Фудбалсо лудило

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
СО СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ ДЕНЕСКА СТАРТУВА 19. СВЕТСКО ПРВЕНСТВОФудбалско лудило на југот на Африка

Првпат во историјата на фудбалот "црниот континент" ќе биде домаќин на едно Светско првенство. Со тоа останува уште Океанија како земја која не организирала Мундијал. Титулата ја брани Италија, но на "азурите" им се даваат малку шанси за петтиот трофеј. Како ретко досега, на Мундијалот ќе настапат сите досегашни светски прваци, а во улога на дебитант (ако се изземе Србија која е наследник на СФРЈ, СРЈ и СЦГ), ќе биде само Словачка

Јужна Африка чекаше шест години и го дочека денот кога на свое тло ќе ги пречека фудбалските репрезентации од светскиот фудбалски крем. Никогаш досега еден Мундијал не се одржал на "црниот континент", па оттука не може ни да се претпостави каква ќе биде организацијата, но јасно е дека фудбалски возбудувања ќе има уште од првиот ден.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, изненади многумина кога при своето доаѓање на чело на оваа организација објави дека и Африка наскоро ќе ја има можноста да организира Светско првенство, тогаш речиси никој не го сфаќаше сериозно, но во 2002 година тој објави дека за Мундијалот во 2010 ќе можат да конкурираат само африкански држави. Се пријавија Египет, Мароко, Јужна Африка и заедничка кандидатура испратија Либија и Тунис. Подоцна овие две земји се откажаа, а Јужна Африка во гласањето убедливо победи и ја доби можноста да организира еден настан од светско значење.

И ден-денес можат да се слушнат критики на сметка на Блатер за ваквиот потег. Јужна Африка нема апсолутно никакво искуство од организирање вакви натпреварувања, криминалот во земјата е на исклучително високо ниво, па ниту фудбалерите, ниту гостите не можат да се чувствуваат безбедно, што може да се одрази на квалитетот на натпреварите. Минатата година Јужна Африка успешно го помина тестот со Купот на конфедерациите, но до пред неколку месеци не беа целосно ниту завршени објектите потребни за сместување на гостите, ниту стадионите на кои ќе се играат натпреварите. За среќа, ФИФА ургираше, па сега се е в ред и сите се подготвени за она што следува од утре.

346.jpg
А, тоа е фудбал на врвно ниво. Италија пред четири години го изненади фудбалскиот свет со титулата на тлото на Германија, па сега ќе се обиде да го повтори успехот од пред повеќе од 70 години и двапати по ред да ја освои титулата на Светските првенства. Никој не ги става "азурите" во конкуренција за трофејот ниту сега, но на овој Мундијал, Италијанците и реално немаат многу шанси за одбрана на скапоцениот пехар. Во улога на фаворити сега се Шпанија и Бразил иако не смеат да се заборават Англија, Холандија, Аргентина, па дури и Португалија со најскапиот светски фудбалер. Јужна Африка се надева на продолжување на успесите на домашните селекции, најмногу на Јужна Кореја, која пред осум години на свој терен стигна до четвртото место.

Официјалната церемонија на 19. Светско првенство ќе почне денеска, од 14 часот,на стадионот "Сокер Сити" во Јоханесбург каде за точно еден месец ќе се игра и големото финале. Програмата за отворањето се држи во строга тајност од страна на ФИФА. До 11 јули ќе се одиграат 64 натпревари, се натпреваруваат 32 репрезентации кои се поделени во осум групи и на терените ќе се појават вкупно 736 фудбалери од кои околу две третини играат во европските клубови. Исто така организаторите очекуваат преносите да ги проследат околу 27 милијарди луѓе, што е четирипати повеќе од целата светска популација. Во многу земји директните преноси ќе се следат на отворено преку видеобимови, а од ова првенство стартуваат и современите 3Д преноси.

ПРОГРАМА ЗА ДЕНЕСКА

-14:00 Стадион "Сокер Сити", Јоханесбург - Свечено отворање

-16:00 Стадион "Сокер Сити", Јоханесбург - Јужна Африка - Франција

-20:30 Стадион "Грин Поинт", Кејптаун - Уругвај - Франција

НАЈСКАПИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ НА СП 2010

1. Шпанија 650 мил. евра

2. Англија 448 мил.

3. Франција 367,5 мил.

4. Бразил 353 мил.

5. Аргентина 348 мил.


НАЈЕФТИНИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ НА СП 2010

1. Северна Кореја 9,7 мил. евра

2. Нов Зеланд 13,5 мил.

3. Јужна Африка 24 мил.

4, Словенија 43,5 мил.

5. Јужна Кореја 44,3 мил.


Шпанија прв фаворит за титулата
На ден пред почетокот на натпреварите на Светското првенство репрезентацијата на Шпанија беше прв фаворит за титулата според најпознатата светска обложувалница Вилијам Хил. За една вложена фунта на "фуријата" Англичаните исплаќаат четири, а веднаш зад европскиот првак, на второто место е Бразил со коефициент 4,5.

Најголеми аутсајдери на овој Мундијал се Северна Кореја и Нов Зеланд, чии шанси да ја освојат титулата во Јужна Африка се 2000:1.

1. Шпанија 4

2. Бразил 4,5

3. Аргентина 6,5

4. Англија 8

5. Холандија 10

6. Германија 14

7. Италија 16

8. Франција 20

9. Португалија 25

10. БСК 50


525.jpg
ДОСЕГАШНИ ФИНАЛИЊА НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА

-1930 Уругвај Уругвај - Аргентина 4:2

-1934 Италија Италија - Чехословачка 2:1

-1938 Франција Италија - Унгарија 4:2

-1950 Бразил Уругвај - Бразил 2:1

-1954 Швајцарија З.Германија - Унгарија 3:2

-1958 Шведска Бразил - Шведска 5:2

-1962 Чиле Бразил - Чехословачка 3:1

-1966 Англија Англија - З.Германија 4:2

-1970 Мексико Бразил - Италија 4:1

-1974 З.Германија З.Германија - Холандија 2:1

-1978 Аргентина Аргентина - Холандија 3:1

-1982 Шпанија Италија - З.Германија 3:1

-1986 Мексико Аргентина - З.Германија 3:2

-1990 Италија З.Германија - Аргентина 1:0

-1994 САД Бразил - Италија 0:0 (3:2 на пенали)

-1998 Франција Франција - Бразил 3:0

-2002 Јапонија/Ј.Кореја Бразил - Германија 2:0

-2006 Германија Италија - Франција 1:1 (5:3 на пенали)

-2010 Јужна АФрика ?

За светскиот првак 30 милиони евра

Вкупниот паричен фонд на Светското првенство изнесува 420 милиони евра, што е убедливо најголем во историјата на спортот и зголемување за околу 60% во однос на Мундијалот во Германија пред четири години. Сите репрезентации што обезбедија пласман во Јужна Африка веќе добија по еден милион евра за подготовки, а за пласман во осминафиналето ќе добијат уште најмалку по осум милиони евра. Новиот светски првак ќе заработи 30 милиони, што е речиси двојно повеќе од премијата на претходниот Мундијал (15,5 мил. евра).

Ова е прво Светско првенство на кое ФИФА ќе им исплаќа отштета на клубовите за ослободување на своите фудбалери и тоа во висина од илјада евра за секој ден. Тоа значи дека за оваа ставка ќе бидат потрошени околу 26 милиони евра.

ПАРИЧНИ НАГРАДИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ

Осминафиналисти 9 мил. евра

Четвртфиналисти 18 мил. евра

Полуфиналисти 20 мил. евра

Финалисти 24 мил. евра

Светски првак 30 мил. евра

Линк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom