Градежен факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Viki Cheda
  • Време на започнување Време на започнување

Viki Cheda

This is bat country!!!
Член од
25 февруари 2010
Мислења
24
Поени од реакции
1
Почитувани кајганџии,
Јас сум 2ра година во гимназија и што туку го одбрав Природно-математичкото подрачје А за трета година. После средно, би сакал да се запишам на градежен факултет. Па... дали би сакале да ме информирате повеќе околу тоа кои предмети за матура треба да се полагаат конкретно за градежен факултет, колку поени од матура, колку е перспективен а и смеровите во факултетот... Исто така, би сакал да одвојам време од летниот распуст за да полека полека се спремам бидејќи не сум ''математички талентиран'' - туку ми треба време за да го научам нештото по математика. Што да учам, што да вежбам, на компјутер или чисто математика, физика... Поздрав и благодарам однапред...
 
Почитувани кајганџии,
Јас сум 2ра година во гимназија и што туку го одбрав Природно-математичкото подрачје А за трета година. После средно, би сакал да се запишам на градежен факултет. Па... дали би сакале да ме информирате повеќе околу тоа кои предмети за матура треба да се полагаат конкретно за градежен факултет,


математика и физика
колку поени од матура,

не треба многу, малку студенти се запишуваат
колку е перспективен а и смеровите во факултетот...

перспективен е, смеровите конструктивна, патишта и железници, хихидротехничка
по името се поздразбира која насока за што е

Исто така, би сакал да одвојам време од летниот распуст за да полека полека се спремам бидејќи не сум ''математички талентиран'' - туку ми треба време за да го научам нештото по математика. Што да учам, што да вежбам, на компјутер или чисто математика, физика... Поздрав и благодарам однапред...


не треба да се замараш летово
математика кецот се учи т.е повторува се она од средно, физика исто така, а ти имаш уште две години

тука повеќе
 
Почитувани кајганџии,
Јас сум 2ра година во гимназија и што туку го одбрав Природно-математичкото подрачје А за трета година. После средно, би сакал да се запишам на градежен факултет. Па... дали би сакале да ме информирате повеќе околу тоа кои предмети за матура треба да се полагаат конкретно за градежен факултет, колку поени од матура, колку е перспективен а и смеровите во факултетот... Исто така, би сакал да одвојам време од летниот распуст за да полека полека се спремам бидејќи не сум ''математички талентиран'' - туку ми треба време за да го научам нештото по математика. Што да учам, што да вежбам, на компјутер или чисто математика, физика... Поздрав и благодарам однапред...
Па ти сакаш со глава ѕид да рушиш. Трг одма да те преместат. Не си свесен колку треба да владееш математика за да се запишеш електро, машински, архитектонски или градежен. За овие струки треба математика да ти биде "омилен" предмет, во душата да си ја носиш. А многу ретко се наоѓа дете што ќе каже дека сака математика, па и затоа овие факултети имаат најмалку студенти. незнам за тебе што сваќаш под поимот "талентиран математичар", ама ако математика немаш константно петка(многу ретко 4) не помислувај дека нешто ќе постигнеш. математиката не се учи, таа се сваќа, постојано само се надоградуваш.
 
Колку можам да забележам нема отворено тема за Градежниот факултет на форумов, па викам ајде јас, како тазе студент, да ја имам таа чест да ја отворам темата.

Од 15ти почнувам со I година на Градежниот факултет - Конструктивна насока, и да се пофалам малку - влегов меѓу првите 5 и успеав да ќарим стипендија.

Го пробив ледот јас, па сега ваш ред е колеги. Да се видиме кои сме, колку сме, какви сме.. Тука може да поставуваме прашања, разменуваме искуства, оговараме професори, асистенти (асистентки :icon_cool ).

Па повелете градежни инжинери. :smir:
 
ти оговарај асистенти мене не ми се погодија сексипилни асистентките :)


инаку дупла тема па нека ја спојат надлежните
http://forum.kajgana.com/showthread.php?51215-%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%B6%D0%B5%D0%BD-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%82

--- надополнето ---

p.s од кога земаат стипендии првите 5?

инаку има и од факултетот стипендии
ќе бидете тестирани одма на старт
 
p.s од кога земаат стипендии првите 5?

Па од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ доделуваат 105 стипендии, по 5 на секој од факултетите за првите 5 студента (рангирани по поените од Државната Матура).

инаку има и од факултетот стипендии
ќе бидете тестирани одма на старт

Слушнав за тие другар, од некои фирми биле, независни од државните стипендии. На градежен ли си ти?
Ако може да кажеш нешто повеќе за тие тестирања.. кои предмети, што како се тестира..
 
Слушнав за тие другар, од некои фирми биле, независни од државните стипендии. На градежен ли си ти?
Ако може да кажеш нешто повеќе за тие тестирања.. кои предмети, што како се тестира..

На градежен сум, а тестот е математика, елементарни задачи и прашања, одма на стартот, на некој од првите часови.
Да, стипнедиите се преку фирми кои соработуваат со Градежен.
Годинава и лани сите знаат за тестот, а порано само кој имаше познаник на Градежен постар дознаваше дека постои ваков тест, што им ги зголемуваше шансите за добивање на таа стипендија.
 
Ти го правеше тој тест? Ако е одма на старт, тоа значи дека ќе бидат застапени задачи од средно.. Ако сакаш да посочиш дали е нешто слично на ова ако се имаш сретнато со таков тест досега. позз

Доволно е и тоа што наведе другар. Фала во секој случај. :)
 
Нешто во тој стил, можеби малку потежок, задачи од средно, елементарни, основни задачи и прашања.
 
Информатика - 90 поени..каазни ме таа овцата :lut: А Математика 1 во Петок полагаме, уште нема резултати :)
 
Информатика - 90 поени..каазни ме таа овцата :lut: А Математика 1 во Петок полагаме, уште нема резултати :)

Де бе Симона да те казни, чудо.
Гледај другите два да ти се по 100, оти во мое време по информатика 9 беше најмала оцена :)
 
Ја има фатено некоја радијација изгледа, само се понаша. Работата беше во тоа што јас мислев дека имаме 45 мин. за работа (како што кажа професорот), а според нив требало 30 минути. И немаа никакво разбирање, а ми требаше помалку од 2 минути да довршам се. Ама јеби га за тие 2 минути Симоната ме казни 10 поени.. Спаси ме тој што ни покажа мускулите иначе сакаше да ме казни повеќе :icon_lol:
А иначе во мое време има доста под 90 поени :)
 
Прашање до студентите на градежен факултет:
Слуша/л некој Метод на конечни елементи и модели (Кај проф.Кокаланов) според информациите што ги имам од нивната веб страна?
Ми требаат некој материјали за Метод на конечни елементи, (има некој материјали во делот за превземања), но ме интересира има книга од овој професор? скрипта?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom