Можеби, за некој и не интересна тема,ама сепак боде во очи,секоја година се случува исто и тоа години и години наназад.. Прашање:Зошто не се забрани увоз од страна,пред се од Србија и не се штити домашното производство ??
Жетвата на пченицата пред старт. Земјоделците се револтирани од најавената откупна цена, шест до седум денари за килограм. Се закануваат дека пченицата ќе им стои во амбарите оти субвенциите не им биле доволни да ги покријат основните трошоци за производство.
“Пченицата ни најавија дека ќе ја откупуваат по шест до седум денари за килограм. Тоа е голема мизерија, државата не е заинтересирана за земјоделството, ако даваат големи субвенции. Ние работиме како црнци, а ништо не добиваме, немаме есап затоа што трошоците ни се многу големи. Сега сме последна дупка на свирало изјави Цветко Петрушевски, земјоделец од Илинден
Ги нема ниту најавените договори согласно новиот Закон за земјоделство, ниту лиценците кои откупувачите треба да ги поседуваат. Велат дека не биле донесени подзаконските акти.
Различна реколта исти проблеми, земјоделците и оваа година не се задоволни од откупната цена на пченицата
За ниските цени, откупувачите се правдаат со наплив на евтино брашно од Србија. Постојано бараат строги контроли за увоз. Надлежните пак секоја година ветуваат дека ќе ги зголемат инсекциите. Годинава се очекува род до 3500 килограми по хектар .