Светско првенство низ кафулињата!

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Епа момци претпоставувам како и јас така и вие ќе го гледате светсково по кафулиња. Ова е одлична шанса да се изнагледаме со луѓе кои сме немале можност да ги видиме од прекувремени обврски(кои сега се ставени на stand by). Ајде кажете каде ќе гледате фудбал и со каква програма е опремен вашиот кафич. Гледам повечето имаат специјални менија за време на светското поготово комбинации на пиво и прсти и кромитчиња.

Јас најверојатно ќе го гледам светсково во Порта паб, сеуште не сум видел кое им е менито ама најблиску ми е, снабдени се со одлична плазма, екогаш е добра атмосферата а и некако меѓу згради од тоа бетонот с надевам дека малце ќе избегам од жештинава.
Друго место е Сегафредо, само ако се ставиле на кабелска.Таму гледав финале на ЛШ и пренесуваа преку Макс тв, а во Ла кафе до него пренесуваа преку кабелска и таму сигналот одаѓаше 10 секунди порано. беше тешко срање, кај мене акциите почнувааа во кафичот до мене веќе се радуваа на голот.Се уништи неизвесноста.

Каде вие ќе гледате фудбал?
 
Пааа јас пошто сум од Струмица, далеку помало место во однос на Ск, а со тоа и поограничено од аспект на локали каде би се следело СПто. Што знам, Европското што беше пред 2 год. најчесто го гледав во Екстрим, така да и оваа година ќе биде изгледа исто. Што знам, таму ми е некако најпријатно и најопуштено, а и добра навивачка атмосфера се прави, бидејќи ја гаснат музиката и го пуштаат преносот. Покрај Екс, тука се и Заир и 19ка (комшии се сите тие 3 кафулиња :) ) .. Ааа исто така добро би можело да биде добро и во Сарбаков. Летниот период надвор вадат видео бим иии океј е и таму. А за некои посебни менија за време на натпреварите, не знам не сум слушнал.
 
Искрено од Охрид сум..ама абер немама каде "масовно" ќе се гледа СП......Иначе во кладилниците ГАРАНТ ќе е затка...Јас ќе си го гледам дома.....со другари,мислам дека така е најдобро:smir:
 
Најголемиот дел од натпреварите, посебно оние во 13:30 и 16:00 дома сам(со татко ми), или најверојатно со батињата од маалото шо се :).. За вечерните натпревари, нешто сам, нешто со другари, дали кај мене во старата куќа за никој да не не замара, дали на плоштад...

Едит: Иначе Валандово е ептен мало место и нема многу кафулиња.. Ќе има на плоштад видео бим (или како се вика тоа:)), по кладилниците и во неколкуте кафулиња што се во градот.. Сепак преферирам да си глеам на мира, а не да ги слушам оние што ги ебат на спортска како пцујат цела вечер :)
 
Досега сум практикувал да гледам дома и да уживам у натпреварите, а навечер сум гледал у двор, со скара, пиење, и најверојатно така ќе биде и годинава, освен финалето кое ќе го гледам со другари.
 
natprevarite so se igraat preku den najverojatno doma (ako uopste imam vreme da gledam toa vreme fudbal:) ) a veceriot natprevar moze u nekoj kafic :)
 
Какви кафулиња, мрзам да гледам, после некој да се радуе додека јас сум тажен. :(

Си ја опремив бавчата позади куќа, телевизор имам. И вечерните натпревари таму ќе се гледат. Фудбалско друштво стандард, некои роднини, пиво, мезе и дојчланд убер алес.
 
До 18ти сум г'з преку глава ама дотолку па повеќе ќе се опуштам после - а за гледање има избор по Скопјево колку сакаш. Само добро друштво ми е важно + пиво и кикирики :tv:
 
Најголем дел од натпреварите(од 13:30 и 16:00) дома со татко ми,а вечерните термини од 20:20 со другари .Не планирам да фаќам 1 саат порано место за да гледам во кафич.
 
Телевизорчињава со лупа да ги бараш :)
Па зголеми си ја резолуцијата на мониторот... ,или помини у кафич ,со секое пиво иде гратис лупа хехе :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom