Анастасија, култниот Македонски етно бенд!

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.767
Поени од реакции
18.522
Запрепастен сум од недоволното познавање на овој бенд на нашиве простори, кичот и другите одвратни копи пејст музики не оставаат простор за вистински квалитетна музика!! Барем не кај поновите генерации за жал!

Бендов се проби со прекрасниот санудтрак направен за најголемиот филм во Македонската филмска историја! Се разбира погодувате за кој филм се работи, Пред Дождот.

Еве за оние кои не ги знаат, или пак ги чуле а не знаат за кого се работи, за мене нивните две најдобри песни. Најмалце еднаш у денот ги слушам!



:oeoeoe::wub:
 
Омилена :)
Електроника измешана со етнос. Одлично.
 
Анастасија е еден од најдобрите бендови во Македонија, рамо до рамо со Леб и Сол се врвот!
Анастасија направиле прекрасна ,вонвременска, инзворедна музика. Секој Македонец треба да ги знае и да ја цени нивната музика и да им ја препорачува на сите кои не дошле да ја преслушаат.
Албумот Before the Rain е дефинитивно најдобриот музички албум од Македонија според мене. Секоја песна има моќ и тежина,а најдобро е да се слуша како целина. Штета што се распаднати и што никогаш нема да има одам на концерт:(
 
Before the rain ми е омилен албум, број 1 не само од македонската музика туку од се што слушам. Ах да имаше повеќе ваква музика наместо шундот деновиве...За омилени траки тешко е да се одлучам...Nine Iron Doors, Death of Alexander, The Circle Is Not Round...Музика која ме прави горд што сум Македонец.
 
Точно така, било ми е што барем некој од (форумов, без навреда) знае што слуша! :)
 
Најдобриот Македонски етно/трипи(со мали примеси на сајкеделик) бенд! Целиот репертоар на Анастасија е едно магично патешествие, кое секој љубител на добра и амбиентална (да не пишам опуштена) музика мора да го изминал :wink: Тешки за слушање, поради тоа што целата тежина на овој народ ја опишуваат во нивните песни и богами, ако си прав Македонец, ќе затрепериш дури ги слушаш...на страна тоа што имаат обработени и други теми...
Секоја чест.

 
Како нема да биде добра Анастасија кога Горан Трајковски и Зоран Спасовски се членови од култниот Мизар.
 
Не се потребни зборови само чуствувајте и слушајте.


Lice
Istavi gi zamkite i stapicite.
Otvori gi vratite i penxerite.

Pu{ti go od sebe deteto da pobegne.
Ostavi ja senkata na pladne.
Izmeri ja tri pati pred da zamine{.

Pu{ti go od sebe, deteto }e porasne.
 
Морници,созли во очите,носталгија,возвишеност,религиозно исксутво,безвременост! Нека научат новите "бендови" што е музика, музика правена со многу чуства,душа и целосна оддаденост!

Горенаведните чуства ме обземаат секогаш кога ги слушам, поготово највпечатлива во овој поглед ми е Time Never Dies

Анастасија засекогаш! :cuc::wub:
 

Мене сестра ми ме зарази со нив :pos: Инаку за мене најјак момент кога отидоа во Белград на концерт и во прв ред кога им се наредиле попови (мислејќи дека вториот албум им е ко првиот) и кога поповите се изнаслушале електронска музика
 
ова е нешто неописливо
Инаку од албумот Before the rain покрај гореспоменативе особено ми направи ќеиф Funeral theme, траката трае некаде околу една минута али брате какво црковно пеење има ауууу морници ме лазат уште само коа ќе се присетам, штета ја нема на Јутјуб. Друга трака каде што македонскиот фолклор е прикажан онака баш сиров и оригинален е Девет врати железни
 

Мене сестра ми ме зарази со нив :pos: Инаку за мене најјак момент кога отидоа во Белград на концерт и во прв ред кога им се наредиле попови (мислејќи дека вториот албум им е ко првиот) и кога поповите се изнаслушале електронска музика

Добра анекдота :)

Анастасија се (или беа?) невероватен состав. Сите членови се на некој начин поврзани со други македонски бендови на авантгардата и секој од нив додава свој зачин во музиката што ја свират. Сите албуми ми се одлично замислени и си ги преслушувам често, ама Ноктурнал некако ми остава најголем впечаток заради тоа што звукот е произведен до перфекција, аранжманите се беспрекорни и има толку многу манипулирање со звуците што претставува особено задоволство кога го слушаш тоа во дотерана атмосфера и на слушалки :music2: Ноктурнал е цела приказна. Како се раздуплува..абе ремек дело. Туку да не држам предавања, тие што не сте го преслушале Ноктурнал или воопшто не сте ги осетиле Анастасија, под итно да си ја исправите грешката :nenene:
 

Ова се наши деца, подгори им ги косите.
Ова се наши деца, затопли им ги дланките.
Ова се наши деца, разбуди ги неосетно.
Ова се наши деца, одврзи им го превезот.


Колку моќен текст. Кој сфати, сфати! :smir:
 

Се плашам да слушам ... Безвременско
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom