратев годинава на Еспн колеџ лига. Дечкото е многу јак, силен, но и многу подвижен за негова висина. Малце е слаб (физички), поради што многу од противнице го подценуваат. Дечкото ќе се вклопи со Лопез и Херис одлично.
Исто се надевам дека и по сплет на околности Пистонс ќе ситгнат до Казнс како и што се очекува, им треба таков играч на Пистонси ко леб во моментов!
Па очекувам ваши мислења и очекувања ...