Инвестиции во автомобилската индустрија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Инвестиции во автомобилската индустрија


Џонсон контрол и Џонсон Мети, единствените гиганти од автомобилската индустрија, кои инвестираа во слободната царинска зона Бунарџик, немаат забелешки или опструкции од страна на Македонија, вели министерот за економија Фатмир Бесими. Министерот Бесими посочува дека по економската криза автомобилските гиганти повеќе се заинтересирани за стратегиско здружување на интересите на земјите од регионот.
Земјите од југоисточна европа имаат квалификувана работна сила, како и економски потенцијал да го привлечат странскиот капитал да инвестира во производство на автомобилски делови.
За таа цел во Скопје се огранизира конференцијата на која се дебатира за здржување на силите за изработка на заедничка стратегија, која ќе придонесе да се привлечат големите автомобилски индустрии. Овие гиганти се заинтересирани за подобрување на квалитетот на производите и намалување на транспортните трошоци до западно-европските пазари.

АБ Канал :nesum:
 
Да..и на фолксваген и на БМВ,Рено...им е поисплатливо да произведуваат овде него ли Кина Турција....НО

автомобилските гиганти повеќе се заинтересирани за стратегиско здружување на интересите на земјите од регионот.

Или во превод БАРААТ ПОЛИТИЧКА СТАБИЛНОСТ како и Ефикасно судство....дали ќе биде така...здравје:)

И сепак ова е само мижи асан да ти баам-односно македонија нема стабилен ЕНЕРГЕТСКИ сектор и ефтина струја...

 
Едно време, пред едно 15 години требаше Ауди да отвора фабрика во Македонија...
Арно ама...не отвори...причините се повеќе од јасни, дискутирани тука многупати, и врска немаат со економијата, туку со политиката и јавашлукот политички.
И...не дојде Ауди во Македонија...мека за автомобилската индустрија во поранешниот источен блок стана Словачка...и така за нас приказната заврши.
Можеби ќе произведуваме понекое делче за автомобили, ама да ја развиеме автомобилската индустрија не.
 
Токму така Струмикс-работата е Политика чиста....знам и Израелците сакаа да купат одредени капацитети за производство на Оружје но....пак исто..

Значи да бидеме реални Автомобилска индустрија НЕ Е една фабрика која прави само ДЕЛ за автомобил било да е електроника..жмигавци,филтри бла бла...уствари ние имавме фирма во Охрид мислам која произведуваше делови за Ровер и БМВ...не знам сега дали работи.

Кога збориме за Автомобилска индустрија-значи како посебен ЕКОНОМСКИ СЕКТОР треба да имаме предвид дека МОРА да има Финален производ т.е Автомобил евидентиран како домашно производство па така и поевтин за граѓаните....се друго е муда за бубрези
 
Едно време, пред едно 15 години требаше Ауди да отвора фабрика во Македонија...
Арно ама...не отвори...причините се повеќе од јасни, дискутирани тука многупати, и врска немаат со економијата, туку со политиката и јавашлукот политички.
И...не дојде Ауди во Македонија...мека за автомобилската индустрија во поранешниот источен блок стана Словачка...и така за нас приказната заврши.
Можеби ќе произведуваме понекое делче за автомобили, ама да ја развиеме автомобилската индустрија не.

ццц и замисли денес да имавме фабрика на Ауди..милина :pipi: Да се произведуваше кај нас 1-2 модели пример малиот А1 ... сон може и на Велија ќе му беше спонзор,абе која шанса ја испуштија попушените од тоа време
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom