Верувам во...

  • Креатор на темата Креатор на темата Michelle Aline
  • Време на започнување Време на започнување
Верувам во науката, доказите, фактите и истражувањето. Тоа е единствениот начин да ја дознаеш вистината, ама не вистината што ја сакаш, туку онаа правата вистина. Вистината што ја сакаш можеш да ја најдеш во книги како Библијата, Куранот, во раскажувања на одредени луѓе без поткрепа од докази, во својот мозок...

--- надополнето ---

Епа пред едно четриесетина години во научната книга ќе сретнеше дека окапи е изумрен вид, дека цевките за водовод најдобро е да се прават од азбест, дека Плутон е планета и што ли уште не. Сето тоа во денешните научни книги е обратно.
Според нив, вистината е променлива категорија?

А според црквата Земјата е центар на вселената или го имаат сменето својот став? :)
 
Црквата е света институција составена од грешни луѓе.
Никој никогаш не рекол: Јас верувам во црквата, туку: Јас верувам во Господ.
Но затоа има многу кои се колнат и веруваат во науката (како погоре), за која вистината е, очигледно, променлива категорија.
 
Верувам во Семоќниот Отец,
Создателот на небото и Земјата;
и во Исус Христос,
Неговиот единствен Син и наш Спасител,
Кој беше зачнат од Светиот Дух,
роден преку Дева Марија,
осуден од Понтиј Пилат,
Распнат, усмртен и погребан.
На третиот ден воскресна од мртвите,
се вознесе на небото и
седи оддесно на Бог, Семоќниот Отец,
од каде што ќе дојде да им суди
на живите и на умрените.
Верувам во Светиот Дух;
во Света, сеопшта Црква;
во заемно општење меѓу светиите;
во опростување на гревовите;
во воскресение на телото и
во вечен живот. Амин.
 
Вистината не е променлива категорија, се додека не се пронајдат докази.
Окапи можеби за тогашните научници бил исчезнат вид, но само заради што немале докази за спротивното. Кога нашле докази не можат да речат дека е изумрен?
Планета е само класификација на небесните тела, а надоградбата на астрономските параметри И новите откритија го исклучуваат Плутон од планета и бараат нова класа - планетоиди.
Науката секогаш ќе ја најде вистината, иако понекогаш тоа може да трае...
 
[/COLOR]Некој веќе го напишал.....

Без разлика што немаш докази, ако излезеш во научниот свет (во 1969, на пример) и речеш Плутон не е планета а Окапи постои. Ќе бидеш исмејан. Бидејќи научниот свет тврди спротивно. А дали во тој момент ти ја збориш вистината или чичковците во бели мантили?
 
Ако излезам во тој научен свет во 1969 година со ДОКАЗИ, значи дека јас сум во право, а тие не. Науката тоа ќе мора да го прифати.
Во 1969 година не биле откриени Седна и оснатаните големи небесни тела зад Плутон, а немало докази дека има остатоци од Окапи некаде. Кога ќе ги видат доказите, ќе го сменат мислењето, како што впрочем во нивната иднина е сменето. :)
 
Но останува фактот дека во тој момент науката тврди нешто што е невистинито, без разлика кои се причините за тоа (немање докази или што и да е).
 
Не тврди нешто невистинито, тврди она што го знае во тој момент. А тоа е така се додека не биде откриено нешто друго.
Впрочем тоа е и целата работа во науката - откривањето.
Пред 200-300 години не се знаеше дека воздухот е смеса - денес се знае, благодарение на науката.
 
@Human ... Нарочно не сакаш да го сватиш Evil Betty или ?

туку ај доста за наука ...
 
А што е тоа што треба да го сфатам? Дека религијата повеќе е во право од науката?
Не ја разбирам поентава на твојот пост...
 
А што е тоа што треба да го сфатам? Дека религијата повеќе е во право од науката?
Не ја разбирам поентава на твојот пост...

Но затоа има многу кои се колнат и веруваат во науката (како погоре), за која вистината е, очигледно, променлива категорија.

За ова ... кој ја спомна религијата .. праите муабет за Науката за која вистината е променлива категорија ..
и ај .. доста офтопик ..
 
Верувам во рационалноста, во експериментите, во причинско-последична врска...
Верувам во Науката, во Физиката во Хемијата во Географијата во Математиката и Логиката...
Верувам во Квантната Физика верувам во Дарвиновата Теорија верувам во Генетиката, Археологијата и Антропологијата...
Верувам во доказите, природните закони, моралниот/правен закон кој наложува што е добро, а што е лошо.

Не верувам во господ или бог во било каква форма и на било каков начин... освен како една морална философија.
 
Епа пред едно четриесетина години во научната книга ќе сретнеше дека окапи е изумрен вид, дека цевките за водовод најдобро е да се прават од азбест, дека Плутон е планета и што ли уште не. Сето тоа во денешните научни книги е обратно.
Според нив, вистината е променлива категорија?

Да во право си.Но науката напредува.Со секој нов факт (науката) е поблиску до вистината.Неможе се да биде совршено,еден факт ке закопа друг факт,но ете како што кажав,СВЕ СЕ БАЗИРА НА ФАКТИ.Нешто што верата никогаш нема да може да го пружи.Без навреда али ние,атеистите,можеме да го потврдиме нашето мислење,а за верниците тоа малце тешко.Се надевам дека никој нема да се навреди,не мислев ништо лошо.Само дискутираме.А ти,Бети,во што веруваш?

--- надополнето ---

Верувам во рационалноста, во експериментите, во причинско-последична врска...
Верувам во Науката, во Физиката во Хемијата во Географијата во Математиката и Логиката...
Верувам во Квантната Физика верувам во Дарвиновата Теорија верувам во Генетиката, Археологијата и Антропологијата...
Верувам во доказите, природните закони, моралниот/правен закон кој наложува што е добро, а што е лошо.

Не верувам во господ или бог во било каква форма и на било каков начин... освен како една морална философија.

Одлично.Ова се бараше.(:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom