Финале на Купот на Македонија : Работнички - Тетекс

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои Купот

  • Тетекс

    Гласови: 33 70,2%
  • Работнички

    Гласови: 14 29,8%

  • Вкупно гласачи
    47
  • Гласањето е завршено на .
Утакмицава денеска се гледаше од авион дека е наместена мајката :icon_lol:
 
Значи местенка тешка беше денешната утакмица,не од авион,туку од месечина се гледаше.:vozbud:
Уште од кога се дозна дека Тетекс и Работнички се во финале,,се насетуваше читај (се знаеше) победникот на купот,со оглед кој го води Тетекс,и какви корелации има ток човек во двата клуба.:kesa:
Немојте да ме сфатите дека сум чисто само субјективен,и само од навивачка субјективност кон Пелистер го пишувам ова,нстрана сето тоа,сите кои беа неутрални гледачи денес ќе го кажат истото.:kesa:
Тетекс не е слаб тим,далеку од тоа,и не им треба ваква помош за да освои титула........
Шо да се кажи за утакмицата,по МИЗЕРНОТО прво полувреме,во второто се отворија КАРТИТЕ и се случи тоа шо мораше да се случи,со време за само 15 ина минути Тетекс даде 3ка,и веќе се беше јасно-да нема дилеми до крај и дополнителни нервози.:tapp:
Едноставнно си се шетаа до голот на Работнички играчите на Тетекс како на Корзо,одбраната на Работнички како да не постоеше...
Тоа е разликата кај нас,дури и во местенките не знаеме да изглумиме,кај нас кога се мести се мести АПЛА,а западњаците тоа го прават со шмек,затоа ние сме долу а тие се горе на скалата.:kesa:

Како и да е,помина и оваа сезона,честито победа и титула за Тетекс,Војводи беа во добра бројка,и гледам имаше и добра бројка на Тетовчани во Скопје,шо беше за очекување со оглед на близината на Скопје....:salut:
 
Фала на честитките!

Него некој дан знае дали ќе има снимка од утакмицава?? Сакам да ја изгледам онака на раат :)
 
Честитки за победаѕа на Тетекс,но ова беше класична местенка.
Е затоа ке нема публика на стадионите.
Што убаво беше кога почна натпреварот солиден број гледачи,но поголем дел од публиката си замина многу рано,бидејки нормално нејкат да гледаат местенки.
 
Еве и колку има неутрална публика. Па пак нека биде купот за работен ден па може и помалку ќе има


28122_1282686632735_1397184735_30641490_7950754_n.jpg
 
Се збори дека како предигра на Куп Финалето било киднапирано детето на Горан Димовски-Гец, а додека фудбалерите на Работнички биле во карантин во хотел им дошле непознати луѓе и со оружје им се заканувале дека ќе мораат да изгубат.
 
Се збори дека како предигра на Куп Финалето било киднапирано детето на Горан Димовски-Гец, а додека фудбалерите на Работнички биле во карантин во хотел им дошле непознати луѓе и со оружје им се заканувале дека ќе мораат да изгубат.
Се збореа вчера разни глупости. Се збореше дека еден фудбалер од Тетекс (нема да го именуем) ќе ја пуштел утакмицата, и дека му се заканувале, а од тоа не излезе ништо.
 
Па сега ќе се збори све и свешто...ако беше наместена (а беше според мене) тука удел има и Поповски, нека не се прае сега тој мангуп му се закануеле ова она за да си извлече гзот. Неможе да наместиш утакмица сам, или па со 2-3 играчи од противничката екипа. Смешки е све ова, незнам што да кажем. Фудбалов ни тоне и мислим дека на пониско ниво неможе да биде више...
 
Се знаеше дека Тетекс ќе го земе купот.
Сите знаеме кој инвестира и во двата клуба,а со победа на Тетекс они одат во Европа Лига,додека Работнички со вторто место во првенството го имаше тоа место во ЕЛ обезбедено(сега ќе има пари за лапање и во Тетекс и во Работнички)
 
Не викам дека не беше намештаљка утакмицата,но изјавата на Поповски за Мак.Спорт стварно е некоректна !
Од сигурни извори потврдуем дека немало никаков контакт со играчите или управата на Работнички, за измислените работи!!
Нема што да каже па мора вака..поарно ништо не збори или нешто друго кажи,а не вака..:/
 
Доколку иамло такви закани како што изјави Попоски тогаш он е најмногу крив за таквиот настан. Едноставно не требал да излезе на терен така да го докрајчи и така срамниот фудбал. Вака само помогнал да се направи нешто за кое вели дека не е регуларно, поточно автоматски стануа индирекно соучесник. Бидејќи не превзел ништо тогаш подобро е да ќути и да небара оправдување во нешто друго.
 
ова го нема никаде,само кај нас...се игра финале на купот а една од екипите игра како да е пријателски натпревар од поготвителниот период,срамно...тренерот на Работнички седи и не покажува никакви емоции,некој неутрален гледач би рекол дека тоа е тренер на Тетекс...како и да е честитки до играчите и навивачите на Тетекс за освоениот пехар и многу среќа во Европа....

ова беше капак на све што се дешава во македонскиот фудбал,време е за големи промени во ФФМ!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom