СП низ времињата

  • Креатор на темата Креатор на темата никола-те
  • Време на започнување Време на започнување
Вреди да се спомене, досега од одиграните 18 првенства 9 пати победник била репрезентација од Европа и повторно 9 пати екипа од Јужна Америка. Исто така досега никогаш во финалето на СП не играла екипа од трет континент во споредба со споменатите два. Дали Јужна Африка ќе биде пресвртница и кој ќе се искачи на тронот со евентуална 10та титула останува да видиме.

--- надополнето ---

Европа
 
Вкупно 48 хет-трика на Светските Првенства


batistuta-k-s.jpg
На досегашните 18 светски фудбалски првенства се забележани дури 48 хет-трикa, што е уште еден факт кој потврудува дека Светски Првенства претставуваат фудбалска кулминација. Првиот хет-трик го постигнал Aмериканецот Берт Пејтенауд на првото светско првенство во 1930, а последниот хет трик е дело на Pортугалецот Паулета, пред осум години во натпреварот против Полска. Пејтенауд постигнал три гола во победата на САД против Парагвај со 3:0 во jуни 1930 година. Два дена подоцна во натпреварот помеѓу Аргентина и Мексико (6:3), хет-трик остварил и Aргентинецот Гиљермо Стабиле.
Најбрз хет-трик е тој на Унгарецот Ласло Киш, во 1982 година во дуелот против Салвадор постигнал три гола во само седум минути. Првиот гол бил во 70 минута, вториот во 74, а третиот во 77. Интересно е што Киш во игра влегол во 55 минута, со што тој е и единствениот играч кој почнал од клупа, а направил хет-трик.
Единствениот хет-трик пак на финале е дело на Англичанецот Џоф Харст, кој постигнал три гола на Вембли во 1966 година при победата од 4:2 на Англија против Германија. За неговиот втор, а трет за Англија, гол се уште има сомневања дали топката ја поминала гол линијата.
Габриел Батистута е засега единствениот играч кој забележал хет-трик на две последователни Светски Првенства. Тоа му успеало во 1994 година и во 1998. Интересно е што и двата натпревари се играни на 21 јуни - прво им дал три гола на Грците (4:0), а четири години подоцна и на репрезентацијата на Јамајка (5:0).
Со по два хет-трика на едно СП се и Унгарецот Шандор Кочиш против Северна Кореја и Германија во 1954 година, Французинот Жаст Фонтејн четири години подоцна против Парагвај и Германија и Герд Милер на Светското Првенство во 1970 година против Бугарија и Перу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom