Македонска одбојкарска репрезентација-мажи

  • Креатор на темата Креатор на темата Тетекс фан ^
  • Време на започнување Време на започнување

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Во моментов се спремаме за квалификациете за ЕП 2011 што ќе се играа во Скопје од 21-23 мај и во Холандија од 28-30 мај. Во група сме со Холандија, Португалија и Шведска, првиот иде директно, а вториот игра бараж. Од овде Холандија е најголем фаворит за првото место, а мие со Португалија би требало да се бориме за второто место кое води во баражот. Според мене имаме големи шансе за освојување на тоа второ место бидејќи во моментов имаме јака генерација и би требало тоа да се искористи.
Оваа генерација е предводена од нашите најдобри играчи коректорите Јовица Симовски(у Франција игра и е меѓу најдобрите таму) и Ѓорѓиев(Италија, во одлична форма е младиов) потоа Митев кој е одличен дизач, Гинов либеро, Зафиров и Јосифовски блокери, Милков....
Инаку на претходните квалификации во баражот загубивмо од Чешка(3-0 и 3-2).

--- надополнето ---

Ќе има и преноси од овие утакмици на A1 и А2
 
koj e timot na reprezentacijata i koi se treneri ako moze da mi kaze nekoj
 
Како што кажа Бојан,мора генерацијава сега што е да се искористи,зашто ептен сега е добра и јака!
А зашто да не ги изненадимо и Холандија,па да идемо и директно :)
Со среќа нека им е,и нека го дадат максимумот !
 
Не. Жарко Ристески е либеро, а Владимир Стевовски ќе игра прв технчар, примачката дијагонала е Милков - Милев ( Атанас, постариот, брат му Владо е исто во репрезентацијата ), Јосифов И Ѓорѓевски на центарските позиции,коректор - Симовски ( Јовица, брат му Дејан беше во поширокиот список, не знам дали ќе влезе во 12те, изгледа не со огледна тоа дека Ѓорѓиев би требало да е втор коректор )..

Можеби можеше да се направи подобар состав со вклучување на исусниот Наковски во тимот, ама селекторот си знае : )
 
Ништо чудно и двајцата(гума и Ѓорѓиев) ако играа прва постава се праеја некој варијанте па ќе видимо :)
Мислим Наковски се закара нешто у репрезентација у прошливе квалификации и затоа не е земен...
 
Со среќа. Ќе пробам да ги гледам термините.
 
*Ништо чудно и двајцата(гума и Ѓорѓиев) ако играа прва постава се праеја некој варијанте па ќе видимо :)
Мислим Наковски се закара нешто у репрезентација у прошливе квалификации и затоа не е земен...*

Наковски го викнаа и на овие подготовки, ама нешто се скараа со селекторот за позицијата на која треба(може) да игра.. нивна работа : ))

Можеби се пробувале нешто на пријателските утакмици да играт со два коректора у игра, ама тешко да оде и мислам тоа ќе биде составот што ќе излезе на терен во петок : )
 
Можеби се пробувале нешто на пријателските утакмици да играт со два коректора у игра, ама тешко да оде и мислам тоа ќе биде составот што ќе излезе на терен во петок : )

Треба максимално да се искориста 2-цава коректори заш играа у извонредна форма и двајцата и не би било фер еден на клупа да седи. Гума би играл на позиција 4(значи коректорската), а Ѓорѓиев од другата страна
најдобро ќе биде ваке:
Ристоски-либеро, Милков и Милев примачката дијагонала, Митев дизач,Гума и Ѓорѓиев коректори. Само може место Милев да се стае некој од центарските позиции(Јосифов или Зафиров) и ќе имамо убиствен тим : )
Инаку терминиве се: петок(со Шведска) и во недела(со Холандија) играмо од 20 часот, а во сабота значи решавачката(со Португалија) во 17.30
 
И ко што слушнав влезот ќе биде бесплатен :))
 
Па не играт баш двајцата во инзвонредна форма, Ѓорѓиев имаше два скршени прста и беше надвор од тренажен процес скоро половина оваа година, може уште многу многу повеќе : )

А Милев со Ристоски ќе бидат столбовите на екипата, нема шанси да не игра, да влезовите би требало да бидат бесплатни, да се надеваме дека нашите одбојкари ќе покажат што можат и да се надеваме на позитивене резултат, се разбира Холандија е екипа од светска класа, која во последниве години се соочува со проблеми, но секако е фаворит на овој турнир.

мечовите се:
21.05.2010 17:30 NED - POR
20:00 SWE - MKD
22.05.2010 17:30 MKD - POR
20:00 SWE - NED
23.05.2010 17:30 POR - SWE
20:00 MKD - NED

Сала Борис Трајковски.
 
Сеа на една од пријателскивe со Србија им упика 34-35 поена :)
 
знам, подготовките му годат да си ја врати формата, но сепак може многу повеќе, како што реков, не залудно го земаа во Италија : )
 
Треба да ги решиме швеѓаните и португалците, холандезиве се сигурни фаворити. Мислам дека можеме да го направиме тоа, и да ја видиме Македонија на едно големо натправарување.

НАПРЕД НАШИ
 
Георгиев две години по ред беше прогласуван најдобар одбојкар и поентер во Српското првенство.Тоа не е малку какви таленти имат Србите а наш беше најдобар.
По 30 поени правеше за Раднички кога беа шампиони на Србија.
Може да стане тој еден од најдобрите одбојкари во Европа само да добие шанса.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom