Првиот Мериот Хотел во поранешна Југославија ќе се гради во Скопје. По девет месеци преговори еден од најголемите хотелски ланци во светот денеска го потпиша договорот за менаџирање на хотелот кој ќе го гради македонската компанија Дивелоп Груп.
Хотелот на скопскиот плоштад ќе биде во арт деко стил, онака каков што веќе го видовме во презентацијата на проектот Скопје 2014-та со сите содржини на луксузен хотел од пет ѕвезди.
Најавите се дека хотелот ќе биде готов во 2012-та, а изградбата ќе стартува веднаш по добивањето на градежната дозвола.