deXterche
тадаммм
За Македонија се зборува дека ќе биде првата земје целосно покриена со Wi-Fi, ај ќе видиме колку е тоа вистина. Кај што живеам јас во Струга сите училишта се добро опремени со компјутерски лаборатории (само во средното кај што учев имаше 4 лаборатории со по 20 компјутери). Речиси секој четврти граѓанин има дома компјутер, а секој втори може да си дозволи да купе. Интернет клубови ги има речиси на секоја улица а и не се скапи 20-30 ден сат.
Ок доста беше со опременоста дај да видиме колкаво ни е знењето за да ја искористиме таа технологија. Еве еден пример: Оди еден средновековен човек во продавницата кај својот пријател а он купил нов монитор и овој му вика "комшија треба да частиш нов компјутер си зел". Мислам ме сваќате. Нема да му замерам бидејќи е од постарата генерација, сепак во негово време компјутерите били научна фантастика. Добар факт е што младинава покрај игрите стекнаа едно солидно ниво во познавањето на компјутерите. Сепак за да се инсталира една игра треба да се има барем основно познавање. Но сепак има уште еден поголем дел од народот кој што не разликува што е монитор што тастатура и маус а што куќиште и дека тие во целина се викаат компјутерска конфигурација (компјутер), а камоли нешто повеќе. Значи компјутерот е составен од хардвер(машински дел) и софтвер(програмски дел) да расчистиме, што на сите на форумов ви е мн добро познато се надевам. Него најповеќе ме натера да ја отворам оваа тема тоа што вашата активност на форумот за Компјутери и технологија е многу мала да неречам се сведува на 5-6 души (освен админите) кои се активни на тие теми. Е дали тоа се сведува на вашето мало познавање на компјутерската технологија и стравот дека ќе тресите глупости или не ви се интересни тие теми чекам ваш одговор.