THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.340

Посетата на Катар отвора можност за соработка во многу сфери. Интерес е пројавен за конкретни проекти што Македонија ќе ги понуди, а кои македонската Влада веќе ги има подготвено, и тоа во областа на туризмот, хотелиерството, индустријата за храна, земјоделсите производи и се она што недостасува во нивната земја.
Ова го истакна претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Доха, каде што имаше средби со претставници на Катарските инвестициски власти и Катарскиот образовен фонд.
- Денешните средби претставуваат конкретизирање на разговорот што вчера го имавме со емирот на Катар Хамад бин Калифа Ал Тани, на чија лична покана учествував на еминентниот Форум во Доха, кој се оддржува по десетти пат и на кој годинава учесници од 60 земји ги разгледуваа прашањата од глобален интерес, истакна претседателот Ѓорге Иванов.
Тој истакна дека македонската Влада ќе се ангажира сите остварени контакти и можност да бидат искроистени за да може Македонија како земја да биде присутна на овој простор, како и инвеститори од Катар да дојдат во Македонија.
- На средбата со емирот му ги понудив конкретни работи кои можеме ние како држава да ги понудиме, а кои се интересни за Катарските инвестициски власти. Во тој контекст, беше и денешната средба со претседателот на Катарските инвестициски власти, шеикот Хамад бин Јасем бин Јабр ал Тани.
На средбата со претставници од Образовниот фонд, беа отворени прашања кои се од заемен интерес.
Претседателот Иванов истакна дека од Образовниот фонд пројавиле интерес за развој на македонското високо образование, особено во новите достигнувња во ИТ технологија, како и за македонски проекти во сферата на науката и можностите за соработка во делот на уметноста и културата и особено за тоа дали македонските музејски поставки можат да бидат присутни на нивниот простор.