Удрени темелите на новата зграда на Министерството за земјоделство

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
temeli_22.jpg


Премиерот Никола Груевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го поставија камен-темелникот на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што во наредните 17 месеци ќе се гради на постојната локација на Министерството во Градскиот парк во Скопје.

Новиот објект ќе биде со основа од 1.800 метри квадратни и вкупна површина од 5.900 метри квадратни распределена во приземје и три ката. За негова реализација се обезбедени 4,5 милиони евра обезбедени од Владата на Република Македонија и Светска банка преку Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ.

- Отпочнувањето со градба на овој објект има големо значење за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и е од исклучителна важност за зајакнување на институционалниот капацитет при имплементацијата на политиката за развој на земјоделството и соочување на Република Македонија со предизвиците во процесот на подготовка на земјата за пристап кон ЕУ, рече премиерот Груевски, нагласувајќи дека Министерството со години функционираше на пет различни локации.

Во новиот објект, како што кажа, ќе бидат сместени сите оддели на Министерството со што ќе се зголеми нивната ефикасност.

- Инвестирањето во нови објекти, модернизација и подобрување на опременоста на државните институции, а со тоа и подобрување на условите за работа на вработените претставуваат едни од најважните предуслови за нивна нормална, високо функционална и ефикасна работа. Денешниот чин јасно укажува на посветеноста на Владата за изградба на современи и ефикасни државни институции кои ќе одговорат на потребите на граѓаните, истакна премиерот Груевски.

Министерот Димовски посочи дека изградбата на новиот објект ќе овозможи услови за непречено и професионално извршување на работните обврски на вработените во Министерството и подобрување на квалитетот на услугите кон земјоделците, земјоделските асоцијации и останатите корисници на услугите кои на едно место ќе можат да добијат се што им е неопходно.

- Во изминатите три години со Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ воспоставени се скоро сите информатички системи за евиденција и следење на земјоделците и земјоделските стопанства согласно ЕУ регулативите, зајакнат е капацитетот на ветеринарните инспектори и Управата за ветеринарство, како и на Државниот инспекторат за земјоделство. Поддршката е насочена и кон Платежната агенција која ја доби ЕУ акредитацијата, а успешно се реализира и реформата во водостопанството, рече министерот Димовски и додаде дека Проектот ја финансира изградбата на административниот објект за сите активности да можат непречено да функционираат и полесно да бидат координирани.

Тој нагласи дека целиот процес за ангажирање фирми за проектирање, надзор и изведба на новата зграда на Министерството е спроведен согласно процедурите на Светска банка и Правилниците за набавки во рамки на ЕБОР заеми и ИДА кредити од 2004 година.
 
Како не се фрлиле во темелите,како жртви,за да тргне работата...
 
Редно беше и ваква зграда да има, заслужи земјоделството, и тоа не само една зграда, земјоделството треба да има две згради, ма какви две згради бе, 10 згради, и за секоја земјоделска култура посебна зграда чунки јаболките се пласираат во странство а не се газат на автопат, чунки млеконо не го истураја, чунки ако има невреме како ќе се исплатат парите за оштетување ако се нема посебна зграда кај што папирите ќе бидат на сигурно...
И како што слушнав, веќе земјоделцине од прилепско, кавадаречко и демирхисарско немало веќе да шетаат по повеќе згради, сега во една зграда се ќе се завршувало, али за колку време? (и пасошиве и личниве карти во една зграда ги даваат, убава е централизацијава, па во европа ќе влегуваме)
 
лопатари...

само тоа ќе кажам... фрлаат лопати со бетон, се сликаат за пред тв и си го креваат рејтингот, се разбира гребат поени... ако, не викам не, убав е тоа што ќе се има нов објект, ама да се пази малку со апашењето на средства и секако не би требало ТОЛКАВА ГОЛЕМА МЕДИУМСКА КАМПАЊА за едно ставање темели... немаше телевизија која не ги пренесе, а утре рачунајте дека во сите весници ќе пишува... а зашто?
 
лопатари...

само тоа ќе кажам... фрлаат лопати со бетон, се сликаат за пред тв и си го креваат рејтингот, се разбира гребат поени... ако, не викам не, убав е тоа што ќе се има нов објект, ама да се пази малку со апашењето на средства и секако не би требало ТОЛКАВА ГОЛЕМА МЕДИУМСКА КАМПАЊА за едно ставање темели... немаше телевизија која не ги пренесе, а утре рачунајте дека во сите весници ќе пишува... а зашто?

давај доказ за „апашењето“ ... какви се вие паушални муабети ...
ако се гради нешто одма некој паушалец .. Оп крадат ..
ако не се гради ... Зошто не се гради ... :tapp:
 
давај доказ за „апашењето“ ... какви се вие паушални муабети ...
ако се гради нешто одма некој паушалец .. Оп крадат ..
ако не се гради ... Зошто не се гради ... :tapp:

Како не ви е досадна реченицава со години да ја повторувате?И што е најсмешно,како главен аргумент е.
Докази еден тон,почни од парите на плоштад,заврши до рекламите кон една агенција за изработка.Доказ барал,не не крадат! :icon_lol:
 
Да му е страв на чоек чоколада да отвори дома, одма ќе му дојде Грујо на отварање.
 
Како не ви е досадна реченицава со години да ја повторувате?И што е најсмешно,како главен аргумент е.
Докази еден тон,почни од парите на плоштад,заврши до рекламите кон една агенција за изработка.Доказ барал,не не крадат! :icon_lol:

Де бе душо одма се изнервира :)
И мене ми е досадно тоа па тоа да читам .. како се крадело па шо да праам .. ако имаше докази ќе лежеше некој затвор ... :)
 
Епа каде сакаш да има доказен материјал во т.н легален криминал(вака велеше ЉуБчо 2000та за 95-та)...јас најреално не наоѓам некоја разлика помеѓу тогаш и денес:)

А да....ја победивме Шведска со високо образовани МОРОНИ...најверојатно за некоја година.

Понатаму донесовме компјутери,па во училишните згради не можат да се приклучат...кршење ,бла бла...одржување,советување...Па низа баналности(и мудрости:)) по ТВ, Проекти

До кој чекор сме моментално???

Оти народот секогаш го фаќаат на РАСчекор па прима....гол:)


Сепак ме радува договорот со Русија мислам гледано економски ќе удри тоа на очекувањата ,а колку побрзо започне реализација-толку подобро.
 
давај доказ за „апашењето“ ... какви се вие паушални муабети ...
ако се гради нешто одма некој паушалец .. Оп крадат ..
ако не се гради ... Зошто не се гради ... :tapp:

ти сериозен си? ако сепак ова што го напиша стварно го мислиш тогаш немам што да ти зборувам повеќе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom