Кривата кула во Пиза веќе не е најкрива на свет

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Кривата кула во Пиза веќе не е најкрива на свет
Кулата во Пиза го загуби епитетот најкривото здание на светот. Од култната зграда во Италија, од денеска приматот го презема кулата Капитол гејт во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Титулата најискривен, ја потврдил и комитетот на Гинис.
krivi_kuli_230_180.jpg


130 метарската кула ќе има темели длабоки 25 метри и противтег со бетон во дебелина од два метра, како би можела да „држи рамнотежа“.
Самата кула ќе се навалува 18 степени, што е за 14 степени повеќе од крива кула во Пиза.
c-g.jpg
 
Овие ко нашиве, ќе видат и ќе ископираат : )))))

Аех, не се мери оваа кула со таа во Пиза, барем според моите уметнички критериуми. :)
 
Не е уште изградена?! Ако не е...тогаш Кривата кула во Пиза сеуште си е најкрива. ;)
 
Нели ќе ја исправуваа кулата во Пиза?
Пред неколку години многу се зборуваше за овој проект, ама одамна немам ништо чуено.
Изгледа кризата ги има погодено... :)
 
За скоро градскиот саат во Прилеп ќе биде по крив и од двете, веќе одамна има некое благо накривување...:)
 
Што се нема да измислат во Абу Даби. Сепак кулата во Пиза ке остане во умот кај сите, мислам дека нема да се чуе многу за таа во Абу Даби. Сепак и таа е фасцинантна
 
Па колку сака нека е крива таа во Абу Даби но кога ќе се спомне кривата кула ќе се знае дека се мисли на таа во Пиза, таа е постара и служи како скулптура односно е од важно историско значење може да се каже дека е и една од најпознатите знаменитостите на Италија :star:
Но сепак и браво за закривената кула во Абу Даби која во секој случај не е Крива во целата смисла на зборот (спратовите односно нивоата се хоризонтални).
 
И како по обичај, ако си архитект кој сака да експериментира со технологијата и да пркоси на физичките закони, трк на мерење терен во Абу Даби :)

Фасцинантно дело, во секој случај. Не поради формата, која донегде е веќе видена, исто како и фасадата. Повеќе поради храбриот статички потег, и решението со контратег во темелите - одсекогаш сум ги сакал тие статички принципи на одржување рамнотежа со затеги, контратегови и слични екстремни фундирања.

Во однос на Кулата во Пиза, не може да се споредат, во никој случај, освен во тој дека двете се „накривени“. Кај кулата, не постојат специјални темели, нити посебна технологија на фундирање (толку затоа и се искривила де), а неизоставлив е фактот дека таа е масивна камена конструкција, многу поспецифична и потешка, кога станува збор за конструктивна самоносивост. Новиов објект, е изграден од решеткаста, лесна метална конструкција, која не е во предност само со драстично помалата сопствена тежина, туку и со нејзината флексибилност и добро држење при напад на надворешни сили.

Ко што рече и Џену, уметничкиот аспект, исто така е неспоредлив. Кулата во Пиза не е само објект, туку е скулптура, релјефно платно, едно мноштво на детали од кои може да се проучува романиката како стил (стил кој му претходел на готиката). Кај неа, еден принцип е посебно впечатлив, ако сакаме да го поврзиме со дел од нашата црковна уметност. Дизајнирана е како столб декориран со таканаречена ажурна техника: централен носив дел, па шуплив простор, па релјефна декорација (во случајов колонади од столбови). Принципот е, длабење од внатрешната страна на телото, оставајќи лесен и тенок површински слој, независен од носивиот дел. Векови подоцна, таков принцип ќе почнат да применуваат македонските резбарски тајфи, на чело со Гарката (Св. Спас, Скопје; Св. Јован Бигорски), кои ќе ги изработат едни од најубавите иконостаси во историјата на сакралната уметност.
 
Не се за споредување по ниеден критеритум, освен можеби по еден.

Иначе импресиониран сум од оваа новава, браво се движи народ кон напред, незнам зашо не праат нешо во Барок стил ::):))))0
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom