Група Ф (Италија, Парагвај, Нов Зеланд, Словачка)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.918
Поени од реакции
1.588
Групата во која се наоѓа актуелниот светски шампион заедно со еден тотален аутсајдер и две просечни репрезентации помеѓу кои би се водела битката за тоа кој ќе помине во следната фаза.

Група Ф:
- Италија
- Парагвај
- Нов Зеланд
- Словачка

Првиот натпревар во оваа група ќе се одржи на 14.06, а последниот на 24.06. Еве како изгледа и целосниот распоред во групава:

14.06.2010:
Италија - Парагвај (Green point stadium - Cape town)

15.06.2010:
Нов Зеланд - Словачка (Royal Bafokeng stadium - Rustenburg)

20.06.2010:
Италија - Нов Зеланд (Mbombela stadium - Nelspruit)
Словачка - Парагвај (Free state stadium - Mangaung/Bloemfontein)

24.06.2010:
Италија - Словачка (Ellis park stadium - Johannesburg)
Парагвај - Нов Зеланд (Peter Mokaba stadium - Polokwane)

Во оваа група како што кажав и во воведот за тотален аутсајдер и според мене и според сите кладилници ширум светот се смета Нов Зеланд, а битката за второто место би се водела помеѓу Парагвај и Словачка. Сепак јас им давам мала предност на Словаците кои и самите ние сме ги осетиле на кожа, а и тек ќе ги осетиме во следните квалификации. Најистакнати имиња од Словачката репрезентација се Мартин Шкртел и Марек Хамшик. Иако мислам дека Словациве ќе ја поминат групата нивниот лимит е осмина-финале. Значи според мене, конечниот изглед на групата би изгледал вака:

1.) Италија
2.) Словачка
3.) Парагвај
4.) Нов Зеланд
 
Италија има сите пепел да ги напрај :)
 
Ќе се прошета Италија низ групава и ако ако бидат реални резултатите и во група Е осмина финале најверојатно ќе игра против Камерун или Данска (рачунам дека Холандија ќе биде прва таму) ....

Значи не би требало Италија да има некој поголеми проблеми да стигне до 1/4 финале , но сепак се е можно па ќе видиме :) ...
 
Ќе се провлечи Италија некако низ групава па потоа ќе дојде до полуфинале.:tv:
 
Ептен лесна група добија жабарите. 99% сум сигурен дека поминуваат понатаму. За второ место најмногу шанси им давам на Парагвај.
 
Даааалеку полесна група за Азурите во однос на минатиот мундијал... со уште помалку вложување на напор и чување на силите за понатака, Италија ќе обезбеди лидерска позиција... истиот старо-добитен принцип на маестро Липи!
Зеланд е аут, Парагвај версус Словачка, би требало првите да патуваат како второпласирани.

1. Италија - 2. Парагвај
 
Како по навика Италија има лесна група :) Се надевам дека мојата најомразена репрезентација ќе испадне што е можно побрзо, но тоа не би требало да се случи во оваа група. Како и секогаш сакам што е можно подобро да се престави најслабата екипа од групава а тоа според мене е Нов Зеланд. Сепак на крај типувам дека Италија ќе има 9 бода, а за второто место ќе се води неизвесна битка, но сепак мала предност им давам на Парагвајците како екипа која има доста поголемо искуство од другите две :wink:
 
Премногу лесна група за Италија. Тие ќе бидат првопласирани, додека за второто место ќе се борат Парагвај и Словачка, но им давам мала предност на Словачка.
 
италија и парагвај словачка не верувам да изненади а парагвајците секогаш имаат добар тим
 
Иако е лесна групата, додека не поминат натпреварите, нема да се смирам, пошто не дај Боже Италијанците да ги потценат премногу другиве, па сам себе убијал да си направат. Така да, јас предвреме нема да зборам, иако ми олесна во секој случај што пак се во полесна група. :) :) :)
 
Лесна група им се падна на Жабарите и не би требало да имаат проблем .
Второ место според мое мислење ќе и припадне на Словачка, иако и Парагвај не е за потценување.
 
Уште од извлекувањето на групите тврдам дека Италија имаше среќа на жрепката. Ама кога ќе ми текне дека во Словачка игра Хамшик, човекот кој буквално последниве сезони го уништува Јуве, не се осмелувам пред време да кажам дека нема нешто слично да и приреди и на (мојата) Италија. Додуша Словачка ја сметам за нијанса поголем фаворит од Парагвај за влез во 1/8 финалето (иако го нема потребното искуство на вакви натпревари), па според тоа мое мислење е дека Италија има обезбеден пласман во наредната рунда.
 
Ќе ви го каже ќејфот Хамшик.:violent1:
 
Овде Италија е фаворит, Италија колку и да нема некој играчи, сепак на светско игра стварно многу добро... знаат како да играат, пред некој ден го гледав составот на Италија, гледам Лука тони не е земен ниту пак Касано, и Амаури, закана за Италјанците преставуваат Парагвајците кој се големи дриблери, пред некој ден ги гледав, а инаку и Словачка не е за потценување:toe:... го имаат Марек Хамшик кој стварно оваа сезона покажа доста добра игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom