Архитектите бараат преиспитување на проектот „Скопје 2014“

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
A

ateist

Гостин
Асоцијацијата на архитекти на Македонија му предлага на директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, соработка на полето на превреднување на Деталниот урбанистички план за Малиот ринг. Сметајќи дека Асоцијацијата и Управата имаат интереси што се преклопуваат, за архитектите е сосем логично да укажат на аномалиите на проектот „Скопје 2014“, а наедно и да побараат негово преиспитување.

„Се надеваме дека имате префинетост и доблест да ја препознаете и вреднувате добрата намера на архитектите кои сакаат да дадат придонес во остварување на вистинските вредности на овие простори. Коментарот се однесува на центарот на метрополата како наше огледало, рефлексија на состојбите, историска одговорност, но и судбинска определница“, се вели во отвореното писмо кое ААМ му го испрати на Кузман.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=049533335C5A84499BA7FCDB6A2AC608
 
Леле мајко, па кој уште од оваа власт ги ербапи стручните мислења на институции од фелата.Та зар има поумни од политичарчињава?.Тие знаат се.Се разбира во свој интерес.
Тогаш, дали треба професионализам или политичко дилетантство?
 
Не гледам каква улога би имала ААМ овој случај.
Рамките на Скопје 2014 се поставени, скулптурите се во голем дел дефинирани, многу од објектите се започнати со изградба.
Така да, „Архитектите“, можат само да навиваат.
 
И додека архитектите ти навиваат за архитектурата, докторите ти се молат за нова опрема, учителите не се опираат на корумпираност, и сите останати професионалци не смеат да се бават со професија...

... цветајте.
 
Не гледам каква улога би имала ААМ овој случај.
Рамките на Скопје 2014 се поставени, скулптурите се во голем дел дефинирани, многу од објектите се започнати со изградба.
Така да, „Архитектите“, можат само да навиваат.

И јас не гледам каква улога би имала ААМ, би требало риболовното друштво "Мамец" да даде конструктивна критика на проектот.
 
И јас не гледам каква улога би имала ААМ, би требало риболовното друштво "Мамец" да даде конструктивна критика на проектот.

Сосема се ирелевантни.
Во изминативе години толку глупости се изнаправија низ Скопје, а овие не бекнаа, така да ова е само политички, Грчев муабет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom